You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Семеен портрет

ОДГОВОРНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ

ПРИ ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

Растењето и воспитувањето на децата е една од

најубавите, но истовремено и една од најтешките

задачи на светот. Неретко, родителите се чувствуваат

неподготвени за таа важна задача, бидејќи се плашат од

грешки. Поради тоа, често се случува да се поставуваат на

начин што ним им се чини правилен, иако можеби за детето и

не претставува правилна насока во созревањето. Генерално,

во психолошката практика малку се зборува за грешки во

воспитувањето на децата. Повеќе се зборува за начини на

грижа, однесување, ставови и вредности што се пренесуваат

на децата, но сè повеќе се истакнува родителската

одговорност. На оваа тема поразговаравме со Вида

Гаврилоска, психолог, семеен и системски психотерапевт

од „Алтернатива“, институт за брак, семејство и системска

практикa, школа за семејна и системска психотерапија и

центар за едукација, психологија и советување.

СТИЛОВИ НА ВОСПИТУВАЊЕ

Гаврилоска објаснува дека ако се изостави кршењето

на основните детски права, како насилство, негрижа,

запоставување, што се многу повеќе од грешки, родителите

најчесто во однос на децата се поставуваат на авторитативен

(автократски), попустлив (занемарувачки) и демократски стил

на воспитување.

„Авторитативниот стил се одликува со висока когниција,

рационалност, строго одредени правила, додека

емоционалноста најчесто не се отсликува во секојдневните

ситуации и има помало влијание во донесувањето одлуки

за сметка на контролата. Децата повеќе се фокусирани

на контрола, правила, почит на сè она што е во состав на

семејните вредности, а помалку на емоционалните реакции.

Ваквиот стил на воспитување е најсоодветен кога децата

се на мала возраст. Попустливоста се одликува со крајно

флексибилни правила што може, што е дозволено, што е

добро, а што не е, и правилата траат многу кратко време.

’Строгото правило‘ од вчера, веќе утре не важи или едно

правило не важи за слични ситуации. Ваквиот воспитен

стил може да биде збунувачки особено за младите деца и

да придонесе за тешкотии во нивната социјална и семејна

адаптација. Карактеристично за ова воспитување е висока

емоционалност, а слаба контрола или слаба емоционалност

и слаба контрола. Најчесто, овој стил дозволува поголемо

влијание во воспитувањето на градинката, училиштето,

врсниците... Често се појавува и феноменот на родителство

преку две генерации, бабите и дедовците се родители на

своите внуци“, објаснува психологот.

Таа додава дека демократското воспитување се одликува

со добар баланс помеѓу емоционалноста и контролата, со

добро поставени правила што се во согласност со потребите

и на децата и на родителите и дозволуваат редефинирање и

промени.