05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Wonder Womеn

Само и Самах Умар се двете сестри Сиријки кои имаа тешка

голгота, пешачејќи со денови низ Македонија изгубени

со своите браќа, братучеди и нивниот зет по патиштата.

Малтретирани, тепани од криминални групи и онесвестени

во тешка здравствена состојба паднати во ендек, беа

најдени од мојот пријател Б. Г. некаде пред Велес. Тој на

свој ризик ги качи во автомобилот и ги донесе кај мене.

Што да видам, искинати, помодрени, едвај дишеа, се тресеа

и не можеа ништо да зборуваат. Прво се погрижив да ги

вратам во живот, можеби не многу професионално, но не ми

преостануваше ништо друго. Се консултирав со пријатели,

лекари, медицински сестри, обезбедив од првата аптека сè

што ме советуваа и за неколку часови ја видов насмевката

на нивните лица. Првата реченица што ми ја кажаа беше:

„Господ нè испрати кај тебе, кога ја видовме куќава како

да си ја видовме нашата куќа, така ни личеше“. Додека ги

средував, мојот сопруг и синовите се погрижија да се поврзат

со другите од семејството, да испратат координати, локации,

за да ги најдеме. Ги сместив во темен простор колку што во

тоа време условите ми дозволуваа, бидејќи имаа повреди

на главите, за да се одморат и да се соземат. Веќе следниот

ден, наспани и одморени, можевме да поприкажеме и да

им кажам дека за некој час ќе им пристигнат роднините,

беа пресреќни. Кога семејството се собра во мојот двор

на среќата ѝ немаше крај, солзи, смеа, врескање и моето

семејство многу се потресе. На ладниот бетон во нашиот

двор, заедно го изедовме скромниот бегалски ручек. Требаше

да се исправам уште пред еден предизвик, сите заедно да

се пренесат до Куманово и да продолжат за Србија. Ми

помогна нашиот чичко Славе, и Самах со семејството веќе

за два часа беа во Куманово. За десетина дена сестрите веќе

се јавија од Германија, благодарни за сè што сторивме за

нив. Постојано контактиравме, но во ноември 2015 година се

јавија и ми пишаа дека нивната мајка и уште едната сестра

Јасмин со две малечки дечиња се пристигнати до Идомени

и немоќни да стигнат до Македонија. Ги пречекав на

границата и се погрижив за нив. Кога се видовме и кај мене и

кај нив постоеше чувството како да се познаваме отсекогаш.

Заминаа со возот, а најголемата среќа беше кога ми пратија

семејна фотографија, сите на куп. Зар има поголема радост

од тоа да успееш да собереш едно многучлено семејство да

бидат заедно. За овие три години се соочив со многу вакви

судбини.

Постојат многу предрасуди во врска со целата ситуација,

многу различни мислења за мигрантите како луѓе, за

нивното настојување да стигнат до западноевропските

земји и слично. Вие велите: „Никогаш не сум се плашела

од нив, почесто тие се плашеле од мене“. Какво е вашето

искуство со нив?

Гледате како страдаат, се мачат, не останало ништо од

нивното огниште, бараат спас со по неколку деца за рака и

еден ранец на нивните рамена. Бремените жени се породуваат

по патишта, тука нема плашење, тука мора сите заедно да ги

поместуваме границите на хуманоста, бидејќи сите сме исти

пред Бог. На нивниот пат до Македонија има многу пречки,

многу криминални групи, многу лаги и многу ветувања. Затоа

постои малку недоверба кај нив, но кога ќе им пријдам и ќе

им кажам дека сакам да им помогнам, тие го чувствуваат тоа.

За тоа велам дека секогаш Господ ни дал две

раце, со едната да си помогнеме сами, а со

другата рака да им помогнеме на другите.

Мајките на овие деца се истоштени, болни,

имаат повеќе деца, патуваат со месеци, често

колабираат. Една млада мајка од дваесетина

години своето прво дете, ако го родила некаде

по пат, таа е уште кревка и незакрепната, уште

крвави и секако дека ѝ е потребна помош. И јас

сум мајка, баба и не може да ми биде сеедно.

Нивните судбини, нивните ликови никогаш не ги

заборавам и секогаш сум во исчекување, чекам

некој внатрешен глас да ми каже дека безбедно

пристигнале онаму каде што наумиле, нивната

порака што ќе ми стигне од далеку за мене

значи многу.

Добитник сте на наградата од граѓанската асоцијација

„Скопјанката Мајка Тереза“, како и признание за хуманост

од УНЦХР. Дали вашите блиски роднини и пријатели се

инспирирани од вас? Дали некои ви се приклучија и доаѓаат

со вас или како било помагаат?

Секој има право на свој начин да ја толкува бегалската

криза. Го ценам секое мислење, но многу луѓе што ја следат

состојбата само на телевизија сум се потрудила да ги

однесам во „Винојуг“ и лично да се уверат со состојбата,

да се дружат со бегалците и да им помагаат. Речиси сите го

смениле своето размислување. Има луѓе од мојот град, па и

од цела Македонија, кои секојдневно ми испраќаат алишта,

обувки, храна, за сѐ тоа потоа да го доставам до бегалците, на

сите сакам да им се заблагодарам. Секојдневно се обидувам

на македонската јавност да ѝ ја објаснам состојбата онаква

каква што е реално, често настапувам на трибини и говорам

дека човечкиот живот нема цена, да го зачуваме човечкото

достоинство, да го зачуваме мирот и спокојството, како во

нашите семејства, така и во целиот свет.

Вашата моментална посветеност бара од вас да ги трошите

сите атоми на психо-физичка сила со кои располагате до

крајни граници. Дали пред бегалскава криза знаевте дека

оваа ваша лична сила и потреба да помагате на другите и

правите добри дела може да земе олкави размери?

Секогаш околу мене има некој кому му е потребна помош

од поголеми или помали размери, но тоа не значи дека

и мене некогаш не ми е потребна помош. На сите ни е

потребна помош од каков било вид. Да си помагаме едни

на други. Сиромаштијата не ни е одредена судбина од Бога,

Бог не ја создал сиромаштијата, ние, народот, ја правиме

сиромаштијата, затоа што не знаеме меѓусебно да делиме.

Често им говорам на сите околу мене... Тоа што го правиш

ти, јас не можам да го правам. Тоа што го правам јас, ти не

можеш да го правиш, но заедно можеме да направиме многу

убави работи.

31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!