03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

АЈ: Велите – „Прво во природата на човекот е да плаче, а после

да се радува“. Туѓите несреќи може брзо да ни станат блиски.

Преку нив дознаваме и за себеси. Документарниот филм ја

овозможува таа емотивна идентификација со судбината на

другите, но тенка е границата на кокетирањето со патетика

за да се изнуди емпатија и солзи. Како ја препознавате

манипулацијата на филмското платно?

ГТ: Многу лесно, веднаш го препознавам резот заради ефект,

траењето на кадарот заради емпатија или мултиплицирањето

на одредена емоција. Веднаш ги препознавам наметнатите

режисерски манипулации со ликот, протагонистот и со вас

интерактивно. Подвижната слика има клуч да отвори и да

затвори многу врати и светови. Таа слика е виртуелниот бог,

милостив и одмаздољубив во истовреме.

АЈ: Да, а документарниот филм е сведок на времето! Што ќе

остане запомнето од ова наше време-невреме?

ГТ: Покажаните силни емоции на документарните сведоштва,

нашите акции и мисии можеби мали, но важни во нашето маало,

нашето работно место, нашата околина, во нашата земја...

СОЗДАВАМЕ СВЕТ НА ЛАЖНИ „ИКОНИ“ И ФАЛСИФИКУВАЊЕ

НА СЕКОЈДНЕВИЕТО. РЕВИЗИЈАТА ЌЕ НИ ЈА НАПРАВАТ

ПРАВНУЦИТЕ.

АЈ: Се сеќавам на една ваша изјава во интервју, каде што

велите: „Дали си во Сарамзалино, во Скопје, Торонто или

Дамаск, центарот на светот си ти! Социјалните мрежи отидоа

премногу далеку во прикажувањето на реалноста во моментот“.

На овие теми зборувавте и на форумот во Атина, каде што

со вас на сцена беше и Дијана Ал Џераиди, директорката

на фестивалот од светски формат, „Докс бокс“ од Дамаск,

Сирија, и зборувавте за тоа што се случува кога актуелноста

ќе ја надзборува реалноста, со акцент на граѓанската војна

во Сирија, односно за видеовоајеризмот и видеоактивизмот.

Каде се преплетуваат документаристиката и денешната (зло)

употреба на новите медиуми и дигитални култури?

ГТ: Колку добро паметите, Ана. Тоа се случува во сите сфери

на живеењето. Субјективното надвладува, а не колективната

одговорност. Заради таа негрижа и несовесност создаваме

свет на лажни „икони“ и фалсификување на секојдневието.

Ревизијата ќе ни ја направат правнуците.

АЈ: Кои грдотии од светот би ги исекле со еден остар монтажен

рез?

ГТ: Алчноста, завидливоста, злонамерноста, насилството, сето

она што го поседува човековата природа, а со законите на

духовна цивилизација сме требале одамна да го отстраниме

како туѓо тело и да ја отфрлиме таа кожа од нас. Да ја воведеме

самокритиката како важна и корисна утринска лекција, секако

насамо сам со себе. (се смее) Да ја негуваме почитта на

различниот. Многу барам, ама ќе барам и понатаму.

АЈ: Каков е вашиот став за папочната врска меѓу политиката и

уметноста?

ГТ: Вековен, но можно раскинлив. Треба согласност и од едната

и од другата страна. Оваа врска е непотребен „загадувач“ на

чистата уметничка креација, главна причина за проширување

на озонската дупка во просторите на квалитетните културни

вредности.

ПАПОЧНАТА ВРСКА МЕЃУ КУЛТУРАТА И ПОЛИТИКАТА Е

„ЗАГАДУВАЧ“ НА ЧИСТАТА УМЕТНИЧКА КРЕАЦИЈА. ГЛАВНА

ПРИЧИНА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ОЗОНСКАТА ДУПКА ВО

ПРОСТОРИТЕ НА КВАЛИТЕТНИТЕ КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ.

АЈ: Жените киноматограферки во Индија и во Авганистан

се помалку платени од мажите. На една тркалезна маса што

ја правевте пред неколку години го кажавте примерот на

жената-снимател која му била придружник како камерман на

Мао Ѕедунг на неговите говори пред народот. Таа го сликала

народот наместо него, а тоа праќа добра порака за потребата

да се слушне гласот на граѓаните, а не само на водачите и

проповедниците. Што би додале на ова, Гена?

18

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!