19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

АЈ: Една може! А што можат повеќе жени заедно?

ДП: Една за да може, заедничариме сите ние, повеќе жени.

Повеќе солидарни жени заедно можат многу повеќе од она кое

го заслужуваат и посакуваат. Заедно можеме да сведочиме

за фронтовите од битката за основните човекови права,

кои според Универзалната декларација на човекови права

и според Уставот на РМ, на сите ни се загарантирани, а во

практика кршиме копја за да ги досегнеме барем со поглед.

АЈ: За Јованка Орлеанка, која се бореше, мислеа дека е

маж. Кои жени според тебе го променија светот?

ДП: Некои од жените што го менувале светот биле

астронаутки, некои одбиле да седат на задните седишта,

некои се осмелиле да ги насликаат своите животи, некои ја

опеале неправдата, некои оставиле академски трудови, некои

се избориле за ние денес да може да имаме право на глас,

некои докторираат во Кенија, но не смееме да ги заборавиме

оние жени што се ставаат во костец со секојдневието, кои

ги бијат најтешките битки помеѓу насилство, омраза, деца,

кариера, домашни миленичиња, закоравени патријархални

општества и гнили опкружувања... Мои хероини се

самохраните мајки во земјава, оние што се спротивставуваат,

не веднат глави и после сите шлаканици, се изрикуваат

магарешки до последната капка солза и почнуваат одново.

Оние што говорат гласно додека им треперат колената, оние

што не се откажуваат од животот без разлика колку пати тој

од нив се откажал.

АЈ: Каде ја препознаваш женската солидарност?

ДП: Женската солидарност е сон кој се стремам да го живеам.

Понекогаш е лесно, од срце е, но некогаш е секојдневна ука и

борба со себеси.Често ги будам сите клетки за да стражарат

над мене и да не забегам, па учам и грабам кон посовршени

хоризонти. За жал, немаме практики на женска солидарност,

а имаме практики на повнатрешнување на маскулинистички

механизми на однесување.

АЈ: Дали на жената ѝ требаат љубов, брак, деца и сигурност

за себереализација како „комплетна личност“ ?

ДП: На секоја жена ѝ треба правото на слободен избор,

како и на секој маж. Старовековното видување на бракот,

за жал, се практицира и денес, а како таков, според мене,

е алатка за манипулација и угнетување на жената и ни под

разно не е неопходност за да постои љубов или семејство.

Ние, луѓето, сме вибрантна, жива материја, тоа е убавиот дел

од постоењето.

АЈ: Секаде во светот, во популарната култура, шоу-бизнисот

и во рекламната индустрија жените се претставени како

Барбики - убави за око и лесни за употреба! Каква е

медиумската репрезентација на жената во Македонија?

ДП: Популарната култура и шоу-бизнисот се алатки на

капитализмот. Јасно е како бел ден дека крајната цел е

капитал и моќ. Медиумите нè притискаат да трошиме пари

за усовршување на физикусот, вечно незадоволни од својот

изглед. Медиумскиот мрак во Македонија, немањето избор,

автоцензурата, се мали полтрончиња на глобализацијата.

Имаме кампањи за трето дете, за не знам колку месеци

породилно, реклами за сенешто што поттикнуваат на масовна

потрошувачка и атакуваат врз личноста на луѓето. Многу луѓе

веднат глави за дебели хонорари, а секоја самомислечка

индивидуа автоматски ја сместуваат во биномните видувања,

лево или десно. Нема медиумска свесност. Медиумите треба

да се во служба на слободните граѓани.

АЈ: Денес е изградена цела индустрија на покажување на

женското тело и во модната индустрија, и во филмот, и

во светот на музиката? Дали е ова бениген секојдневен

сексизам? Или, што е за тебе сексизам?

ДП: Нема бениген сексизам! А уште поголем е отровот кога

цели индустрии стојат зад ова. Немам проблем со женската

голотија сè додека е форма на слободен избор, а не во

служба на објективизирање на женската сексуалност.

АЈ: Жените многу помалку се застапени како автори, а многу

повеќе како актови (Синтија Фриленд). Само пет проценти

во одделот за модерна уметност се жени, а 85 проценти се

женски актови. Феминистките го поставија прашањето -

дали треба да бидат голи за да влезат во музејот „Лувр“ или,

пак, во „Метрополитен“?

ДП: Герила-девојките уште во раните 80-ти го аргументираа

она што секој/а кој/а пролистал/а низ официјалната историја

на уметност едноставно може да го заклучи: „Дали жените

треба да бидат голи за да влезат во музеј, додека 99% од

момчињата се облечени?“ Многу современи авторки копаат

низ историјата на уметноста со цел да ја менуваат иднината

на уметноста. Убавината во постмодерната е токму вадењето

не само на „нечистиот веш“ туку и на сето она што било

различно или воопшто не било вреднувано.

АЈ: Најлесно е да се биде мајка и вработена во исто време во

Холандија поради фактот дека процентуално речиси сите

мајки работат со скратено работно време. Македонија е на

дното на листата каде што бројот на мајки со едно дете кои

можат да работат со скратено работно време изнесува пет

проценти. Коментар?

ДП: Женските работнички права ми се рана! Родовиот јаз во

платите и немањето системски решенија за невработеноста

на сингл мајките во земјава, почнувајќи од немањето јавни

установи кои би ги згрижувале децата и во попладневните

часови, до немањето приоритет при вработување на оваа

категорија жени, нè притиска на маргините и не ни дава

еднаква стартна позиција на пазарот на трудот. Скратено

работно време е научна фантастика од ролеркостерот

во битката за работнички права во земјава. Женските

работнички права ни се Сизифови маки без структурални

решенија.

АЈ: Дали татковците во Македонија треба да имаат право на

трудничко боледување?

ДП: Биднувањето татко не се создава магично единствено

со чинот на зачнување на детето, како што не се создава ни

мајка единствено со зачнување и раѓање на детето. Двајца

што одлучиле да создадат дете заеднички, заеднички треба

да бидат вклучени и во трудничкото боледување. Но, што па

јас тука можам да зборувам кога јас сама одгледувам дете?!

АЈ: Каква е релацијата мајка-син? И во каков маж/човек би

сакала да го воспиташ својот син?

ДП: Син ми го воспитувам да знае што сака во и од животот.

Сакам да има и да прави избори кои ќе го прават среќен

човек.

127

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!