07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ни беше кога живеевме без телевизор. Тој период работев во

телевизија, и тоа беше најголемата иронија, :) но цела година

живеевме без ТВ-приемник дома. Ѓаволска кутија! Ја отвораш

и цело светско зло ти се истура пред тебе во дневната соба.

Сепак, да не бидам игнорантна кон вестите (а богами и кон

повикот од партнерот), станувам од своето пишувачко царство

и одам набрзина да ги слушнам првите, ударни наслови

во вестите. ШОК! Си-ен-ен (CNN) трешти во хистерија! 50

мртви во Орландо, САД. Уште толку повредени во масовното

убиство што се случило во ноќниот клуб „Пулс“. Новинарите

и медиумите тријат прсти, паднати во сензационалистички

транс, па пробувам да ги филтрирам вистините од морето

информации. Ова сигурно е терористички напад помислувам,

за секунда потоа да ја слушнам веста дека жртвите се дел од

ЛГБТ-популацијата и дека се работи за масакр во геј-клуб.

Ако не е ИСИС зад ова, тогаш е хомофобичен тероризам во

прашање, сеедно. Во секој случај се работи за патолошка

омраза, фрустрација и лудачка агресија. Светот од ова ќе

направи нова терористичка закана, а во суштината коренот

на проблемот е во историски пренесуваната и континуирано

поттикнуваната нетрпеливост и омраза кон Другиот! И кога

велам Другиот, не мислам на „Другото“ како alter ego (второ јас),

туку на секој што е поинаков од нас по разна основа – расна,

етничка, национална, религиска, родова, сексуална... Како ли да

излеземе од кругот на омраза? Во 21 век сме, а сè уште до мене

допираат гласови полни со предрасуди што не ги оправдуваат,

ниту толерираат, а уште помалку ги прифаќаат различните

од нас. Како што во античко време, кога сите оние што имале

поинаква етничка припадност и зборувале поинаков јазик од

грчкиот биле именувани како „варвари“ (barbarophonoi) или

тоа биле оние што „брборат“, односно зборуваат неразбирливи

јазици, така ден-денес, за жал, различните ги сметаме за

туѓинци. И во ова оро на туѓинци влегуваат мигрантите,

азилантите, луѓето со темна кожа, хомосексуалците итн., сите

малцински групи што се дискриминирани на секој чекор. Од

погледите попреку и невкусните шеги за нив, до стравот во

којшто секојдневно живеат и сериозното кршење на човековите

права. И ова не е само адвокатура на хартија туку се сетив и на

интимната исповед на двајца мои геј-пријатели кои пред некое

време ми кажаа дека во зградата во којашто живеат во Скопје

(се работи за пар со исклучително културни манири) соседите

речиси и да не ги поздравуваат, со тоа покажувајќи им дека

не се добредојдени. Се прашувам како би се чувствувала јас

секој ден од дома да излегувам со чувство на вина и срам само

поради тоа што сум поразлична?! Сите тие погледи на прекор

и закани, сите тие психолошки тортури... Живот под маска. Но,

хомосексуалноста не е болест! Дури и во животинскиот свет, сè

почести се истражувањата што докажуваат геј-парови. Месецов

прочитав дека во Македонија живее најгустата популација на

„геј-желки“. Ова откритие го направило интернационален тим на

истражувачи кои изминативе седум години правеле испитувања

на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Нејсе,

податоков го пишувам за најголемите скептици. Хомофобијата

во општеството е причина за насилство, а секое насилство е

еден вид тероризам. Можеби не од оној тип на тероризам хранет

од религискиот фанатизам или, пак, со географска маркичка за

нафтени ресурси и богатства, ами тероризам на духот!

Нема да продолжам во стилот на медиумските, некрофилски

анализи за жртвите на страшниот масакр во Орландо,

но најостро ќе го осудам овој чин. Секоја предрасуда,

стереотипизирање, дискриминација и нетолеранција кон

различноста е потенцијално жариште за омраза, а омразата

раѓа насилство! И додека да излезе новиов, јулски број на

„Портрет“, темава можеби нема да биде веќе толку актуелна

како деновиве кога ја пишувам колумната, но некои работи не

смеат да останат премолчени. А темава е всушност и поширока

од конкретната ЛГБТ-трагедија и влегува во нашите срца полни

со омраза. Внимавав да не заглавам во евтиниот, да не речам

„шитнат“ сензационализам на медиумите, ала „шок пристап“,

кога се работи за известување за теми од црна хроника, при

што несвесно се прави секундарна виктимизација на жртвите,

без никаква етичка дилема. Сепак, не успеав целосно да се

дистанцирам од болката на семејствата кои ги изгубија своите

најблиски заради лудилото на еден радикализиран хомофоб,

задоен од млекото на екстремизмот. И сè додека другоста ни

боде очи, сè дотогаш ќе гледаме непријатели во секој што е

поразличен од нас.

А за тоа како навистина гледаме на другите, показател е и

нашиот незаинтересиран однос додека лежиме на песочна

плажа на море, а крај нас минуваат Африканци кои продаваат

марами, шапки и крофни, по некое летно парче облека или

накит од слонова коска, пешачејќи по десет километри дневно

на 40 Целзиусови степени за парче леб и гола егзистенција. Не

треба многу за некому да му помогнеме и да му подадеме рака.

Оправдувањата ќе бидат секогаш тука, но шансите нема! Овој

наш свет на бели луѓе направил многу црнила низ историјата

– колонизација, сиромаштија и војни. Светот на белите, хетеромажи

е свет на доминација, а доминацијата легитимира

насилство. Се надевам дека во новиов милениум ќе научиме

да ги почитуваме различните и маргинализираните... сите што

на прва ни изгледаат туѓи од нашите светогледи. Секој ден

одново учам дека во различноста е убавината. Само така ќе го

затвориме кругот на омразата!

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!