03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Галерија

Ирис Апфел – Ретката модна птица

Оваа 94-годишна модна икона не престанува да го воодушевува

модниот свет со своите несекојдневни ексцентрични модни

комбинации, но и со својата позитивна енергија и виталност.

Таа и нејзиниот сопруг Карл Апфел повеќе од 50 години се

творци на успешна бизнис-приказна, како сопственици на

една од најуспешните компании за текстил во Америка. Таа

за својот моден стил вели дека применува една едноставна

формула, не следи трендови, туку традиција, и дека низ

годините тој само се надградувал, но основата му е иста:

„Никогаш не давам повеќе од 700 долари за чанта и од 25

долари за фармерки од едноставна причина што не вредат

повеќе“, вели оваа „fashion granny“, чијшто заштитен знак

се големите очила во различни бои. Нејзин став е дека

сите ограничувања во модата произлегуваат од женската

несигурност: „Секоја жена што не поседува природна убавина

треба да знае како да се истакне и во секоја пригода да

изгледа атрактивно. Стилот не се купува со пари, тоа е нешто

што го поседуваш или не и се однесуваш инстинктивно. Јас сум

голем противник на пластични операции и вештачки помагала

за убавина. Јас наоѓам убавина во секоја фаза од животот и

сметам дека стареењето не е за страшливци“.

Вивиен Вествуд – Панкерката со огнена коса

Вивиен Вествуд, најексцентричната дама на британската

модна сцена, е една од најзаслужните за создавање на панкмодата

во седумдесеттите години. Таа со својата најголема

љубов и креативен партнер Малколм Мекларен создаваат

револуционерни колекции инспирирани од моторџии,

проститутки и различни фетиши, што веднаш паѓаат во очи на

модните фанатици. Кога Малколм станува менаџер на светски

познатиот бенд „Секс пистолс“, тие почнуваат да ги носат

нивните модели на настапи и турнеи и нивниот труд набргу

станува познат низ цела Британија и пошироко. Сите нејзини

колекции ја испраќаат истата порака, дека таа е оригинална и

ексцентрична модна икона, револуционерка, што не се плаши

да ризикува и да диктира модни трендови.

„Модата во секој облик има иста цел, а тоа е да ја прави

секоја жена прекрасна. Таа треба да се користи како оружје,

во изразувањето на личниот печат и на сопствениот став.

Нашата професија носи голема одговорност, но и уживање

дека испраќаме порака за подобар свет. Еве, моментално

е неопходно да го актуализираме прашањето за спас на

светските шуми“, вели Вивиен, жената со огнена коса, чиишто

ревии постојано испраќаат некој политички или општествено

одговорен став.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!