07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Мисли здрави мисли

влијае врз објективната евалуација на терапевтскиот ефект.

Несомнено е дека статистички задоволителен број студии

ја потврдиле ефикасноста на поединечни компоненти

изолирани од канабисот со најголема потентност како

тетрахидроканабинолот (ТХЦ) за најразлични медицински

цели во различни концентрации, меѓутоа тоа не е случај

со канабисот како целина. Разните видови компоненти во

состав на канабисот се дел од научни истражувања што се

спроведуваат континуирано со забрзан интензитет со цел

да се добие колку што е можно појасна слика за неговата

ефикасност. Најголем акцент кога станува збор за процесот

на легализација се става на контролата и минимизирање на

можноста од појава на зависност при употреба на канабисот,

односно препаратите од канабис.“

ОЛЕСНУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА БОЛЕСТА

Законската регулатива со која строго ќе бидат пропишани

условите за добивање, дистрибуција и примена на

препаратите од канабис, ќе овозможи многу поголема

контрола на препаратите што се земаат за соодветни

индикации, составот, дозирањето, а со тоа и минимизација

на сите негативни ефекти од нивна употреба, но пред сè

обезбедување на посакуван квалитет.

„Пациентите отсекогаш наоѓале начин како да се

снабдат со овие препарати, и покрај фактот дека ваквите

дејства се косеа, барем досега, со начелата и законите

на Македонија. Особено загрижувачки е фактот дека

препаратите нелегално се внесуваат во државата, со

сомнителен квалитет, додека нивната употреба не е следена

од квалификувани здравствени работници. Со ваквиот

пристап ризикот по животот на пациентот е многу поголем

отколку здравствената придобивка. Познати се и изолирани

околу 70 видови канабиноиди како активни компоненти од

канабисот (Cannabis sativa), при што тетрахидроканабинолот

е компонента одговорна за најголемиот дел од биолошките

ефекти што се истражувани и потврдени. Најпроучуван

и најпознат палијативен ефект на ТХЦ е инхибиција или

намалување на мачнината и повраќањето, што се јавуваат

во текот на хемотерапијата. Ваквиот ефект на канабисот

е потврден преку многубројни клинички студии. За овие

пациенти и пациентите заболени од сида, ТХЦ дополнително

покажал и исклучителна ефикасност во насока на

намалување на болката и зголемување на апетитот, што е

особено важно при менаџирање на ваквите состојби. Една

од индикациите за која маслото од канабис ќе се користи и

во нашата држава е антиконвулзивниот ефект што го дава

ТХЦ преку релаксација на мускулите заради што теоретски

и клинички е оправдана неговата употреба во терапија на

мултиплекс склероза и епилепсија“, објаснува Николовска.

Таа дополнува дека постојат студии во кои е разгледуван

ефектот на канабисот во третман на глауком, при што се

покажало дека ТХЦ може да го намали интраокуларниот

притисок и да ја подобри циркулацијата во окото, а воедно

неговиот невропротективен ефект да обезбеди заштита

на ретината и на оптичкиот нерв. Познати се и основани

податоци дека ТХЦ може да даде добра контролирана

бронходилатација во третман на астма, меѓутоа сè уште не

постојат доволно студии со кои ќе се оправда употреба на

препаратите од канабис за оваа индикација.

„Индикациите за кои препаратот од канабис е одобрен и за

кои се претпоставува дека може да дејствува се генерално

во насока на симптоматски третман, односно олеснување

на симптомите како болка, мускулна ригидност, конвулзии,

намален апетит и слично. Сè уште не постојат официјални

докази од релевантни научни трудови дека канабисот може

да се користи како терапевтски агенс, но со сигурност е

потврдена неговата употреба во симптоматска терапија на

голем број заболувања“, вели Николовска.

Со оглед на тоа што станува збор за растение со психотропни

својства, можност од појава на зависност и појава на

несакани ефекти потребна е висока контрола при неговото

препишување. Поради тие причини Министерството

за здравство, во Законот за контрола на опојни дроги

и психотропни супстанции, посочи дека тие ќе бидат

препишувани од здравствени лица, специјалисти и ќе бидат

издавани низ аптеките со строга регулатива, како и за сите

другите опојни супстанции.

ВАЖНОСТ ОД ЕДУКАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Поради фактот дека легализацијата на канабисот е новитет

во нашата држава, од голема важност е да се спроведе

соодветна едукација и за медицинскиот персонал и за

пациентите од страна на стручни лица со интернационално

искуство од областа. Правилната едукација и придржувањето

кон прописите за производство, издавање и употреба на

медицинските препарати на основа на канабис, ќе овозможи

безбедна, правилна и ефикасна употреба на препаратите

од страна на пациентите, а со тоа и постигнување на

посакуваната здравствена придобивка.

„Поради специфичноста на целиот процес, од фаза на

одгледување на канабисот во строго контролирани услови

пропишани според законот, до фаза на контролирана берба,

обработка и производство на препарати од канабис, од

особено значење е потребата да се детерминира постапка

според која успешно ќе се изолираат активните супстанции

од интерес и ќе се произведат препарати што ќе бидат

стандардизирани во поглед на квалитет и содржина на

активна компонента“, вели Николовска.

Обезбедувањето препарати со декларирана содржина ќе

обезбеди услови за правилно дозирање и постигнување

на посакуваниот резултат. Фармацевтските компании

што ќе добијат одобрување за производство и обработка

на канабисот, се должни прописно да ги следат сите

поединечни фази од процесот, со висококвалификуван

кадар и строга контрола.

„Во овој момент, со законските измени за 2016 година,

Агенцијата за лекови одобри дозвола за увоз на суровината

и лиценца на една македонска фармацевтска компанија, што

ќе го произведува екстрактот. Постои интерес и од други

фармацевтски компании да се вклучат во овој процес со што

ќе се локализира производството на препаратите од канабис

на територијата на Македонија и со тоа ќе се обезбеди

максимална контрола“, завршува Николовска.

93

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!