19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Портрет убавина

НЕГА И ЗДРАВЈЕ СО

спа-третман

Спа-туризмот е еден од најстарите видови туризам, особено ако се земе предвид начинот на кој старите Грци и Римјани

се опуштале и уживале во благодатите на термалните води и бањи. Во последните две децении, пак, особено се бележи раст на

корисниците на спа и велнес-услуги, а брзиот и стресен начин на живот придонесува луѓето да се свртат кон специфичностите и

разните придобивки што ги нуди модерниот бањски туризам, особено во зимскиот период, совршен за уживање и регенерација.

Покрај многубројните физички здравствени придобивки, услугите во квалитетните спа и велнес-центри нудат и ментално и

психичко опуштање, доведувајќи го телото во природен психофизички баланс. Зборот „спа“, што значи бања, минерална, топла

вода, се користи за сè што е поврзано со здравјето, односно користење и уживање во придобивките од водата и со помош на водата,

на пример, хидромасажи, сауна, турска бања, солена соба, базени со солена вода, лековита и минерална вода...

Финска сауна

Скоро и да не постои спа-центар без сауна, а најкарактеристична е

финската сауна со дрвениот мирисен простор исполнет со сув топол

воздух на температура од 70 до 100 Целзиусови степени со ниска

влажност на воздухот од 10 до 15 проценти. Поради високата температура,

престојот е ограничен од 6 до 15 минути, во зависност од поднесувањето

високи температури, на што треба особено да се внимава. Самото потење

го ослободува телото од штетните материи и од отровите и ја подобрува

циркулацијата на крвта, го зајакнува имунитетот и помага да се опушти

телото од стресот.

Топли лежалки

Лежалки со природната температура на телото од 37 до 39 степени со што

се постигнува телото да се загрее без потење и се подобрува протокот на

крвта, а со тоа се зајакнува имунитетот. Топлината од лежалките добро

влијае и врз нервниот систем и го враќа организмот во природен баланс,

го ослободува телото од стресот и ги намалува грчевите во мускулите.

Турска бања

Вид сауна во која има висока влажност на воздухот што се движи до 100

проценти, температура од 40 до 50 Целзиусови степени и се престојува од

5 до 20 минути. Ова е стар начин на капење и потекнува уште од времето на

старите Римјани. Турската бања, односно амам, најмногу се препорачува

за бронхијална астма, проблеми со горните дишни патишта, кашлање,

како и болка во зглобовите. Во турските бањи има и чешма за повремено

разладување со ладна вода, а многумина ставаат и сол на телото бидејќи

на тој начин се врши пилинг и се обновува површината на кожата.

66

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!