07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ПОТЕКЛО И ПРИНЦИПИ НА ДИЕТАТА

Првиот принцип на хроно-исхрана ја има осмислено доктор Ален Делабоа, француски

нутриционист од осумдесеттите години на минатиот век, што се заснова на почитување на

законитостите на природниот ритам на лачење на хормоните и ензимите во организмот. Некои

ензими се излачуваат наутро, некои напладне, трети навечер, што значи дека одделни продукти

спонтано лесно се варат во одреден дел од денот, па тогаш треба и да се јадат. Американската

докторка Ана Гифинг ја приспособила програмата на Делабоа и со многу промени дошла до своја

лична програма што почнала да ја применува врз своите пациенти од 2005 година, а официјално

е регистрирана и патентирана во 2009 година. Оваа програма е единствена по тоа што им помага

на луѓето да дојдат до идеалната тежина, а со тоа и да си го подобрат сопственото здравје.

Предност на програмата на хроно-исхраната е во тоа што никогаш не се јавува таканаречениот

„јо-јо“ ефект (губење-враќање на тежината), а метаболните нарушувања трајно се решаваат.

ШТО ПОДРАЗБИРА ЕДЕН ХРОНО-ДЕН?

Првата фаза од програмата на исхрана е таканаречениот рестриктивен режим што трае 28 дена

и подразбира неконсумирање на брзи (прости) шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт

шеќер, вештачки засладувачи... како и на алкохолни пијалаци што содржат висока концентрација

на алкохол. По спроведување на рестриктивниот режим, одредени продукти постепено се

вклучуваат во исхраната.

Појадокот треба да биде обилен и пожелно е да има јаглехидрат, на пример леб, според

принципите на хроно-исхраната, путер, некое месо или јајца и салата. Во никој случај не е добро

да се биде гладен до ручекот, па затоа е пожелно појадокот да биде обилен, затоа што треба да

се издржи 5,5 часа без храна, а грицкањето меѓу оброците е забрането.

Ручекот, пак, треба да биде разновиден. Еден оброк треба да се состои од месо, сиров или варен

зеленчук и задолжително салата по желба. Исто така, треба да се испие по една чаша вода,

половина час пред и по ручекот.

Вечерата треба да биде едноставна и лесна. Еден лесен протеин и некој зелен, бел или жолт

зеленчук. Тоа може да биде белка, бело месо, риба... За вечера не смее да се јаде ништо што е

црвен зеленчук, бидејќи тоа има поголем глихемиски индекс. Најдобар избор е еден протеин и

еден зеленчук. По вечерата, нека помине барем еден час, пред спиење.

СОВЕТИ ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

• Со цел да се утврди постојната здравствена состојба, во приватните клиники низ Македонија

можат да се направат неопходните дијагностички процедури, што вклучуваат и тест за

интолеранција на храна.

• Задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско

растојание од четири до шест часа меѓу нив. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (не

овошни).

• Препорачливо е секогаш да се подготвува домашна храна и да се избегнува мешање на

многу различни производи.

• Јаглехидратите се дозволени само за појадокот, додека за ручекот и вечерата се забранети,

а доколку се чувствувате сити, можете и сосема да ја прескокнете вечерата.

• За ужина помеѓу оброците, иако е препорачливо да се избегнува, може да биде едно суво

овошје, малку ореви, неколку маслинки, малку кикиритки, лажичка мед или 30 грама црна

чоколада со 70 проценти какао.

• Треба да се избегнуваат конзервирани производи и производи на кои не им го знаете

потеклото, замрзнати и со многу конзерванси. Хроно-рецептите можете да ги најдете на

интернет-страниците или во посебни книги за готвење на хроно-начин во книжарниците низ

земјава.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!