ВКУСОТ НА ГРАДОТ Подгответе се за вкусен градски водич! Моника Потер ви препорачува вкусни оброци од локалите низ градот. Бидете спремни за уживање без грижа на совест! ПЕЛИСТЕР - КУРИОЗА Подготвена во фурна на дрва, по традиционален италијански рецепт со Semolina брашно. Куриоза го спојува најдоброто од Италија - пелат, моцарела, пршут, рукола и пармезан. Пелистер е едно од ретките места во градот, каде храната е со постојан квалитет. Која пица и да ја порачате нема да погрешите :) ЛЕОНЕ - СУПЕР ЛЕОНЕ Прилепска пицерија, во центарот на Скопје. Специјалитетот на куќата, најкалорична и со најмногу состојки од сите пици. Подеднакво вкусна и печена на дрва. Пелат, кашкавал, печурки, врат, павлака, чајна, маслинки и оригано е калоричната бомба по име Супер Леоне. Имаат прилично голем избор на пици, верувам дека секој ќе си го најде фаворитот :) CARPE DIEM - FINE WINE & DINE - QUATTRO FORMAGGI Од мирисот на лукче и крцкава кора со нота на оригано, до совршениот спој на 4 сирења - моцарела, пекорино, сино сирење и ајдамер. Quattro Formaggi е вистинско уживање за секој љубител на пица, а пријатниот амбиент и одличната услуга во Carpe Diem го прави ова искуство незаборавно. БАЛИЛА - КАПРИЧИОЗА Балила е една од најстарите пицерии во градот. Ретко кој не пробал пица овде, но доколку сте вие еден од тие - топло ви препорачувам да пробате капричиоза. Подготвена со пелат, шунка, кашкавал и печурки. Секогаш нагласувајте дека сакате свежи печурки, бидејќи користат маринирани. Ако сте презаситени од класична капричоза, предлагам да нарачате Калцоне, крцкаво потпечена и крунисана со сусам (како додаток). 98 ЕНРИКО - КУЛЕН Македонскиот твист на најпопуларната пица во Америка - Pepperoni, со пелат, кулен, ајдамер, маслинки и оригано. Вкусот на оваа пица најдобро е доловен во Енрико, а специфичната форма на тесто ја прави поразлична од сите останати пицерии. Но и покрај добрата италијанска храна, Енрико константно потфрла на услуга и љубезност. Ви благодарам за сите предлози кои ми ги испративте. Во јануарскиот број ќе ви откријам каде да пробате дел од најдобрите десерти во градот. До тогаш се читаме на мојот инстаграм профил @monikapotter или на info@monikapotter.mk
Ви посакуваме топли празнични денови, весели разговори, грст меѓусебна љубов и слатки SUNDAY моменти! www.sunday.mk