PET CAM АЛЕК НАУМОВСКИ И НЕГОВОТО МИЛЕНИЧЕ МАРЈАНА. 122 Фотографија: Жарко Чулиќ
Се зборува за... ШПАРКАСТИЧНО ПАТУВАЊЕ СО „ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА“ „Шпаркасе банка Македонија“, по повод свеченото отворање на фестивалот „Пивофест“, во соработка со „Македонски железници Транспорт“ АД, организираше ексклузивно патување со воз на релација Скопје-Прилеп-Скопје. На „Шпаркастичното патување“ присуствуваа многубројни гости, соработници и вработени во „Шпаркасе банка Македонија“, а посебен вагон беше резервиран и за #smladi – корисниците на Пакетот за млади, чиешто присуство го направи ова патување уште поинтересно. Како дел од посетата на Прилеп, клиентите и соработниците присуствуваа на свеченото отворање на експозитурата на „Шпаркасе банка“, на нова локација во градот. На овој настан банката го промовираше новиот и модерен изглед во кој се обновуваат експозитурите, со внатрешно уредување и надворешно брендирање согласно со стандардите на „Шпаркасе“ и групацијата „Ерсте“. Воедно, претставниците од банката го промовираа концептот за опслужување на клиентите, овозможувајќи им целосна понуда на банкарски производи и услуги на едно место, вклучувајќи и понуда за осигурување и лизинг преку своите партнери и соработници „С-Лизинг“, „Винер Осигурување“ и „Винер Лајф“. Како дел од „Шпаркастичното патување“, за сите гости и соработници беше организирана посета на фестивалот „Пивофест“, каде што на штандот на Прилепска пиварница гостите уживаа во добрата атмосфера. На полноќ заврши „Шпаркастичното патување“ со враќање со возот до Скопје. КОНЦЕНТРИРАНА, ПРИРОДНА НЕГА НА КОЖА СО ФЛУИДИТЕ BABOR BEAUTY Извлечете максимум од производите за нега на вашата кожа, така што ќе користите интензивни и концентрирани производи. Токму овој пристап е инкорпориран во филозофијата на флуидите Babor и Babor beauty. Тие содржат висококонцентрирани, природни активни состојки и даваат убедливи резултати што можете да ги видите и да ги почувствувате. Комбинацијата на стерилно пакување и ампули со индивидуална големина исто така ја обезбедува најчистата форма на нега на кожата. Флуидите Babor beauty обезбедуваат ексклузивна нега на кожата во најконцентрираната форма и вклучуваат повеќе активни состојки во висока доза за секој тип и состојба на кожа. Предусловот за добри резултати и видлив успех е седумдневен интензивен третман. Затоа, флуидите Babor beauty се нудат во комплети од седум ампули од два милилитра. Но, успехот на третманот за нега на кожата понатаму може да се засили со комбиниран третман што трае три до четири недели. Колку е подолг третманот, толку се поинтензивни и потрајни резултатите. Флуидите Babor beauty се класифицираат во следниве категории: хидратантни, регенеративни, против стареење, заштитни (против слободни радикали), балансирачки. Расположливи се за сите типови и состојби на кожа и го формираат идеалниот почеток на неделниот домашен третман. ДИЗАЈНЕРСКАТА ПРИКАЗНА НА FRAN Модното студио FRAN е место каде што ултрамодерниот моден дизајн, дополнет со креативен и софистициран мејк-ап, професионален стајлинг за фризури и изработка на нокти со најсовремени техники прераснуваат во комплетен стајлинг, што редовно остава без воздишки. Моливчето на младата и талентирана дизајнерка Фросина Ангеловска создава тренди, а бајковити креации, притоа задржувајќи ја потребната доза на префинетост и оригиналност. Елегантна коктел или вечерна тоалета, модерен невестински фустан, впечатлива матурска креација, уникатни бизнис-модели, невообичаени дневни парчиња... Студиото FRAN веќе трета година по ред се издвојува како едно од најквалитетните и најпрофесионалните во Скопје, а за тоа сведочат многубројните задоволни клиенти, естрадни уметници, остварени соработки, фотосесии, едиторијали и ревии. А кога кон ова ќе го додадете и професионалниот стајлинг за фризури, магијата на вештите раце на еден од најдобрите стилисти во Скопје – Ѓорги Тренов, кој од неодамна е дел од тимот млади професионалци во FRAN, комплетниот стајлинг со кој ќе излезете од ова студио дефинитивно ќе биде забележан и сигурно запаметен... 123