07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Семеен портрет

Кога приказната трае

подолго од филмската лента

„Никој не напишал подобра романса од таа што ја живеевме

ние“, се зборовите на Лорин Бекол, понежната половина од

една од најромантичните двојки во историјата на Холивуд.

Другата половина е легендарниот Хемфри Богарт, а нивната

приказна е повозбудлива и подраматична од сите четири

филмови во кои глумеле заедно. Прашање на време е кога

таа ќе биде пренесена на филмското платно или, подобро,

вратена таму од каде што почнува сè. Всушност, „Парамаунт

пикчрс“ во својата архива чува своевиден мини-филм за оваа

двојка со етикета: „Филмска лента: Кога приказната станува

реалност“. Се работи за триминутно видео од нивната

интимна венчавка во Охајо, каде што Боги, за разлика од

вообичаените улоги во кои држи пиштол, овој пат држи нож

и ѝ помага на својата сопруга во сечењето на невестинската

торта, позбунет и пошармантен од кога било.

Кои се Хемфри Богарт и Лорин Бекол пред да станат тоа по

што ќе ги памети цел свет? Тој се раѓа на 25 декември 1889

година, како најстаро дете на успешен кардиолог и сликарка.

Израснува во семејство каде што, освен љубов и внимание,

не недостига ништо друго. Амбициозните планови на

родителите за кариерата на најстариот син пропаѓаат рано,

бидејќи Боги не покажува никаков интерес за училиштето.

На 18 години, предводен од љубовта кон морето, одлучува

да се приклучи на морнарицата. Втората голема љубов,

глумата, ја открива малку подоцна, кога по завршувањето

на војната почнува да работи во театар како помошник зад

сцената. Никогаш не посетувал часови по глума, но театарот

го возбудува и наскоро ја добива својата прва улога. Откако

ќе помине десет години, играјќи помали улоги во театарот

Бродвеј, доживува општа криза и, како многу други актери,

Богарт се упатува кон Холивуд. Првата значајна улога ја игра

Пишува: Џејлан Рустемоска

Портрет на љубовта на Хемфри Богарт и Лорин Бекол

во 1936 година во филмот „Скаменета шума“.

Додека Богарт си го пробива патот меѓу славните, во 1924

година се раѓа Бети Џоан Перски, многу попозната како

Лорин Бекол. За разлика од неговото, нејзиното семејство

е поскромно. Иако успева да се стекне со солидно

образование, нема доволно средства за да продолжи со

часови по глума и почнува да се занимава со манекенство.

Кога Лорин има 18 години во киносалите се прикажува

„Казабланка“, филмот што ќе го вивне Хемфри Богарт меѓу

ѕвездите и ќе му ја донесе толку посакуваната слава меѓу

актерите, а и меѓу жените. Патем, Лорин е една од ретките

која, гледајќи го филмот, не може да сфати што наоѓаат

толку неодоливо нејзините пријателки во главниот лик.

Ќе сфати две години подоцна. Благодарение на популарноста

на „Казабланка“, Хемфри Богарт ја добива главната улога во

84

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!