07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Јин-Јанг

БРАНКА КОСТИЌ - МАРКОВИЌ - МУЗИЧКА НОВИНАРКА

НОВИНАРСТВОТО ДЕНЕС

Е ЕНДЕМСКИ ВИД

Македонија ја живее ерата на шизики, а

не на шизици!

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Телевизијата е кутија за...

БКМ: Телевизијата кај нас е кутија доминантно полна со евтина,

но опасна забава, политиканство и продажба на лоша стока.

АЈ: Новинарството денес...

БКМ: Новинарството денес е ендемски вид! Главниот збор го

имаат сензационалистите, скандал-мејкерите и профитерите.

Затоа, пред сите вести треба да се емитува знакот на

предупредување „НЕ е соодветно за гледање за сите возрасти“.

АЈ: Јазикот е бариера за...

БКМ: Јазикот е бариера за сите, но не толкава како религијата и

предрасудите по многу основи.

АЈ: Турбо-фолк е?

БКМ: Турбо-фолк е она што Рамбо Амадеус го дефинираше на крајот

на осумдесеттите години со хируршки прецизна дефиниција: „Турбофолкот

не е музика, турбо-фолкот е какофонија од сите мириси и

вкусови врзани во еден звучен провев што има задача да ги задоволи

најшироките вкусови и најниските страсти“.

АЈ: Најдобар уметнички бренд ни се?

БКМ: Симон Трпчески, Гоце Смилески, Ана Дурловски, Благој

Нацоски и уште неколку други, главно вокални уметници.

АЈ: „Храброста е она што те претвора од набљудувач во учесник“,

Умберто Еко. Храбри мораме да бидеме за?...

БКМ: Мораме да бидеме храбри за да го смениме светот. Само

така можеме да очекуваме подобра иднина и да им погледнеме во

очи на идните генерации. Во спротивно, ќе го спуштаме погледот

и ќе се срамиме пред сопствените деца. Немото набљудување е

„најлузерската“ човекова позиција. Сенека бил во право кога рекол

дека само храбрите се слободни.

АЈ: Летото го користам за?...

БКМ: Летото го користам за уживање во сончевите зраци. Кога е

сончево, сè е поинаку. Грдото е поприфатливо, убавото е двојно

поубаво. Јас сум непоправлив естет и хроничен зависник од

убавината.

АЈ: Да не бев новинарка ќе бев...

БКМ: Да не бев новинарка ќе бев музички публицист, научник,

хроничар на музичките текови, утопист, филантроп. А многу

веројатно и ликовен уметник и писател.

АЈ: Природен дијазепам ми се...

БКМ: Природен дијазепам ми се моите три величествени М – музиката

(мојата професија), Младен (мојот сопруг) и Марко (мојот син).

АЈ: На кој македонски политичар најдобро би му стоеле мустаќите

на Салвадор Дали?

БКМ: За жал, немаме таков шизик во моментов. Македонија сега ја

живее ерата на шизики, а не на шизици! :)

АЈ: Која книга би ја читала повеќе од еднаш?

БКМ: „Пијанистот“ (во оригиналот, а и во македонскиот превод

„Новеченто“) на Алесандро Барико, автор кој е и самиот пијанист и

музички критичар. Маестрално.

АЈ: Кое филмско сценарио најдобро ја отсликува земјава?

БКМ: Тоа би бил еден омнибус од: „Смешната страна на историјата“

од Мел Брукс, „Кум 3“ на Франсис Форд Копола и компилација од

неколку антологиски скечови на монтипајтоновиот летачки циркус,

што за жал се реални сцени од нашиот општествен живот.

АЈ: А музичко дело?

БКМ: Последната „необарокна“ или „неопатриотска“ песна на

македонскиот самонаречен „рок-пророк“ Канго, со наслов „Аманет“,

а субвенционирана од Министерството за култура на Република

Македонија.

АЈ: Сакам да патувам во...

БКМ: Сакам да патувам во Италија. Не џабе се вели: Bella Italia.

АЈ: Кој графит би го напишала во центарот на Скопје?

БКМ: Скопје моли „Не силувај ме, ме боли“, но со големо задоволство

и крајно утопистички би напишала и „Градот убав, пак ќе никне“.

124

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!