03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Една од вашите цели е и едукација за бувовите во Македонија.

Како ја спроведувате?

Едукацијата е една од најважните активности на здружението.

Сигурни сме дека најважно е најмладите да ги информираме,

да ги запознаеме и да им го образложиме значењето на бувот

и неговата важност. На едукациите во училишта и градинки

носиме був кој е веќе, за жал, шест години со нас. Имаше

повреда на крилото, што и по залечувањето остави трајни

последици, па не може да лета.

Според вашите сознанија, од што најчесто се повредени

бувовите што ги земате на грижа и лекување? Како изгледа

грижата за повредените бувови, приближно колку време трае

заздравувањето пред да ги пуштите назад во природа?

Најчести повреди на бувовите се од напад од други грабливи

птици, често има и од удари од автомобил, но и од пукање со

воздушна пушка или сачмарка... од сè по нешто. Грижата за

повредените бувови зависи од случајот, но секако потребно

е многу внимание, нега и посветеност. Заздравувањето, пак,

трае од најмалку една недела до три или четири месеци.

Почетокот на летото за овие птици е многу важен период.

Тие тогаш се гнездат и имаат млади, но ова е и периодот кога

најмногу угинуваат. Зошто е тоа така и на што треба особено

да се внимава?

Не само овој период, секој период е чувствителен за бувовите.

Луѓето треба да разберат дека бувот не е животно кое носи

несреќа, дека бувот е животно на кое главен дел од исхраната

му се глодарите и е природен пестицид. Секако, најголем

непријател на бувовите е човекот, свесно или несвесно, тој

влијае директно на нивната популација преку зголемување на

употребата на пестициди во земјоделството и сточарството во

нашата околина.

Градскиот парк во Скопје беше дом на повеќе видови бувови.

Меѓутоа, сега бројот е намален. Колку гнезда се сега останати

и од кои видови?

Пред десетина години во Градскиот парк имаше седум гнезда

на долгоушестиот був, а бројот оттогаш секоја година се

намалува, оваа година има едвај две. Со сечењето на дрвјата

многу се наруши биодиверзитетот во Градскиот парк и тоа

директно влијаеше на бувовите. Ние сме единствени кои

толку долго работиме со бувовите. Имаме соработка со други

организации од земјава и од странство. Одлична соработка

имаме со инспекторатот од Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство, морална поддршка од

Министерството за животна средина и просторно планирање,

соработка со Македонското еколошко друштво...

Фотографија: Горан Анастасовски

Бувовите се ноќни грабливки кои имаат човечки лик, очите и

клунот им се поставени исто како и очите и носот кај човекот. Кај

некој видови бувови очите се со иста големина како и човечките,

зениците се големи и на тој начин го собираат максималното

количество светлина. Гледаат совршено и дење и ноќе, но како и

кај поголемиот дел од птиците, очите им се недвижечки, па за да

го пренасочат видот мораат да ја вртат целата глава, а интересен

е податокот дека бувовите ја вртат главата под агол од цели 270

степени без да го помрднат телото. Оваа способност овозможува

движењето на бувот да биде сведено на минимум, како и да

ја елиминира вревата што би ја правел додека го чека пленот.

На територијата на Македонија живеат девет видови бувови,

ушестиот був, шумскиот був, мочуришниот був, кукувијата

(амбарскиот був), уралскиот був, голем ушест був, кукомјавка,

шумска кукомјавка и ќук. Со големина од 16 до 18 сантиметри,

ќукот е најмалиот був кај нас. Тој е преселна птица, доаѓа и си

оди заедно со ластовиците, додека големиот ушест був со својата

големина од 70 сантиметри и распон на крилја од околу два

метри е најголемиот був што ги населува нашите простори.

Бувовите се најкорисни суштества во едно поле, па и урбана

средина. Тие се хранат со глувци, стаорци, кртови, во текот на

ноќта можат да уловат од три до пет глодари...

Најголемата придобивка од бувовите е намалувањето на

бројот на штетници (глодари). Без хемиски пестициди тие

директно го чуваат нашето здравје. Во Македонија има девет

видови бувови. Сите различни по големина, место на живеење

и лик. И сите тие си ја имаат улогата во еко-системот. Во

Англија е направено испитување и веќе се користат бувови

во замена за хемиските пестициди. Се прекинува употребата

на пестицидите и се поставуваат куќички за бувови и соколи

кои ќе ја завршат истата работа како и пестицидите само што

земјата ќе остане почиста, храната поздрава и дефинитивно

ќе се заштедат пари.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!