19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Од што настанува загадувањето кај нас?

Загадувачи можат да бидат различни гасови, опасни

ситни честички, хемикалии, испарувања и слично, што

според факторот заслужен за нив се делат на антропогени

(предизвикани од човечки фактор) и природни извори на

загадување. Загадувачите од првата категорија се најголеми

и се поврзуваат со согорување на различни видови горива.

Тука спаѓаат најголемите извори на загадување како

индустриското производство (загадување преку оџаците на

електричните централи, фабриките, согорувачите на отпад,

печките и другите уреди што согоруваат гориво), потоа т.н.

мобилни загадувачи преку издувните гасови на моторните

возила, депониите на отпад што создаваат токсични

испарувања и нивно палење, почвите, затоплувањето на

домот со масла, гуми, пластика или отпад и сл.

Како да знаеме дали воздухот е загаден

денеска?

Во многу од деновите кога воздушното загадување е

високо, тоа лесно може да се види само со фрлање

поглед од прозорецот. Сепак, квалитетот на воздухот

постојано се мери и се изразува преку индекс за квалитет

на воздухот што се заснова на средни часовни вредности

на концентрациите на загадувачки супстанции. Индексот

при мерењата ги зема предвид концентрациите на сулфур

диоксид (SO₂), азот диоксид (NO₂), суспендирани честички

(PM₁₀), фини честички (PM₂,₅), озон (O₃) и јаглерод моноксид

(CO). Измерените концентрации се споредуваат со

постојните упатства за квалитет на воздухот и, согласно

резултатите, покажуваат за колкаво ниво на загадување

станува збор: многу ниско, ниско, средно, високо и многу

високо. За да се информираат, граѓаните честопати за оваа

цел ги користат мерењата на интернет-страницата Квалитет

на воздух на Република Македонија на Министерството за

животна средина и животно планирање (air.moepp.gov.mk)

или интернет-страницата и апликацијата „Мој воздух“ (mojvozduh.eu)

изработена од програмерот Горјан Јовановски.

Што кога загадувачките супстанции се во

црвена зона?

Во периоди од годината кога загадувањето е алармантно,

концентрацијата на загадувачките супстанции во воздухот

е на многу високо ниво, што се одразува особено штетно

врз нашето здравје. Повеќето од овие супстанции

предизвикуваат и/или ги влошуваат белодробните и

кардиоваскуларните заболувања, причинуваат главоболки,

замор, имаат канцерогено дејство и се одговорни за

прерана смртност. Од нив, најголем ризик по здравјето

имаат суспендираните честички (PM₁₀), а на кои е изложено

населението во повеќето урбани и рурални области

во развиените земји, како и во земјите во развој. И

краткотрајното, а секако и долготрајното изложување на

овие честички може да влијае врз здравјето. Здравствените

ефекти се јавуваат по вдишување на честичките, а зависно

од нивната големина тие можат да навлезат во белите

дробови и крвотокот и да предизвикаат несакани ефекти

врз респираторниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и

нервниот систем. Морталитетот предизвикан од ефектите

на овие честички покажува зголемена стапка на смртност

за 15 до 20% во градовите со високо загадување споредено

со почистите градови. Дури и во рамките на Европската

унија, просечниот животен век е за 8,6 месеци понизок како

резултат на изложеноста на PM-честичките.

Што велат статистиките?

Не сте единствени ако ве револтираат насловите на

интернет што се обидуваат да ве намамат да ги кликнете

со она „шокантно“, „нема да ви се верува“ и ним слични,

но навистина, кој било наслов да го изберете од вестите за

загадувањето, без проблем ќе одговара на овие описи од

погоре. За жал, иако за неверување, статистичките податоци

ја претставуваат реалната опасност од загадувањето,

па така: според извештајот на Светската банка според

степенот на загадување Македонија беше на прво место на

листата европски држави; на аерозагадувањето отпаѓаат 20

до 25% од вкупните причини за морталитет во државата што

на годишно ниво изнесува 1.500 смртни случаи, односно

четири случаи на дневно ниво. Понатаму, статистиките

покажуваат дека во една грејна сезона само во Скопје се

согоруваат околу 317.000 тони дрво, што е приближно колку

количеството дрва што би се добило кога би се исекле сите

дрва на Водно.

Какви мерки се преземени досега?

Повеќето мерки нудат само привремени решенија

за проблемот. Лани во два од најзагадените денови

автобускиот превоз беше бесплатен за сите граѓани, а

слична мерка се воведе и годинава со бесплатен автобуски

превоз за посетителите на Водно за време на викендите и

во празничните денови. Беа спроведени и неколку прскања

на улиците со калциум магнезиум ацетат, биоразградлива

хемиска супстанција што има улога за привлекување на

штетните PM₁₀ и PM₂,₅ честички. Планирани се построги мерки

за т.н. големи загадувачи кои сѐ уште немаат поставено

филтри на оџаците, имаше најави за пар-непар мерката во

сообраќајот што како мерка за аерозагадувањето ја имаат

многу од европските и светските градови, но засега не е

реализирана кај нас. Доказ дека граѓаните навистина се

грижат за своето здравје и покажуваат бескомпромисност

при справувањето со проблемот со загадувањето се сѐ

повеќето граѓански иницијативи кои го креваат гласот во

текот на целата година, а уште погласно штом ќе се појават

првите знаци на загадувањето. Па, досега бевме сведоци

на многубројни протести, петиции, настани за кревање на

свеста, барање решенија и нудење предлози за подобрување

на ситуацијата. Сепак, се чини дека поголеми, суштински

промени и решенија ќе забележиме кога ќе почнат

посериозно да се разгледуваат причинителите, а не само

последиците од загадувањето, што ќе доведе до носење

на нови посериозни мерки за подобрување и решавање на

проблемот на колективно и на индивидуално ниво.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!