Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
НЕМАМ ЕДНО ЕДИНСТВЕНО МОЕ „ДОМА“. МОЕТО „ДОМА“

СЕ МОИТЕ ДЕЦА И МОЈАТА ФАМИЛИЈА, А НЕ КАКОВ БИЛО

ПРОСТОР.

АЈ: Низ навидум едноставни, на моменти и банални дијалози

и низ психолошкиот пресек на ликовите доловувате цел

еден спектар на емоции и душевни состојби на човекот.

Непретенциозно, минималистички, а многу вешто. Кои аспекти

од човековата психа Ви беа најинспиративни при пишувањето

на сценариото за „Сиераневада“?

КП: Главниот тригер на филмот што се однесува на

психолошкиот дел беше мојот личен однос кон концептот

на дом и чувството дека немам едно единствено мое „дома“.

Моето „дома“ се моите деца и мојата фамилија, а не каков

било простор. Не ми е потребен дом како некое засолниште.

И главниот лик беше во потрага по свој дом и тоа му правеше

чувство на константна вознемиреност, како едно диво животно

од планината опколено од сите страни. Приказната во филмот

„Сиераневада“ е за едно патријархално семејство во кое умира

таткото, а синот не чувствува потреба да го преземе неговото

главно место во домот. Тој е доктор што работи нешто друго,

продава медицински помагала, и под притисок на фамилијата

и општеството се чувствува нереализиран и фрустриран. Тој не

е исполнет човек и ја живее драмата на неуспехот.

БЕШЕ МНОГУ ТЕШКО И ВО ФИЗИЧКА И ВО СПИРИТУАЛНА

СМИСЛА. ПОСЛЕДНИТЕ НЕДЕЛИ ИМАВ АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА

НА ПРАШИНАТА ВО СТАНОТ И СТИГНАВ ДО ТОА ДА МИ ТЕЧЕ

КРВ ОД НОСОТ.

АЈ: Сценографијата е исто така во функција на психолошката

суптилност на приказната. Целата таа пренатрупаност во

станот во кој се одвива дејството на филмот перфектно ја

доловува емотивната клаустрофобија на ликовите. Беше

ли тешко за филмската екипа да работи во толку мал и

пренатрупан простор?

КП: Да, беше многу тешко и во физичка и во спиритуална смисла.

Последните недели имав алергиска реакција на прашината

во станот и стигнав до тоа да ми тече крв од носот. Ова ви е

многу добро прашање, особено оној дел за клаустрофобијата,

бидејќи укажува на една многу актуелна работа, а тоа е дека и

покрај сите социјални мрежи денес, луѓето сè повеќе се сами

и ги уништуваат врските меѓу себе. Ете, на пример, „Фејсбук“

прави да се мимираат врски кои се лажни. Секој се изолира

во својата глава, а тоа е страшна форма на клаустрофобија.

Привидно чувство дека комуницираме меѓу себе, а всушност

живееме во отуѓен свет. И кога луѓето постираат слики на

„Фејсбук“ и селфиња, се чувствуваат кул, а всушност се

покажуваат пред светот само во своето најдобро светло, а тоа

е лажно, нели?

КОГА ЛУЃЕТО ПОСТИРААТ СЛИКИ НА „ФЕЈСБУК“ И СЕЛФИЊА,

СЕ ЧУВСТВУВААТ КУЛ, А ВСУШНОСТ СЕ ПОКАЖУВААТ ПРЕД

СВЕТОТ САМО ВО СВОЕТО НАЈДОБРО СВЕТЛО, А ТОА Е

ЛАЖНО, НЕЛИ?

АЈ: Да, лажна е таа технолошка симулација. На „Фејсбук“

луѓето се со маски. А филмот „Сиераневада“ е портрет на

обичниот човек и обид за соголување на маските што човек ги

носи. Еден вид огледало на секое обично семејство и неговите

проблеми. Клучна е камерата, која е активна, па дури малку и

како догме, или би рекла камерата како око. Ми се чини како

да ги прекршивте сите кинематографски правила во однос

на движењето и кадрирањето. Камерата го нема најдоброто

место при секоја сцена. Што сакавте да постигнете со овој тип

фотографија?

КП: Неперфектноста на човековиот вид. Нашиот поглед кон

луѓето е пристрасен и ограничен. Многу пати не успеваме да

ги видиме работите околу нас онакви какви што вистински се.

Филмот го снимав од позиција на апарат или човек кој стои и

набљудува. Глумците требаше да се однесуваат како камерата

да не е таму. Камерата во овој мој филм е невидлив човек.

Во православната традиција се верува дека откако човек ќе

умре, душата се шета уште 40 дена, а бидејќи во филмот има

тазе умрен човек, си дозволив оваа приказна да ја раскажам

како низ очите на покојниот кој го посматра целото семејство

собрано во негова чест.

Камерата во „Сиераневада“ е невидлив човек. А глумците ги

преморував со многу проби и ги доведував до нервен слом. :)

Верувам дека успеав да го извадам човекот од нив.

АЈ: Атмосферата е многу важна во филмот. На моменти дури

и навестувачка за дејството. Како успеавте да креирате толку

спонтана атмосфера во која глумците како воопшто да не

глумат?

КП: Глумците ги преморував со многу проби и ги доведував до

нервен слом. А кога глумците се најуморни и кога веќе не можат

да го поднесат ни филмот ни режисерот, го вадат најдоброто

од себе бидејќи ги спуштаат маските и престануваат да глумат.

Тогаш наместо театралност, од нив вадам автентичност и

природност. Верувам дека успеав да го извадам човекот од нив.

АРТИСТ МИ ЗВУЧИ СНОБОВСКИ, А МЕНЕ МИ СЕ ГАДИ ОД

СНОБИЗМОТ. ЈАС САКАМ ОБИЧНИ ЛУЃЕ СО ВИСТИНСКИ

ЕМОЦИИ.

АЈ: Значи ли ова дека ја презирате уметничката

претенциозност?

КП: Па, на некој начин да. Артист ми звучи снобовски, а мене

ми се гади од снобизмот. Јас сакам обични луѓе со вистински

емоции. Уметниците треба да се сведоци на времето што го

живеат, а не намонтирани кукли во својата најдобра верзија.

Проблемот е што глумците глумат. И кога ќе им го кажам тоа,

тие ме прашуваат дали тогаш да бидат она што се во приватниот

живот. И повторно им велам не, и уште повеќе ги збунувам, (се

смее) бидејќи сите ние во животот лажеме и глумиме. Кога го

прашале Ернесто Сабато дали уметноста ќе го направи човекот

подобар, тој одговорил: „Пред 2000 години постоеше човек кој

правеше чуда, а луѓето сепак не станаа подобри“.

АЈ: Која е, според Вас, главната конекција меѓу филмот и

реалниот живот?

КП: Wow :) Филмовите се еден вид огледало на вистинскиот живот,

за разлика од апстрактната уметност, на пример, како кога ја

гледаш сликата и се прашуваш што сакал авторот да каже :) и си

велиш - ова и ќерка ми може да го направи. (се смее) Но, важно

е да потенцирам дека има два типа филмови - авторски филм и

филмови на пропаганда. Овие вториве креираат илузии и имаат

цел да те програмираат. Тоа е чиста манипулација. Ова многу

добро го сфатиле сите тоталитарни режими и го користат за свои

цели. Најпрво Русите, па Германците и најпосле пропагандата

стана центар околу кој гравитираат американските студија со

16