19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Портрет aктивизам

М-р Јасминка Ван дер Флиер,

доктор по ветеринарна медицина (ДВМ)

„Бездомните животни

се дел од нашата

средина“

Фотографија: Жарко Чулиќ

Односот кон бездомните животни на граѓаните е

многу сложено прашање. Се радувам што со текот на

годините, полека но сигурно, се менува во позитива,

а сепак, и покрај тоа, бројот на бездомните животни останува

ист. За да се дојде до намалување на бројот потребни се

многу поврзани активности помеѓу граѓаните и државните

институции. Ако не се направи координација помеѓу нив,

сè што се прави и од двете страни е како капка вода во

море. Односот кон животните се менува како резултат на

социјалните мрежи, спроведените кампањи од здруженијата

за заштита на животните. Тоа има позитивен одѕив, особено

кај младата популација, додека старата популација сè уште

е на ставот дека местото на животните не е за во урбани

средини и дека се тоа „само животни“. Се зголемува и

бројот на активисти за правата на бездомните животни, но

проблемот не можат да го решат само активистите и некоја

донација, бидејќи чини многу. Потребни се финансиски

средства и организираност. Градот Скопје направи еден

чекор напред со изградбата на стационарот за бездомни

животни „Вардариште“, ама со тоа не се реши проблемот, а

не може да се реши ако не се опфатени и граѓаните, особено

сопствениците на милениците. За решение на проблемот

потребно е почитување на законските акти, што се донесени

со Законот за заштита и благосостојба на животните и

Законот за здравствена заштита на животните, а дефинирани

се и казнените одредби за непочитување. За да се заокружи

целиот процес и да има позитивни резултати потребно е да

се воспостави и полиција за заштита на животните. Само

тогаш ќе функционира кругот сопственици, активисти,

здруженија за заштита на животните, полиција за заштита

на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство со

ветеринарните инспектори, кои се последни во низата. Јас го

посветив мојот живот на животните, тие се мојата професија

и дел од моето секојдневие и се залагам за заштитата на

бездомните животни. Во 2016 година од општина Карпош

беа доделени средства за мој проект преку Здружението

за заштита на животни „Феникс Петс“ за стерилизација

на 120 мачки, а проектот ќе продолжи и годинава. Јас бев

единствен ветеринар кој излезе на терен во Стајковци кога

беа поплавите, па потоа заедно со ДВМ Тони Кондарко

спроведовме и бесплатна вакцинација против беснило. Во

моментот спроведувам акција за стерилизација на бездомни

мачки и кучиња. Секогаш апелирам да се направи навремена

стерилизација и кастрација, за намалување на бројката и

за подобрување на здравјето на бездомните животни. Не

можам да кажам дека одѕивот е добар, но се зголемува. За

бездомните животни секогаш имам посебни цени, затоа што

за нив секогаш плаќаат активисти од својот џеб. И покрај

големиот напор од нивна страна, тоа е само незначителен

број, иако тие се неверојатна група луѓе, со големо срце, кои

и последниот денар ќе го дадат за животните. И особено

сега, во овие тешки временски услови, тие прават и повеќе

отколку што можат. Бездомните животни се дел од нашата

средина и треба сите да се потрудиме да им се помогне со

храна, со топол дом и љубов.

31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!