19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Портрет мода

ПРИКАЗНАТА ЗА КРИСТОБАЛ БАЛЕНСИЈАГА

НАЈСЛАВНИОТ ШПАНСКИ КОТУРИЕР

Пишува: Џејлан Рустемоска

Го именуваат како крал на котуриерството, мајстор за

прецизни кроеви, моден титан, поим за елеганција

што не боде очи, архитект на високата мода, уметник

во секоја смисла на зборот. Како што пишува „Вог“ уште

во далечната 1962 година: „Речиси од првиот ден кога го

отвори својот салон тој важи за најголем моден лидер: она

што Баленсијага ќе го направи денес, другите дизајнери

ќе го прават утре или следната година, а дотогаш тој веќе

отишол подалеку“. И покрај печатот што го оставил врз

модата глобално („тој е учител на сите нас“, вели за него

Кристијан Диор), целата негова личност е обвиена во

мистерија. Баленсијага е еден од ретките котуриери, ако

не и единствениот, кој не сакал да зборува за себе, ни за

својот занает, ни да се претставува и да се поклонува на

своите ревии. Сѐ што знаеме за него денес го дознаваме од

неговата работа. Неговите беспрекорни парчиња што и 45

години по неговата смрт се еднакво фасцинантни гласно

зборуваат за неговата дарба, визија, вешти раце, па дури и

за него како човек.

Кристобал Баленсијага е роден во далечната 1895 година

во малечко рибарско селце во Шпанија, како син на рибар

и локална шивачка. Очекувано е рибарските мрежи да го

уловат од мали нозе и да станат и неговата судбина, но

Кристобал не е вљубеник во морето. Немајќи многу играчки,

детството го минува гледајќи ја мајка му како ткаенините ги

претвора во чудесни парчиња облека. Според легендата за

Баленсијага, сѐ почнува кога едно неделно утро, веднаш

по мисата, вниманието му го одвлекува маркизата Торес,

поточно нејзиниот бел костим од индиска свила и сламена

шапка прекриена со кафен шифон врзан под брадата.

Малечкиот Кристобал е засенет од елеганцијата на

нејзината креација и посакува да изработи исто толку убав

костим со свои раце. Маркизата го прифаќа предизвикот,

а за само пет дена Кристобал успева да направи верна

копија на моделот на големиот Пол Поаре, пионерот на

модерната женска облека. Воодушевена од неговиот

талент, маркизата станува негова заштитничка и го испраќа

во Мадрид да ги изучува тајните на занаетот од најдобрите

шпански мајстори. Ова е периодот во кој Кристобал

Баленсијага станува она што ќе го нарече Коко Шанел:

„единствениот вистински котуриер, сите други се модни

дизајнери“. Од почетокот има ретка способност да создаде

меки и елегантни геометриски форми што совршено

легнуваат на женското тело. Има неверојатна контрола врз

секој чекор: одбирањето ткаенина, кроењето, шиењето, сѐ

до последните финеси. Во 1919 година го отвора својот прв

бутик во Сан Себастијан. Гласот за кројачот кој успева да ја

трансформира женската силуета, креирајќи фустани во кои

сите жени стануваат убави, брзо успева да стигне до сите

отмени шпански госпоѓи подготвени да платат богатства,

само да бидат дел од магијата. Набрзо, Баленсијага отвора

бутици и во Мадрид и во Барселона. Иако во периодот

од Првата светска војна успева да работи непрекинато,

избувнувањето на граѓанската војна во Шпанија во 1936

година го принудува да се пресели во Париз.

Во Париз неговата репутација стигнува уште пред

Баленсијага да стави нога. Во вакви околности не е ни

чудо што веќе во 1937 година успева да ја отвори својата

модна куќа, правејќи вистинска револуција во францускиот

моден свет, внесувајќи и карактеристични елементи на

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!