05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Wonder Womеn

Покрај солидарноста што се разви кај нас во Македонија,

секако пречеше и развиената ксенофобија што се шири

секојдневно. Сите стравови беа неосновани! Се обидуваме

постојано низ социјалните мрежи да пренесуваме приказни

и фотографии од терен, да ги запознаеме граѓаните со

светска трагедија. Кога ќе го видите стравот во нивните

очи, измешан со надежта за подобар живот и стремежот

тоа да се постигне, едноставно добивате потреба да бидете

нивниот глас во јавноста, да ги побиете сите тие невистини

и предрасуди за нив. Но, медиумите, што го разгоруваат

стравот, продолжуваат со своите негативни вести и

прикажувањето на бегалците во лоша светлина.

Низ целата бегалска криза, огромен број граѓани се

приклучиле во нашата организација, со цел да им помогнат

на бегалците. Имаме 22 постојано ангажирани активисти

во двата кампа, како и во седиштето во Скопје, и голем

број волонтери. Тимот на „Легис“ е вистинската слика на

мултикултуралната Македонија. Граѓани од разни нации,

вери, политички ориентации, градови, се втопени во една

максима: Да им помогнеме на бегалците.

Најдобар начин да се пронајдеш себеси е да се загубиш

помагајќи на другите. Кога ја забележавте вашата потреба

и желба да им помагате на другите. Имате ли поддршка од

семејството, најблиските?

Велат дека карактерните особини најмногу се градат во

детството, па така и во моето детство се случи војната во

Босна и Херцеговина. Додека децата пред спиење го чекаа

мечето Ушко, ние ги чекавме вестите, за да видиме дали

нашите блиски роднини се живи. Нашиот дом беше и дом

за бегалците од БиХ и Косово, кои беа непознати за нашето

семејство. А сепак, моето семејство ги отвори вратите за

сосема непознати луѓе. Таа добрина што ја покажаа моите

родители, пред своите деца, мислам дека беа клучниот

момент да се чувствувате повикани да им помогнете на сите

луѓе кои имаат потреба.

Ништо од активностите што ги правам не би можела доколку

не е поддршката од моето семејство. Посебно од мојот

сопруг, Јасмин, кој не само што ме поддржува во тоа што го

правам туку и ме поттикнува кон поголеми подвизи. Среќна

сум што имам прекрасни родители и брат и сестра, кои се

случувало и да ја чуваат постарата ќерка со денови, ако

морам да заминам надвор од државата или кога сум повеќе

од осум часа на терен. Навистина семејството и семејните

вредности што сè уште се негуваат на Балканот се вистинска

благодат за секоја активна жена. :)

Вистинска инспирација сте за многу жени и изразена

активистка за еманципација на муслиманската жена, како

и нејзина заштита од каква било дискриминација. Каква е

моменталната состојба во нашата држава? Маргинализирани

ли се муслиманските жени од институциите, средината и

сл.?

Ви благодарам за овие убави зборови. Навистина се трудам

секојдневно да бидам добар пример за моите две ќерки,

Далија и Амелија, како и за сите жени кои ме опкружуваат.

Сакам да бидам гласот на нечујните жени. Сакам да ги

поттикнам да бидат горди на својата женственост и улога

што ја имаат во општеството. Честопати сум одржала и

предавања во скопските џамии, каде што комуницирам со

жените, ги уриваме стереотипите кои велат дека исламот е

тој што ја уназадува жената. Исламот е токму спротивното,

но Балканот е место, каде што традицијата игра клучна

улога во ставањето на жената во една кутија и велејќи

дека тоа е она. Состојбата со жената-муслиманка не е на

завидно ниво, но добива тенденции на подобрување. Тие се

едуцираат и еманципираат и стануваат горди на улогата што

ја имаат. Без разлика дали е тоа улога на „само“ мајка или

домаќинка. Сепак, нејзината застапеност во институциите не

е воодушевувачка. И тоа е поле на кое мора да се работи. Јас

сум една од големите заговарачи дека треба да истапиме и

да го земеме самите своето место во општеството, а не да

чекаме некој да ни го даде.

Носител сте на многу промени. Со секој свој став и со секое

дејствување ги уривате стереотипите за муслиманската

жена. Активно сте учествувале на безброј хуманитарни

акции и проекти, како на национално, така и на

интернационално ниво. Од сите овие промени кон подобро

во различни сфери, што ги имате постигнато, која ви е

најмила, некоја на која сте особено горда?

Мојата прва голема промена е ставањето на марамата на

својата глава, поради која и станав единствената покриена

студентка на Правниот факултет во Скопје. Тоа беше голема

промена за мене, но и за факултетот, кој ова промена ја

прими прекрасно. Но, посебно сум горда на иницијативата

што ја почнав во 2007 година, кога барав измени во Законот

за лична карта/пасош и др. во кој ни беше забрането да се

фотографираме со марама во сите лични документи. Акцијата

беше успешна и МВР го смени и Законот и Правилникот и

оттогаш 50-годишната неправда конечно беше укината. А

тука се лобирањата, многубројните состаноци, интервјуа

одржани во мај и во јуни 2015 година, со пратениците

и министрите од власта, каде што ги убедувавме да ги

усвојат измените во Законот за азил, со кој конечно ќе им

се дозволи легален транспорт низ Македонија. Притисокот

доаѓа од разни страни и организации, да бидам присутна во

Собранието на 28 јуни, кога Комисијата даде дозвола за овој

закон. Овие две промени имаат позитивен и траен импакт врз

илјадници луѓе, затоа сум посебно горда на нив.

Ако цел свет молчи, дури и еден глас, со верба во него,

може да биде многу моќен двигател. Што се вашите следни

активности? Што би им порачале на луѓето што имаат желба

или можност да помогнат на другите?

Многу убаво кажано. Токму така, секој глас е важен.

Моментално, сите активности ни се посветени на

бегалската криза. На трудничко боледување сум од својот

професионален ангажман (правен консултант), но не и од

сите други. За сите луѓе кои имаат желба да помагаат, би

им порачала активно да се вклучат! Можеби некое мало и

безначајно дело за нас, некому може да му ја врати вербата

во човештвото. Никогаш не потценувајте ги добрите дела,

колку и да се мали. „Бидете промената што сакате да ја

видите во животот.“ Така и вие бидете позитивната промена

во нечиј живот.

33

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!