You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Портрет на уредникот

Биди ми другар

Имам една особина на која сум посебно горда, никогаш немам

компетитивна природа или нетрпеливост без причина кон друга

жена. Напротив, не пропуштам можност да доделам комплимент, кога сметам

дека некој го заслужува. Низ моето растење и созревање, многу жени ми

помогнале на различни начини. Жени од Холивуд, жени од моето секојдневие,

славни и неславни. На пример, во раната младост ја обожував Сиена Милер.

Не знам дали бидејќи се идентификував со неа (плава и слаба :) ) или зашто

навистина отскокнуваше, модно освестена и своја, ама многу ја сакав. За

секој проблем што го имав, се прашував како таа би постапила, го мразев Џад

Лоу кога ја изневери, едноставно таа беше мојата другарка од Лондон, само

што требаше некој да ѝ каже дека сме другарки.

Сум имала многу такви, најразлични фази. Едно време, кога се омажив, ја

сакав Џеки Кенеди. Колку само достоинствено ги шетала стотиците костими

од Шанел и колку филмски ѝ стоеле сите очила за сонце. Посебно ѝ се

восхитував што во секоја пригода изгледала како: „Мерилин која?“

Сите тие мои холивудски и не толку гламурозни другарки се со мене во

добро и лошо. Последниве години се сѐ помалку славни и познати. Жени,

мајки, другарки, познајнички, со една заедничка карактеристика. Сите си го

живеат својот живот, си ја водат својата борба, си го одат својот пат, мирно

и спокојно, без злоба, со многу љубов и убав збор за секого. Со своите

проблеми се носат најдостоинствено и притоа изгледаат совршено. Нивниот

изглед е нивна заслуга, зашто се сакаат себеси и зашто не пропуштаат да се

надградат на кое било поле.

Затоа посебно ме радува тоа што нашата јулска насловна страница ја краси

токму таква жена. Прекрасната Надица Георгиева е многу повеќе од една од

најубавите Македонки. Нејзината стабилност, мирот и спокојот што зрачат од

секој нејзин чекор се одлика на години работа на себе и исклучителна лична

сила.

Ме радува и што запознав еден татко, кој секогаш е тука за својот син,

подготвен да го фати пред да падне, да блеска од гордост при секој негов

напредок, да го гледа додека другарува во кафуле тргнат настрана со

очи полни љубов. Се идентификував со борбата на Ивица Шкрињариќ

со состојбата на неговиот син Дино, не само зашто сум родител и исто

мислам дека не постои работа што не би ја направила за да му помогнам на

своето дете, туку зашто Дино е доказ дека само љубов и добрина создаваат

квалитетни луѓе.

И овој број на страниците на „Портрет“ ќе најдете многу инспиративни

приказни. Можеби во некоја ќе се пронајдете и вие. Можеби нечија победа

ќе ја доживеете како своја, некој личен пораз ќе го препознаете во нечии

зборови. Зашто сѐ е многу полесно кога имаш другар. Па, макар и од Холивуд.

Ружица Антиќ

Илустрација: Жарко Чулиќ