19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ЉУБОВТА Е ДЕТЕ

НА СЛОБОДАТА,

А НЕ ДЕТЕ НА

ДОМИНАЦИЈАТА

КОГА СЕ САКАМ СЕБЕСИ, МОЖАМ ДА

ТЕ САКАМ И ТЕБЕ. КОГА ТЕ САКАМ

ТЕБЕ, ГО САКАМ И СВЕТОТ. ТОА Е ТОЈ

МАЃЕПСАН КРУГ НА ЉУБОВТА...

Неизбежно е да се пишува за љубовта во месецот на љубовта.

А февруари е и месец на мачките. Се парат и мјаукаат со

љубовен повик :) Но, дојдoа капиталистите, го измислија Св.

Валентин и наеднаш приматот отиде на купување подароци

и картички за заљубените. Мачките, кој ги врти! :) И тамам да

навлезам во интелектуални мастурбации за спрегата помеѓу

консумеризмот и љубовта, се сепнувам и решавам овој пат

да инспирирам наместо да критикувам. Што фајде ако ја

подберам индустријата за профитирање што нашла начин

да го прави тоа и врз грбот на вљубените?! Па,си мислам,

кога е љубовта во прашање, има многу поинспиративни теми

од „Валентајнс“. Една од нив е сакањето заради себе, а не

заради другиот. Хм, кој би рекол дека и сакањето може да

биде од себични причини? И дали егоизмот е другото лице на

огледалото на љубовта? Се разбира, тука не мислам на оние

шеми како во времето на викторијанството кога браковите се

склучувале според конвенција и тоа најчесто од социјални

мотиви (иако оваа практика не е исклучена и денес, во 21 век,

во некои рурални средини во Македонија, а и на многу други

места низ светот), туку пред сè на психолошката сигурност што

ни ја дава љубовта и на љубовта како единствен релевантен

противник на стравот од смртта. Tокму стравот од смртта е

еден од основните мотиви за опстанок и за репродукција.

Ерих Фром пишуваше за љубовта како одговор на проблемот

на човековата егзистенција. И ако се согласиме дека свеста за

осаменоста и одвоеноста, како и беспомошноста пред силите

на природата, е еден вид психолошки затвор за човекот, тогаш

ќе се согласиме со она на Фром - дека луѓето имаат потреба

да го напуштат затворот на својата осаменост со тоа што ќе се

вљубат. А, има ли некој што не сака да љуби и да биде љубен?

Ова прашање го мачи човештвото од своето рано детство.

Уште во далечното минато луѓето во пештерите се спарувале

за да живеат полесно. И, токму, како замка во пештера се

отвора прашањето - каде се границите на себството во

релациите со другите? Позната ли ви е онаа состојба: „Jас

сум ништо. Постојам само онолку колку што сум дел од

него?“ Верувам дека секој од нас барем еднаш во животот

се нашол во некоја таква ситуација, кога сакањето станало

опсесија, а љубовта горчина. Во секое љубовно спојување

постои опасност од преклопување на сопствениот идентитет

со туѓиот. Едноставно, некои луѓе кога љубат, ги узурпираат

границите на другата личност. Тоа е сосема спротивно на

една од најубавите мисли за љубовта, дека љубовта е дете на

слободата, а никогаш дете на доминацијата.

Најчесто сакаат да доминираат оние личности што се

најкревки и најнесигурни. И како што потребата за моќ

доаѓа од слабоста, така и коренот на посесивноста е во

недовербата во себеси. Љубоморните пред сè не си веруваат

себеси, повеќе отколку на другиот, иако манифестацијата

е обратна. Поседувањето или, пак, присвојувањето на

љубовниот објект има корен уште во митологијата каде што

е опишано како кенгур кој ги лови нимфите и потоа ги става

на грбот. И свадбениот ритуал на старите Римјани е во тој

контекст. Невестата не стапнувала сама во брачниот дом, туку

младоженецот ја внесувал на раце. И сè ова се ситни патокази

кон поседувањето како една од манифестациите на љубовта.

122

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!