07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Моја Борба

оставате самостојно да се дружи, а од друга секогаш да сте

во близина?

ИШ: На почеток одев секаде со него, јас сум задолжен за

ноќниот живот на Дино, сопругата за преку ден (се смее).

Тој сам пројави интерес и сам се запозна со членовите на

„Легијата“, а потоа почна да оди почесто и во кафулето

„Баду“ во Порта Влае. На почеток јас седев со него, се

разбира по настрана, иако беше малку незгодно за мене

како пазач. Меѓутоа, сега е веќе друга ситуација, ја знаеме

околината, прифатен е од сите со кои се дружи и може

да остане сам со нив. Стравот е од искуството набиено од

претходно дека не го прифаќаа, имаше еден куп ситуации

во кои гледавме негодување кон него. Се случувало дури и

во продавница некој ако не види дека е со нас да му упати

некаков неубав коментар. Сега го оставаме веќе сам, бидејќи

и тој сака така, а и сакаме да го осамостоиме, се трудиме

колку што можеме.

Дино сега има 21 година, каква поддршка добивавте во

текот на неговото растење од околината, вашите најблиски,

поголемиот круг на семејството? Како би го опишале во

кратки црти?

ИШ: Огромна поддршка имавме од блиските роднини, нашите

родители, блиските пријатели. Воопшто не забележавме

дистанцирање поради неговата состојба и тоа ни помогна да

издржиме во сите ситуации. Ќерката, која е постара од Дино,

покажа голема грижа, голема помош, постојана дружба

со него, а го прифатија и нејзините другарки. Таа сега е

омажена, Дино има и две и полгодишен внук, кој го чува и

веќе го воведува во рапот. Покрај тоа, Дино е дружељубив

и комуникативен, дури и премногу (се смее). Тој не се лути и

не се кара, не дозволува повисок тон, спремен е на секакви

компромиси само за мир во куќа. Меѓутоа, не дозволува некој

да му се меша во тоа што е негово, за неговата пасија нема

компромис.

ДИНО Е ДРУЖЕЉУБИВ И КОМУНИКАТИВЕН, ДУРИ И

ПРЕМНОГУ. ТОЈ НЕ СЕ ЛУТИ И НЕ СЕ КАРА, НЕ ДОЗВОЛУВА

ПОВИСОК ТОН, СПРЕМЕН Е НА СЕКАКВИ КОМПРОМИСИ

САМО ЗА МИР ВО КУЌА. МЕЃУТОА, НЕ ДОЗВОЛУВА НЕКОЈ

ДА МУ СЕ МЕША ВО ТОА ШТО Е НЕГОВО, ЗА НЕГОВАТА

ПАСИЈА НЕМА КОМПРОМИС.

За крај, дали има нешто што би сакале да го посочите како

совет за родителите кои имаат деца со овој синдром и што

треба да се промени во државата, воопшто за децата со

попреченост во развојот?

ИШ: Мој совет е дека родителите не треба да се срамат од

тоа какви деца се децата со синдромот Вилијамс, какви

личности се, напротив треба да ги покажат. Всушност, треба

да им биде срам од тоа што се срамат од нив. Тие деца се

многу добри, имаат посебен поглед на светот, што е многу

почист од нашиот. Во однос на положбата во општеството,

сега сме ние тука, родителите со него, но што со тие деца

кога нас ќе нè нема? Најголемата болка за нас како родители

е токму тоа и поради тоа е потребна инклузија, можност за

борба, услови да можат сами да опстојуваат, општеството

да го регулира тоа и да им даде шанса. Скоро гледав

документарна емисија за група од шест до седум лица

во Хрватска со пречки во развојот, со разни синдроми и

состојби, на возраст над 40 години. Тоа беше како исповед

на тие лица за кои власта спровела проект и им обезбедила

куќа или стан сите заедно да живеат, со цел да се оспособат

за живеење сами. Сите тие беа останати без родители, кои

починале, и раскажуваа каква траума им било да живеат

сами. Во рамките на проектот сè правеа заедно и си помагаа

еден на друг. Иако кај нас има невладини организации

што се занимаваат со овие прашања, тоа треба да биде

поорганизирано, класифицирано по категории, да се работи

со секое дете или барем со неколку посебно, а не со сите во

иста средина, со исти активности, бидејќи и кај тие деца има

различен степен на попреченост во развојот.

СТРАВОТ Е ОД ИСКУСТВОТО НАБИЕНО ОД ПРЕТХОДНО

ДЕКА НЕ ГО ПРИФАЌАА, ИМАШЕ ЕДЕН КУП СИТУАЦИИ ВО

КОИ ГЛЕДАВМЕ НЕГОДУВАЊЕ КОН НЕГО. СЕ СЛУЧУВАЛО

ДУРИ И ВО ПРОДАВНИЦА НЕКОЈ АКО НE ВИДИ ДЕКА Е СО

НАС ДА МУ УПАТИ НЕКАКОВ НЕУБАВ КОМЕНТАР.

Дино, ти имаш голема љубов кон рап и хип-хоп музиката. Се

познаваш со речиси сите македонски рап-изведувачи. Како

влезе во светот на нашата рап-култура?

ДШ: Првата рап песна што ја слушнав беше „Ice, Ice Baby“,

потоа „Real Slim Shady“ и сфатив дека хип-хопот е моја

љубов. Така, почнaв да слушам и македонски рап, прво што

слушнав беше албум на Џака Накот и си реков дека морам

да влезам во хип-хоп светот, ако не влезам веднаш, после ќе

биде доцна, како велат – сега или никогаш.

Твојот прекар е Бесниот витез, преку кој те препознаваат

слушателите на Радио МОФ, каде што имаш своја емисија

еднаш во месецот со наслов „Хип-хоп манија“. Како се разви

идејата за емисијата и како се оствари, кои ти биле гости досега?

ДШ: Идејата за емисија за хип-хоп ми текна бидејќи на радио нема

многу такви емисии да се слушаат, а сакав да си креирам нешто

свое, да оставам белег. Прв гостин кој го скрши мразот беше Џака

Накот, потоа беше диџеј Ајри Скреч и момците од „Зад аголот“,

а како шлаг на тортата се „Легијата“. Сакав уметничко име кое ќе

ме изрази мене, препознатливо и што е лесно да се запамети и

затоа си реков: „Дино, време е да имаш прекар Бесниот витез“.

Имаш голем интерес и смисла за музика и си посебно надарен

за ритам. Веќе имаш и опрема за диџеј и учиш да го развиеш и

тој талент. Дали со текот на времето сакаш да те препознаваат

и како познат диџеј?

ДШ: Да, сега во моментов учам и за диџеј, имам опрема и во

иднина би сакал да настапам во „Баду“ и гости да ми бидат

Страјк, диџеј Славе, Гоце САФ и диџеј Чваре. Тие ми се идоли

заедно со дечките од „Легијата“, САФ, „Зад аголот“.

39

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!