19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

И во весниците одбравте деликатна тема – политика,

наспроти, така да кажам, порелаксирачките рубрики

забава, лајфстајл, живот, здравје или сл. Што беше

пресудно за ваквиот избор?

Па, мене ме интересира политиката, не во смисла дека

сакам да бидам активен учесник во неа, односно да бидам

политичар, меѓутоа во смисла на тоа дека како новинар

или како граѓанин, на крајот на краиштата, сакам да бидам

активен и ако можам да променам нешто, да го направам

тоа. Мислам дека како новинар имам поголема привилегија

од другите граѓани, ако ништо друго, барем да си го кажам

тоа што ме мачи, па некогаш навистина и да променам

некои работи. Инаку, моето влегување во политиката во

новинарството беше во 1989 година во „Вечер“ – тогаш

веќе се насетуваше распадот на Југославија, се насетуваше

распадот на комунизмот. Тогаш бев млад новинар, дојдов од

„Студентски збор“, така малку бунтовен и тогашниот главен

и одговорен уредник Златко Блајер веднаш ме фрли во

оган и ме задолжи да ја следам сојузната социјалистичка

младина на Југославија. Првото службено патување ми беше

во Порторож, Словенија, каде што се одржуваше конгрес

на младината на Словенија, потоа во Љубљана, а кај нас

почнав да ја следам Комунистичката партија на Македонија,

односно Сојузот на комунисти на Македонија и од почетокот

до денес сум политички новинар.

Што е клучно при третирањето на политичките теми? На

што треба да се биде особено внимателен, што треба да се

премолчи или да се ублажи, а кон

што да се биде бескомпромисен?

Најмногу водам сметка на

етичноста во новинарството. На

крајот на краиштата, ние не сме

силни со оружје, меѓутоа силни

сме со зборот, па можеме да

уништиме фамилии и бизниси

со нешто што ќе се објави, а можеби можело да се објави

на друг начин или да се допровери, така што мошне сум

внимателен во оваа смисла. Особено во Македонија, во

средина во којашто секој го знае секого и каде што сами

си ја наметнувате цензурата, понекогаш од сосема банални

причини. Секогаш се обидувам да го почитувам основното

правило во новинарството, а тоа е да се сослушаат двете

страни, значи независно дали пишувате за политика или

пишувате за естрада или за спорт, сеедно – нема сериозни

и несериозни теми има сериозно и несериозно новинарство.

Така што, секогаш се обидувам тоа да биде сериозно

новинарство. Ми се случило неколкупати да премолчам

некои работи или да го одложам објавувањето или да

објавам само дел од тоа, бидејќи сум пресметал дека може

да биде поголема штетата отколку тој еден ден слава.

Бескомпромисност мора да има во однос на точноста на

информациите, тие мораат да бидат проверени, мора да

има изјава, ако ја нема официјалната изјава мора да има

некаква заднина, односно барем неофицијална изјава од

проверен извор. Нема објавување без потврда – треба да

бидете сигурни кога ќе објавите нешто.

Цели 15 години бевте уредник на „Вест“, а бевте и еден од

неговите основачи. Од 2005 година „Вест“ беше најтиражен

весник што знаеше да шокира со насловните страници, да

отвори дебата, да засмее, па и да вцрви по некој образ со

КАКО НОВИНАР ИМАМ ПОГОЛЕМА

ПРИВИЛЕГИЈА ОД ДРУГИТЕ ГРАЃАНИ, АКО

НИШТО ДРУГО, БАРЕМ ДА СИ ГО КАЖАМ ТОА

ШТО МЕ МАЧИ, ПА НЕКОГАШ НАВИСТИНА И

ДА ПРОМЕНАМ НЕКОИ РАБОТИ

Superman

„Секси ќоше“ и „Зграпчи го денот“. Кој филтер на селекција

го правевте при изборот на содржините и, како внимававте

да не ја преминете онаа тенка, црвена граница по која

некако постојано „чекореше“ „Вест“?

„Вест“ беше онаков весник каков што сакав да го правам јас

или, подобро, весник каков што сакав да читам. И ден-денес,

при пишувањето се ставам себеси во улога на читател, а не

на новинар. Се прашувам за што би отворил, на пример,

веб-сајт, за што би купил весник, за што би свртил некој

телевизиски канал... Весникот беше таков каков што сум јас,

значи отворен, сакам да отворам теми што божем се сметаат

за табу-теми, сакам понекогаш и да скандализирам и сакав

да предизвикувам внимание со темите што ги отворавме.

Да биде интересно спакувано, да има убава насловна

страница, едноставно кога некој ќе отидеше на трафика

да даде 15 денари да не се чувствува измамено. Да има за

секого по нешто. И да, беше тешко да се оди по таа црвена

линија, многумина пробаа да одат по неа, меѓутоа завлегоа

во некои други води и отидоа дури и во таблоидизирање

на медиумот или вулгаризирање. Ние гледавме тоа да го

направиме на фин, на урбан начин, со малку хумор, со малку

провокација, меѓутоа секогаш имајќи на ум дека не треба да

се навреди никој – никој не смее да биде навреден од тоа

што го пишувате.

И не навредивте никој, немавте никакви жалби, тужби и

слично?

Сме имале, но не стануваше збор за нешто што ќе го загрозеше

опстанокот на весникот. Тоа биле

некакви лични несогласувања,

сме имале и смешни судски

процеси, сме докажувале, на

пример, на една манекенка дека

не е толку убава колку што таа

сметаше дека е убава, бидејќи

ние сме ја навредиле објавувајќи

фотографија што таа не ја бендисувала. Така што, сето

тоа беше во рамките, така да кажеме, на забавниот дел од

новинарството. Во „Вест“ се обидувавме, условно кажано,

сериозните теми да ги протнеме покрај нешто што е, условно

кажано, несериозна тема и мислам дека тоа го правевме

многу успешно.

По истекувањето на договорот со „Вест“, вие сте главен и

одговорен уредник, а воедно и сопственик на интернетстраницата

sdk.mk. Какви слободи во пишувањето,

критикувањето и коментирањето ви донесе тоа?

Па, сега сум слободен да пишувам што сакам, односно тоа

што го бара публиката, иако сѐ уште сум хендикепиран, сѐ

уште зборувам со речникот на печатен медиум, додека моите

колеги зборуваат за импресии, за кликови, за unique users

или не знам што, јас уште зборувам за читатели и тиражи. Не

се чувствувам сигурен во смисла на тоа дека кога зборувам

со ИТ-инженери околу веб-сајтот или околу ова што го

работиме сега, не ги разбирам што ми зборуваат. Минатата

година пред изборите се соочивме со четири кибернапади,

при коишто едноставно се чувствуваш немоќен, нешто се

случува, некаде во некој клауд и ти останува само да седиш и

да чекаш. За разлика од тоа, кога ќе се случеше да се расипе

машината во печатница, „палиш кола“, одиш до печатница и

гледаш таму дали се работи, што се работи, кога ќе се среди

проблемот, дали ќе се среди... така што, од тој аспект сѐ

31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!