19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Портрет убавина

КУТУРИЕРОТ КОЈ ОД ЖЕНСКАТА МОДА НАПРАВИ УМЕТНОСТ

YVES SAINT LAURENT

Пишува: Џејлан Рустемоска

На први август 1936 година, во Оран, Алжир, се раѓа Ив Сен

Лорен, човекот чии иницијали ќе станат едно од најмоќните

логоа во светот на модата на сите времиња. Растејќи во

Алжир, уште како дете сонува за Париз. Видно се разликува

од неговите врсници, и по начинот на кој се облекува и

движи, и по карактерот, интровертен и пресериозен за

своите години, причина поради која на училиште е жртва на

булизам. Бегството од реалноста и околината во која не се

вклопува го бара во модните списанија на неговата мајка,

неуморно скицирајќи и креирајќи модни детали и облека

за неговите сестри Мишел и Брижит. Има седумнаесет

години кога мајка му, сакајќи да му помогне да си го оствари

сонот, ќе го одведе во Париз. Како и за повеќето врвни

модни дизајнери, и неговата отскочна штица е париската

комора за кутуриери, Chambre Syndicale de la Haute Couture,

каде што конечно го наоѓа својот креативен рај.

Го привлекува вниманието врз себе откако победува на

конкурс за млади дизајнери скицирајќи црн коктел-фустан

со асиметрично деколте кој подоцна ќе биде изработен

од Живанши. Уредникот на парискиот „Вог“, Мишел де

Бруноф, воодушевен од неговите цртежи, го запознава со

Кристијан Диор. Никој подобро од мајсторот за стил не знае

да препознае вистински талент. Го вработува Ив како свој

асистент и за кратко време тој станува принц на династијата

Диор, а со тоа растат неговите самодоверба, инспирација и

умешност, но исто така и непријателите во модната куќа кои

се чувствуваат загрозени.

Кога Кристијан Диор умира од срцев удар во 1957 г., на само

21 година, Ив станува креативен директор на најмоќната

модна империја во светот. Сите се заинтригирани од неговата

појава: тивок, срамежлив, а со секогаш будни очи зад

дебелите стакла на препознатливите очила со темни рамки

кои заедно со тесните црни костуми го одбележаа неговиот

личен стил. Неговата прва колекција на чело на Диор е

совршен спој меѓу традицијата и препознатливите линии и

стил на Диор и свежината и смелоста на младиот наследник.

Успешен производ од оваа колекција е познатиот трапезфустан.

Критичарите пишуваат: „Сите беа во солзи. Тоа беше

најемотивното модно шоу на сите времиња.“ И токму кога се

наоѓа сѐ поблиску до врвот, се случува непредвиден пресврт.

Во 1960 г. избувнува војната за независност во Алжир и тој

е повикан да ѝ се приклучи во француската војска. Повикот

и враќањето во Алжир ги доживува толку трауматично, што

за нецели три недели ќе доживее нервен слом. Ќе биде

подложен на тешки терапии со седативи и електрошокови

на кои се должи и подоцнежната зависност од наркотици.

Не стигнува ни да закрепне кога доаѓа нова вест која

дополнително го обесхрабрува: тргнат е од престижната

позиција во Диор.

За среќа, Ив Сен Лорен не е сам. Покрај него е Пјер Берже,

неговиот професионален и интимен партнер кој ќе го извлече

од болница и ќе го врати на нозе, помагајќи му да почне

од нула и од своите иницијали да направи бренд со кој ќе

предизвика револуција во француската мода во шеесеттите.

64

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!