Wonder Womеn Што според вас е досега постигнато за развој на ромската заедница во Македонија? Од аспект на домување, на пример, многу малку, но од аспект на образование, многу повеќе. Проблемите на Ромите не се од вчера, туку се насобрани со текот на времето. Предрасудите и стереотипите се врежани во општеството, а тоа ја отежнува интеграцијата на ромската заедница. Индиректната дискриминација исто така е присутна. Има граѓани-Роми без документација, без домови, без работа, неквалификувани за пазарот на трудот. На пример, ако треба да се реши некој проблем кај ромската заедница, веднаш се бараат донатори, се пишува проект, се носат стратегии без буџетски ставки... Ако, пак, станува збор за друга заедница, тогаш се пристапува до локалните буџети, буџетите на министерствата... Тука лежи проблемот, што со години ја кочи правилната интеграција на Ромите. Македонија покажа дека Роми можат да бидат носители на државни функции, се носеа добри политики и практики, но секогаш може подобро! Тоа што недостига се јасно дефинирани и долгорочни политики, програми и буџетски ставки. Македонија во однос на решавање на проблемите кај Ромите е пред другите држави во Европа, но недостигот на ефективни политики е евидентен. Многу пари се вложени, но недостига мониторинг на тоа каде и на што се трошат парите наменети за подобрување на состојбата кај Ромите. неформална мрежа во северноисточна Македонија, но успеавме да ја издигнеме организацијата до степен на завидно национално и меѓународно ниво. Во поглед на степенот на образование кај Ромите, колку според вас е сменета состојбата последниве години? Има обиди за интеграција, што сè уште не се завршени. Инклузијата не е сет на документи, стратегии и планови, сместување на Ромите во македонско маало или обратно, туку се базира на развивање на чувството на припадност, во група пријатели, заедница, училиште, соседство... Општествените и социјалните поделби се мошне длабоки меѓу луѓето кои живеат во Македонија, во последно време, и тоа чувство на припадност е анулирано на фракции, на наши и ваши, а социјалните вредности се губат. Кога зборуваме за зголемување на степенот на образование кај ромската заедница се бележи напредок, има повеќе запишани, но и дипломирани студенти. Во 2007 година имавме три студенти во организацијата, сега имаме над дваесетина. ПРОБЛЕМИТЕ КАЈ МЛАДИОТ ЧОВЕК СЕ ИСТИ, БЕЗ РАЗЛИКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПРИПАДНОСТ. УСЛОВИТЕ И КОНТЕКСТИТЕ ГИ ПРАВАТ РАЗЛИКИТЕ. КОГА МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ПОРАСНЕ САКАМ ДА СЕ ЧУВСТВУВА ЕДНАКВО И РАМНОПРАВНО КАКО КОЈ БИЛО ДРУГ ГРАЃАНИН НА ДРЖАВАТА, А НЕ КАКО ГРАЃАНИН ОД ВТОР РЕД. Вие сте мајка на тригодишна ќерка, а наскоро ќе добиете и второ дете. Сепак, вие сте и жена од ромска националност која сака да помага, да направи промени за подобра инклузија на Ромите во Македонија. Дали вие лично во вашиот развој, во текот на вашето образование или кариера сте се соочиле со некоја непријатна ситуација поради вашата националност? Во текот на моето образование не паметам дискриминација, но пред извесно време, кога повторно се обидов да побарам вработување во државна администрација, добив одговор дека треба да чекам кога ќе биде објавен конкурс по Рамковен договор. Тогаш се почувствував мизерно и безвредно и добив чувство дека моето образование и искуство не вредат ништо, туку дека е важна мојата националност. За подобра инклузија на Ромите сè уште треба да се работи, треба да се развие чувството за припадност, дека сите сме граѓани на Македонија, тука сме родени и живееме и треба да бидеме еднакви. Кога моето дете ќе порасне сакам да се чувствува еднакво и рамноправно како кој било друг граѓанин на државата, а не како граѓанин од втор ред. Најголема поддршка во работата добивам од сопругот и семејството, а како најголем успех го сметам тоа што почнавме како Со какви проблеми најчесто се соочуваат младите Роми во Македонија? Проблемите кај младиот човек се исти, без разлика на националната припадност. Условите и контекстите ги прават разликите. Ако имаме вработување како проблем, тогаш и младиот Ром ќе го има истиот проблем, само што тој ќе се соочува и со дискриминација од страна на работодавците, главно заради стереотипите и предрасудите во општеството. Ако зборуваме за подобрување на младинскиот стандард, тогаш и младите Роми ќе сакаат подобрување, само што во нивните населби немаат асфалтирани улици или канализација. Случаи на дискриминација имало отсекогаш во нашата држава, почнувајќи од недозволен влез во кафебар или базен, па сè до профилирање на граничните служби и враќање на Ромите од граничните премини. Интересно е што таквата дискриминација е индиректна, повикувајќи се на правила што треба да важат за сите, а се применуваат само на една група. Секако, морам да наспоменам и дека сите очекуваат од ромскиот невладин сектор да ги реши сите проблеми преку ноќ, но немаме магично стапче. Каков совет им давате на тие што доаѓаат во вашата организација со оглед на вашето искуство во оваа област? Мотото на организацијата е „Не гледај отстрана – учествувај“! Но, обично им велам да бидат истрајни и да веруваат во своите соништа, особено на младите ромски девојки! 26
Портрет поддржува македонска уметност „ПРЕСКОК IV“ ЖАРКО БАШЕСКИ 27