07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

На „ти“ со

АЈ: За жал, ова е сериозен еколошки проблем за кој како да

нема доволно свесност од надлежните институции. Секоја

чест Илина за оваа еколошка битка. Што друго е Илина

помеѓу крајностите на активистка, експресивна ликовна

уметница и страсна алпинистка?

ИА: Хммм... има уште многу работи. Некојпат се сметам за

премногу растргната меѓу сите пасии, бидејќи сите спортови

што ме пленат, а тоа се од спортско качување на карпа до

скијање и екстремно планинарење на високите врвови,

бараат различни временски сезони и терен, па тоа повлекува

и многу патувања. Сакам и да сум дома понекогаш, да

зготвам нешто за пријателите, да се забавувам со добро

друштво и музика. Промотор сум на телемарк скијањето

на Балканот, а со невладината организација „ТАКТ“ со

моите истомисленички правиме напори да го промовираме

спортот меѓу жените. Последното е дел од акцискиот план

што го работев за време на Глобалната светска менторска

програма на Стејт департментот на САД во 2012 година под

покровителство и иницијатива на поранешната секретарка

Хилари Клинтон.

СО МОИТЕ ИСТОМИСЛЕНИЧКИ ПРАВИМЕ НАПОРИ ДА ГО

ПРОМОВИРАМЕ СПОРТОТ МЕЃУ ЖЕНИТЕ. ПОСЛЕДНОТО

Е ДЕЛ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН ШТО ГО РАБОТЕВ ВО САД

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО И ИНИЦИЈАТИВА НА ХИЛАРИ

КЛИНТОН.

АЈ: Што значи да се биде жена на врвот? :)

ИА: Процентуално на Сагармата (Еверест) значи помалку

од 10% во светот. Овие спортови се значително помалку

застапени од понежниот пол. Интересен момент е што на

Еверест во 2013 година се искачивме во иста сезона: прва

Македонка, прва Португалка, прва Арапка и две близначки

од Индија. Португалката по некое време ме праша: „Како

е животот по Еверест?“ Ѝ одговорив: „Исто како и пред

него“ (се смее). Во различни земји девојките кои го искачија

врвот на светот таа година добиja различен третман.

Најдобро помина Пакистанката, Самина, која на аеродром

беше дочекана од премиерот на државата и комплетно

спонзорство за комплетирање на планинарскиот предизвик

„7 самитс“ (искачување на највисоките врвови на сите

континенти). За мене, најголема награда е кога преку моите

презентации ќе успеам да ја мотивирам околината, особено

дамите кои се активни во овие спортови.

АЈ: Минативе години ги искачи и ги освои и врвовите

Матерхорн (4.587 метри, Европа), Ама Даблам (6.856 метри,

Азија) и Аконкагва (6.963 метри, Јужна Америка). Со какво

разбирање за себе и за сè околу тебе се враќаш по таквите

храбри авантури и патешествија?

ИА: Секое патешествие е како еден нов факултет или, да

речеме, „лектира“ во мојот живот. Мозокот работи на разни

теми: од анализирање на сопствениот порив, страв, возбуда,

адреналин, до социјалните и културни разлики во локалната

средина кои нè надградуваат како луѓе.

ТЕАТАРОТ И ПРИВАТНОСТА НЕ МОЖАТ СОСЕМА ДА СЕ ОДДЕЛАТ.

И ЗА ДВЕТЕ Е ПОТРЕБНА ИСТАТА ДУША.

АЈ: Верувам дека човек си е доволен на себе, таму горе

поблиску до сонцето, над цивилизациското сивило и

лицемерство, каде што најгласен дијалог е дијалогот со

себе, внатре во себе, а сепaк, кој најмногу ти недостига при

самотијата на планинарењето? Какви мисли ти поминуваат

низ глава на чекор до небото, слободата и бескрајот?

ИА: Во тие мигови ми се случува пресврт на целиот живот

и сите луѓе во него, особено најблиските. Тие што мислат

на мене, загрижени, а отсечени од комуникација со мене и

по неколку недели или месеци. Но, интересен е мигот кога

знаеш дека го имаш врвот! Тоа е најчесто последната голема

стрмнина или гребен од каде што ништо веќе не те двои од

16

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!