19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Колумна

токсичен стрес што може да влијае на развојот на мозокот и

на психофизичкото здравје.

Истражувајќи за темава, за архитектурата на мозокот и за

детскиот развој, дознав дека човечкиот мозок всушност

е во изградба во текот на првите три години од животот.

Кога детето ќе наполни две години, неговиот мозок има ист

број синапси како и мозокот на возрасен човек. До третата

година, пак, има трилиони врски, што е двапати повеќе

отколку неговите родители или воспитувачи. До петтата

година детето формира мислење за тоа дали е сакано и

посакувано, паметно или глупаво, убаво или грдо и дали за

луѓето околу себе претставува радост или мака. Едноставно

е – децата учат со нежност и со љубов. Тие често разбираат

повеќе отколку што можат да покажат. И ако се вратиме

уште поназад, во најраната животна фаза, ќе откриеме дека

реагирањето на плачот на бебето и галењето му помагаат да

научи што е тоа доверба, што е една од првите и најважни

лекции во животот. А луѓето кои имаат доверба во други

луѓе креираат отворено, солидарно и хумано општество.

И само уште еден податок - децата во домовите на чиј

плач нема соодветен одговор, по некое време занемуваат.

Нивниот поглед станува стар и депресивен. Па, кога веќе

знаеме колку е важен тој ран период, тогаш зошто сè уште

во земјава имаме дечиња во институции?!

Секаде во светот постојат алтернативни модели на

згрижување или тоа би биле згрижувачки семејства и

згрижување во мал групен дом што брои не повеќе од

пет деца. Да, има и кај нас, но дури два такви дома,

во Берово и во Кавадарци, што е навистина премалку.

Згрижувачките семејства се исто така присутна форма на

вонинституционална грижа, што ја применуваат центрите

за социјална работа низ земјата повеќе од 30 години, но

се прашувам кои се реалните бројки на терен. Во улога

на згрижувачки семејства можат да се јават сите што

исполнуваат определени услови, пропишани со закон. И ако

побарате информации на темава од релевантните фактори

ќе добиете одговор дека во последните неколку години

развиена е мрежа на згрижувачки семејства во повеќе

општини: Прилеп, Македонски Брод, селото Манастирец,

Крива Паланка, Кочани и Крушево. На хуманите луѓе кои

ќе решат да згрижат дете без родители и родителска

грижа им следува паричен надоместок за трошоците што

изнесува околу 7.000 денари. Прецизната сума нека ја

пресметаат математичарите, оти овде зборуваме за други

мотиви – емпатија и желба да се помогне на малите, невини

суштества оставени на картата на судбината. Токму затоа,

оваа колумна е повик да се стори повеќе. Оваа колумна

е апел да се направи сè за да се исполни ветувањето на

меѓународните организации и државните институции дека

до 2020 година во Македонија веќе нема да има деца во

домовите за деца без родители кои се помали од три години.

Стимулацијата на нивниот развој да пораснат во добри,

воспитани, чесни, умни и образовани граѓани е задача на

секој свесен и одговорен човек да го направи овој свет

поправеден. Прашањето што треба да си го постави секој

од нас е – што можам несебично да сторам за некому да

овозможам детство со љубов? Доволно е само да се сетиме

дека бебињата плачат кога се одвоени од луѓето или од

предметите што ги сакаат. Концептот дека работите се

постојани сè уште не им е развиен. Затоа, на дечињата им е

потребно со љубов да се постават сигурни граници за да се

чувствуваат сигурно, како што на возрасните им е потребна

куќа со цврсти ѕидови и покрив за да се чувствуваат

заштитено.

За жал, и многу возрасни луѓе не се чувствуваат пријатно

кога се работи за физички допир. Многу од нив никогаш

не биле прегрнати, ни допрени. Емотивната празнина што

си ја носат од детството им е сопатник целиот живот. А, на

општеството не му е потребно да генерира нови тури на

луѓе без развиена емотивна интелигенција. И пресметките

покажуваат дека поскапо чини целиот систем на институции

и домови, со вработувања на воспитувачки, негувателки,

готвачи, шофери, директори... отколку алтернативните

модели за згрижување што овозможуваат директна

семејна љубов и грижа. Значи, да подигаме деца кои утре

ќе бидат личности со изградена самодоверба и раскошна

индивидуалност. Заклучокот би бил да не се загубиме само

во сенката на формалните политички заложби на системот

за социјална заштита, туку да ги наостриме нашите емотивни

капацитети и да се солидаризираме со проблемите на оние

на кои им е потребна наша помош. Емпатијата е успешна

кога не завршува само на хартија, во фиоките на државните

институции или во белешките на меѓународните проекти,

туку кога наоѓа вистинска имплементација во реалниот

живот, на патот меѓу политичко-правната рамка и срцето на

секој човек. Секое дете заслужува топол дом. На секое дете

му треба семејство!

Нова година се ближи, нашите деца ќе имаат многу подароци

под своите елки. Ќе ги прегрнуваме и ќе ги опсипуваме со

љубов. Ќе им купуваме играчки и ќе им раскажуваме бајки.

Ќе се смееме со нив и ќе се тркаламе во снегот... додека на

другиот крај на градот некој детски плач ќе моли за малку

љубов. Застанато зад замаглените прозорци (на Домот за

деца без родители), снегулките што ќе паѓаат од небото ќе

му бидат единствените нежни допири по неговите црвени

обравчиња. Ќе нема кој да ги избрише солзичките што ќе

се тркалаат по нежното лице. Малите устиња ќе се тресат

од плач, додека се надева дека некој ќе дојде да го бакне.

Стуткано во поткршеното дрвено креветче, ќе сонува за

поубав свет...

Ова не е приказна на едно дете. Ова е приказна на 250

деца низ земјава. Нивните новогодишни пакетчиња ќе

бидат скромни и наполнети со евтини чоколади. Некои

луѓе, најмногу политичарите, ќе продефилираат да им го

честитаат празникот пред телевизиските камери жедни

за сензации. Ќе дојдат можеби и некои други луѓе да им

донесат по некое кадифено мече. И сите до вечерта ќе си

заминат. Новата година ќе дојде, а дечињата ќе останат

сами со малото кадифено мече. Ќе го галат со нивните

мали рачиња и ќе се надеваат за малку љубов. Јас ќе ја

напишам оваа колумна инспирирана од нивната судбина и

болка и веројатно нема ништо повеќе да сторам. :( А вие?

Што ќе сторите вие? Можеби еден ден и ние возрасните

луѓе ќе пораснеме во вистински луѓе кои несебично ќе

помогнат, наместо само да сожалуваат. Ах... новата година

доаѓа, а мене секоја година ми текнува на девојчето со

кибритчињата. Се вика Ана, Леа, Теа, Бесим, Лука, Петар... и

живее во Домот за деца без родители што се наоѓа неколку

улици подолу од мојата куќа.

119

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!