19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

С И Т Е Ј А

Ж И В Е Е М Е

С О П С Т В Е Н А Т А

Б А Ј К А

Пишува: Тања Тодоровска

Таа има глумено во многубројни филмски остварувања, театарски претстави, а нејзиниот

талент и целокупната магија околу неа, освен кај нас, беа препознаени и во светски

рамки, па така имавме можност да ја гледаме и на големото платно со потпис на светски

продукции, како и на доделувањето на некои од најпрестижните филмски награди.

Таа е Наташа Петровиќ, младата, талентирана актерка, штитеник на Театарот за деца и

младинци во Скопје, нашата инспиративна соговорничка во февруари.

Наташа, актерско, филмско деби имавте со „Сенки“, по што следуваа уште многу успешни

филмски остварувања, како „Еликсир“, „Лазар“, „Сведок“, „Соба со пијано“, „До балчак“,

претстави во рамките на независниот театар „Театра“, како и многубројни претстави во

Театарот за деца и младинци, што ви е матична куќа. Повеќе од шест години активно се

занимавате со глума, но каква разлика забележувате кај себе од почетоците, па сѐ до

денес? Какво чувство преовладува во вас кога ќе си направите лична, професионална

ретроспектива?

Секој ден учам нови работи за себе и за тоа како и што можам да направам. Секој нов

проект го сметам како скалило погоре/подолу, што ме носи кон нови сознанија и знаења.

Имам чувство дека сѐ уште имам уште многу, многу работи за учење и откривање, дека

сѐ уште немам отворено доволно прозорци во мојата душа, дека сѐ уште имам простори

за освојување и многу граници за поместување. Сите учиме додека сме живи, па затоа

треба секој ден и секој предизвик да ги живееме со полна пареа и да бидеме отворени

кон непознатото и новото што стои пред нас без разлика колку понекогаш да ни се чини

застрашувачко и нескротливо.

Кај нас, во практиката, актерите многу почесто имаат можност да се изразат во театар,

отколку на филм, веројатно бидејќи филмската продукција сѐ уште е во подем и до

денес е далеку од оние десет филмови годишно што ги посакавте во едно ваше интервју.

Можете ли да направите паралела што суштински се разликува при работењето во

театар, односно на филм?

Пристапот на работа на одредени проекти секогаш е индивидуален, бидејќи секој од нас

има развиено различен систем на работа преку кој доаѓаме до ликовите што ги толкуваме

без разлика дали станува збор за театарска или филмска улога. Според моето досегашно

искуство од работа на филм или во театар можам да кажам дека една од големите разлики

е експресивноста. Театарската сцена бара сѐ што правиш да биде покрупно и поголемо

за да можат да те разберат и да те слушнат дури во последните редови во гледалиштето,

а за разлика од тоа камерата бара суптилност и природност зашто сѐ што е пренагласено

изгледа неуверливо.

33

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!