05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Мисли здрави мисли

Фотографија: Жарко Чулиќ

седумдесетти години од минатиот век и со параглајдерството

спаѓаат во флексибилни крила. Тоа се едноставни летелици,

лесни и практични за транспорт. Секој пилот поседува

опрема, што се состои од крило-змеј, вез, резервен падобран,

кацига и џи-пи-ес. Со опремата нема импровизација, мора

да биде во добра состојба и редовно прегледувана. Сепак,

се издигнувате неколку илјади метри над земјата и нема

простор за аматерство.

Колку е вашата професија поврзана со овој спорт и колку

често летате?

По професија сум дипломиран сликар-педагог, а во

моментов сум креативен директор во агенцијата за дигитален

маркетинг „СајнАп“ од Скопје. Не постои директна врска

помеѓу работата и хобито, но летањето ми е совршена

терапија против стресот што го носи работата. Настојувам

викендите и убавото време да ги искористам за антистреслетови,

далеку од метежот, брзањето и состаноците, а блиску

до пријателите летачи, небото, природата, слободата...

Владимир Бараковски

„СЛОБОДНОТО ЛЕТАЊЕ

НУДИ АДРЕНАЛИН,

УБАВИНА И УЖИВАЊЕ“

Чувството на вистинска слобода и мир е најсилната

мотивација што ги тера пилотите постојано да му се

враќаат на небото. Летањето без мотор бара сплотување

со природата, со воздухот и ветерот, водење од инстинкти

што со секој нов лет стануваат сè посилни... Вака, нашиот

соговорник Владимир Бараковски го опишува своето хоби,

змејарството, вид на воздухопловен адреналински спорт.

Пишува: Марта Таневска

Како почна вашата пасија кон змејарството? Кога првпат

пробавте летање со змеј?

Многу добро се сеќавам на првиот лет, пред 24 години во

Крушево. Бев многу возбуден, а адреналинот беше на високо

ниво. Тоа што ми го зборуваше инструкторот звучеше како

аудио на забавен филм. Се чувствував како мало дете кое

треба да прими инјекција. Денот беше совршен, сончево

време, идеален ветар за полетување... Првиот лет се одвиваше

како од учебник, а слетав многу возбуден и со мисла „Tоа е

тоа!“ Тој ден не примив инјекција, но од „чивијата“ немаше

бегање, таа сè уште е тука, длабоко навлезена. За мене,

слободното летање е пасија и животен стил, фасцинација

што ме обзема уште од детството.

Што претставува змејарство и каква опрема е потребна?

Змејарството е релативно нова дисциплина во

воздухопловните спортови. Почетоците се од раните

Дали сте учествувале на натпревари во змејарство, со оглед

на искуството?

Не сум натпреварувач, но имам учествувано на помали

натпревари во крос кантри-прелети. Тоа се трки во кои

пилотите имаат задача да прелетаат големи растојанија за

пократко време, исклучиво со погонот на ветерот. Токму

искуството стекнато низ Европа ми помогна во организирање

на првенствата на домашен терен.

Кои локации ви се омилени за летање и колку Македонија

е соодветна дестинација за ваков вид спортови? Дали сте

летале надвор од земјата?

Спој на прекрасни високи планини и клима што совршено

одговара за слободно летање како во Македонија е реткост.

Крушево, Галичица, Шар Планина, Скопска Црна Гора и многу

други ја впишаа земјата на мапата на најпосакуваните места

за слободно летање во Европа. Речиси и да нема планина каде

што не сум летал и секоја нуди посебна убавина, искуство и

уживање. Над Галичица уживаш со часови над двете езера,

Преспанското и Охридското. Од Крушево не знаеш што да

избереш, раскошна како од злато исткаена Пелагонија,

вонземскиот пејзаж на Трескавец и Селечка планина или

алпскиот масив на Баба со Пелистер. Кога ќе се издигнеш

високо, единствено од што можеш да добиеш хипоксија е

од убавината што ти го одзема здивот. За жал, има стотици

диви депонии што секојдневно никнуваат по нашите шуми

и полиња, а се гледаат дури и на 2.000 метри над земјата.

Сум летал над Алпите, на повеќе места во Италија, Истра во

Хрватска, Турција, Грција, Бугарија, на места што исто така

фасцинираат со својата убавина и природа, но никаде не сум

сретнал толку големо непочитување кон природата. Мојот

автомобил и автомобилите на пријателите понекогаш личат

на возила за отпад, од ѓубрето што го собираме, но самите не

можеме да победиме во трката со некултурата.

За многумина слободното летање е ризично и опасно. Колку

летањето со змеј е екстремен спорт?

Воздухот и водата не се природна средина на човекот, но

кога ќе научи да плива, ужива во тоа, иако секогаш постои

опасност и ризик. Тоа постои и во летањето, но со добра

обука, правилен пристап и дисциплина, шансите да се случи

некоја несакана ситуација се минимизираат. Мое мислење

е дека слободното летање веќе не е екстремен спорт, туку

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!