19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Моја борба

дека нешто не е во ред со детето. Исто така, во втората

бременост многу се плашев од чинот на породувањето,

зашто имав многу болни спомени од сѐ што ми се случи.

Сепак, сѐ се заврши во најдобар ред и видов што значи да

доживееш веднаш да си го гушнеш бебето без огромен

стрес и страв.

Кај нас во последниве години предвремено и со

компликации се раѓаат седум-осум бебиња месечно.

Според вас, што е важно да знаат нивните родители?

Во Македонија има навистина огромен број на предвреме

родени деца, на кои им треба голема помош. Кога се најдов

во таа ситуација, кога се вративме во Македонија, не знаев

ни каде да ја носам мојата ќерка, ни каде да се обратам.

Мислам дека ни треба многу поголема организираност

за предвреме родените бебиња, почнувајќи од стручна

помош за мајките и семејствата, па до врвна нега за

бебињата. На пример, една од најболните работи ми беше

кога во болницата лежев со мајки на термински родени

бебиња и ним им ги носеа бебињата, по неколку пати на

ден, да си ги помилуваат и да бидат со нив. Не можам да

ви опишам како се чувствував, тие жени не ми беа виновни,

но мојата болка беше огромна. Затоа е многу важно од

почетокот пристапот кон ваквите случаи да биде многу

сериозен и темелен. Многу ми помогна и размената на

искуства со други родители, било да е на форуми или

од лични контакти. Верувам дека и мојов пример ќе му

помогне некому со сличен проблем, дека треба да се бори,

дека треба да негува само позитивна мисла. Имаше денови

кога ме фаќаа црни мисли, особено за нејзиното здравје,

но само со разговор и поддршка се чувствував подобро.

На сите родители кои се нашле во ваква ситуација би

сакала од мојот пример да им посочам една работа, а

тоа е постојано да веруваат во своето дете и во неговата

сила. Предвреме родените бебиња, иако мали, имаат

многу голема сила во себе и се вистински борци. Исто

морам да кажам, колку и да им звучи неизводливо, многу

е важно постојано да се позитивни и да избегнуваат црни

мисли. Да разговараат со мајки кои имаат слично искуство,

да не се затвораат во себе, мораат да ги споделуваат

тие силни емоции. И по толку години мене сè уште ми се

јавуваат родители кои имаат предвреме родени деца и ме

прашуваат за различни совети. Многу ми е мило што е така и

постојано им помагам, зашто знам колку им значи тоа. Исто

така, знам дека во нашиот случај сѐ сама барав и читав на

интернет, кој преглед да го направиме, вежби за развој и

слично. Истото што ми се случи мене пред осум години, го

преживеав повторно пред една година, со мојата сестра.

Буквално сѐ исто, како пресликано ѝ се случи и нејзе. И таа

беше бремена со две женски близначиња, исто ѝ нејзе во

28 гестациска недела ѝ почнаа компликациите и мораа да

ја породат. Едното близначе почина, но ја добивме Марија,

уште еден силен борец во нашето семејство. Сѐ заврши

добро, и нашите девојчиња се здрави и прекрасни деца.

44

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!