19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Изглед – Да не се лажеме Македонките се преубави жени. За сите важни настани во својот живот

Македонките не штедат за фризер. Но затоа на пример не ги интересираат многу третмани за заштита

на влакното или подобрување на квалитетот на косата. Кога фризерот ќе ѝ ја згреши бојата на коса, таа

е спремна уште два пати да се префарба веднаш, само вечерта да ја има саканата нијанса. Па макар и

после тоа косата да ѝ е за една употреба. Секоја Македонка што држи до себе вежба и сака да е слаба.

Или барем секоја недела има по една нова слика на социјалните мрежи од теретана и една од Водно.

Сака да купува скапи шминки. Но на козметичар не ѝ се оди зошто ќе ѝ го направат лицето партали. А и

секоја има сестра или другарка што се разбира во тие работи и ѝ го прави лицето партали без пари. Секоја

Македонка што сака да е светска женска ја има прележано фазата солариум. Редовно си прави гел нокти,

и уредно ги објавува на социјалните мрежи. Боите на ноктите се сезонски. Летно време дречливи, преку

зима црвени или бордо, кога знае дека треба подолго да ѝ трае „nude“. За специјални пригоди „French“

или со декорација.

Лоши навики – Скоро секоја Македонка пуши цигари, или пушела во некоја своја фаза. Таа пие турско кафе

на гладно, јаде ѓеврек со сланина после град. Оди на забар кога е пред онесвестување од болка. Кога сака

убаво да изгледа не ѝ е гајле кое годишно време е, и дали ќе добие цистит или ќе си ги настине јајниците.

На одмор игра карти во мокар костим за капење, само затоа што тој најдобро ѝ стои. Држи непроверени

диети препишани од интернет, и купува сомнителни замени за оброк. Со родителите кога е лута дискутира

за мааните на нејзиниот партнер. Кога ќе се смири и е среќна со него, се чуди зошто нејзините не го сакаат.

Ставови – Секоја Македонка има став скоро за сѐ и секого, па така би се заклучило дека е општествено

одговорна и освестена. Или барем така сака да се претставува во секоја прилика. Таа знае дека ако сака

да има добра иднина мора да заврши факултет и да ја прифати првата работа што ќе ја најде без разлика

дали е во склад со нејзината професионална определба. Живее со родителите додека не се омажи. Кога

ќе заглави во град преспива кај другарка или дечко, за да не ја видат комшиите кога стануваат за работа.

Му префрла на партнерот дека не ја посакува и дека ако вистински ја сака, ќе се снајде за место, каде што

ќе можат да водат љубов. Секоја Македонка ја исмејува Ким К. во друштво, и коментира дека е јасно како

и зошто станала славна, а навечер после град си гледа „Keeping up with the Kardashians“ и си нарачува

„Kylie“ шминки. Скоро секоја Македонка знае дека мора да оди на редовни контроли на гинеколог. Обично

оди кога има тешка инфекција или кога треба да роди дете. Секоја Македонка знае дека не смее да остави

да зависи од сопругот и дека мора да има свои пари. Често делот со свои пари го завршува со барање од

тато и мама. Знае дека треба да се бори за своите права во оваа држава. Голта кнедла кога советува друга

Македонка да си ќути и да си ги гледа децата, зашто мораат да растат со татко, и да не ги умре нејзините.

Негативни карактеристики – Скоро секоја Македонка се става себеси во втор план. До 30-тата година

внимава да не ги разочара родителите, над 30-тата децата. Таа има голем потенцијал, но ако сопругот

мисли дека подобро е да ги чува децата, зашто тој добро заработува, ќе го прифати тоа веднаш. Таа

би била одличен менаџер, навикната секој месец да прави чуда со семејниот буџет. Таа нема да даде

отказ во глупавата фирма, ќе му помогне на безобразниот газда, да ѝ зголемува работни саати и обврски.

Неплатени, се разбира. Скоро секоја Македонка во себе крие подобра верзија од себе, што чека... Чека да

се фрлат маските, да го стави своето срце во оклоп, што ќе и го брани од осуда и лажен морал. Секоја од

нас е тажна барем за една работа што не ја направила, зашто немала храброст.

Позитивни карактеристики – Ако си странец и се вљубиш во Македонка, нема да ти биде јасно зошто веднаш

на Фејсбук, ќе те add-нат уште 10 други Македонки. Тоа е нејзината база, нејзината банда. И ќе ти го демнат

профилот, и ќе ги прочитаат сите коментари од 2009 година и ќе ги гледаат профилите на сите девојки што

ги имаш кај тебе на слики. Ако зезнеш Македонка од кај и да си, го губиш цело ваше друштво. Колку и да ти

се блиски момците од друштвото, за неколку месеци ќе треба да си бараш ново друштво. Тоа е така зошто

Македонките се лојални. Ова е ретка почва каде сѐ уште постојат другарки од детство. Македонките имаат

меко срце, полни се со љубов за своите деца, за своите сестри и браќа, совршени ќерки на татко и мајка.

Добри и вредни сопруги, баш треба да си гад, на Македонка да ѝ дојдеш преку глава. Најважно од сѐ во

скоро секоја Македонка лежи добар човек. Таа ќе ја оговара комшиката дека не знае да готви, ама затоа

цел викенд ќе ѝ ги чува децата како да се нејзини. Ќе бега од роднини кога случајно ќе ги сретне во маркет,

па нема да спие цела ноќ, ама ќе седи цела ноќ да помага кога некој од нив ќе прави свадба или матура.

Неа можеш да ѝ се јавиш секогаш кога ти е тешко, без да ти каже „Sorry I can't talk right now“.

Не знам какви се вашите Македонки. Моите се вакви... Неоткриени, несовршени и несвесни за својата

убавина.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

19

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!