19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

во првата фиока знае да падне во втората и да се измешаат

некои работи, а сопственикот да не биде свесен за тоа или,

пак, да не знае како да ги преуреди сам. Всушност, таков е

и нашиот живот, се обидуваме сè да сортираме во различни

фиоки без притоа да направиме големо безредие и некој

е поуспешен или понеуспешен во тоа. Психологот ја има

улогата да помогне да се сортираат и да се уредат фиоките.

Бојана Стојменовиќ

„Мој

психолог“

Изминатиот месец беше месец на ментално здравје и сите

психолошки здруженија на јавноста ѝ ја испратија истата

порака. Не е доволен само еден ден за да се зголеми свеста

на јавноста, односно дека вниманието кон менталното

здравје на возрасните и децата треба да биде свртено

постојано и тоа редовно да се негува и да се одржува.

Поразителните статистики за депресијата и за анксиозноста

како најчести нарушувања се уште еден доказ дека буквално

кај секој човек може да се јави потребата од разговор со

стручно лице и стручна помош. Во рамките на националната

кампања „Мој психотерапевт“ беше истакната улогата

на психологот во одржување на менталното здравје на

секој поединец. На оваа тема поразговаравме со Бојана

Стојменовиќ, психолог, семеен и системски советник во

здружението за личен раст и развој и психоедукација „Мој

психолог“.

Каква е улогата на психологот во одржувањето на

менталното здравје на поединецот?

Секогаш преферирам да ја употребувам метафората кога

треба да објаснам некој посложен процес. Е, сега, замислете

дека имате голем и висок ред фиоки што достигнува до

таванот. Секоја фиока претставува по еден аспект од

нашиот живот, во првата нека биде семејството, во втората

работата, во третата љубовта, во четвртата пријателите, во

петтата нашите стравови, во шестата желбите и очекувањата

итн. Некоја од фиоките можеби е и заглавена, некоја, пак, и

не толку полна или, пак, е празна. Некогаш она што се наоѓа

Статистиките од Светската здравствена организација за

менталното здравје се поразителни. Кои нарушувања на

менталното здравје најчесто се сретнуваат во последниве

години?

Според статистиките на Светската здравствена

организација, а и со моето искуство преку приватната

практика можам да забележам дека постои пораст на

анксиозните растројства. Имам впечаток дека над нас како

да има некој темен облак и анксиозноста бдее над сите нас.

Можеби и брзиот начин на живот и навиките што ги налага

како да нè прави поподложни и реактивни на тоа. Колку и

да е поразителна таа статистика, сметам дека сè уште има

време да реагираме одговорно за нас и за нашето ментално

здравје. Психологијата како наука, едукативните семинари

и работилници и психотерапијата како алатка за помош

никогаш не ни биле поблиску до дофатот на раката.

Многу лица од јавниот живот во Македонија се приклучија

кон акцијата „И јас имам психотерапевт“. Дали кај нас се

разви свеста за користење на услугите на психотерапевт?

Психотерапијата отсекогаш давала умерена доза мистичност,

па токму поради тоа е и толку предизвикувачка. Свеста за

нејзината корисност отсекогаш постоела и сметам дека кај

нас не е толку стигматизирана колку што се претпоставува.

Луѓето навистина се заинтересирани да работат на своите

психички тешкотии, животни проблеми и на својот личен

раст и развој. Со акцијата „И јас имам психотерапевт“ би

рекла дека се разви одредена доза на љубопитност, во

смисла на тоа – каде и како психотерапијата може да ми

помогне мене. Секако, тука морам и да ги напомнам акциите

на „Комората на психолози“ на Република Македонија и

нивната национална кампања „Грижа за себе е грижа за

тебе“, што се случува овој месец и за која постои огромен

интерес. Во оваа кампања, психолозите организираа

работилници и предавања преку коишто се доближи нашата

дејност во состав со интересни теми.

Кои карактеристики треба да ги поседува еден

психотерапевт за да биде успешен во својата работа?

Главниот инструмент во психотерапевтската работа е

сопствената личност на терапевтот. Не мислам само на некои

аспекти од личноста туку и на целото себство во целина,

затоа што клиентот треба да се почувствува, да се доживее

и да се разбере. Професијата бара постојано усовршување

и многу работа на себе, а тоа подразбира голема љубов,

трпение и посветеност. Секако, терапевтот треба да работи

и во рамките што ги налагаат етичките норми, а воедно и да

успее преку својата емпатија да стекне доверба и близина

кај клиентот. Терапевтската работа, односно професија,

подразбира и долготраен процес и кај терапевтот, па

затоа тој треба да настојува постојано да ја негува својата

чувствителност, да го храни својот интелектуален апетит и

никогаш да не престане да биде љубопитен.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!