03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Јин-Јанг

ЃОКО ЗДРАВЕСКИ - ПОЕТ

МРЗЛИВОСТА Е ИЗГОВОР

ЗА НАСОБРАНИТЕ

СТРАВОВИ

Освестената тага е ослободена од гнев,

лутина и одмаздољубивост

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: На поезијата не ѝ можеме ништо! Што ја прави вашата

поезија популарна во време на лајкови и брзи инстантвредности?

ЃЗ: Копнеам својата поезија да ја ослободам од себеси и себеси

да се ослободам од неа, како што родителот и детето заемно се

ослободуваат кога ќе дојде времето за тоа. А на поезијата не ѝ

можеме ништо затоа што неа не ја засегаат световните аршини

со кои поетите си ги мерат своите суети.

АЈ: Има ли живот надвор од полисот?

ЃЗ: Ова прашање првпат си го поставив кога од возот во една

европска држава видов огромна канализациска цевка под

ископаниот асфалт. Дијаметарот на таа цевка ми се виде како

метафора за тоа колку сме зависни од цивилизацијата. Од раѓање ни

е удрен мурот. Потоа си го поставив прашањето: Има ли живот отаде

полисот?

АЈ: Што најмногу те вознемирува кај себе?

ЃЗ: Мрзлив сум до бескрајот. Ама, за да биде бељата поголема,

свесен сум дека мрзливоста е всушност само изговор за насобраните

стравови. И тоа страшно ме вознемирува.

АЈ: Свесноста за тагата ја прави тагата убава. Зошто?

ЃЗ: Затоа што освестената тага е ослободена од гнев, бес, лутина,

одмаздољубивост. Како што освестената љубов е ослободена од

љубомора, страв, страст и од потребата некој да биде нечиј.

АЈ: На кои полиња во општеството сте активни?

ЃЗ: Не се доживувам како општествено активен. Со текот на времето

сфатив дека, всушност, ич не се разбирам во општество, повеќе сум

по природата. Целиот тој систем ми е бесмислен и лажен. Дејствувам

ќутенката, скраја, без другите да знаат.

АЈ: Во Скопје ме нервира...

ЃЗ: Вишокот. Во Скопје има сѐ помалку празен простор.

АЈ: Добрите луѓе ги препознавам по...

ЃЗ: Наивно верувам дека сите луѓе се добри, само што некои од нив

лошо се справуваат со болката, па стануваат диктатори, на пример.

АЈ: Општеството е гнило кога...

ЃЗ: Целата цивилизација ми се чини гнила, гротескна, превртена на

глава. Тоа ме прави малодушен и можеби затоа некогаш молитвата и

медитацијата ги доживувам како бегство.

АЈ: „Кога пишувачот ќе си го растрепери сопственото срце, ќе може

да ги растрепери и срцата на останатите. Без лага, без китење“. Кои

болки во животот не ги скривте од очите на јавноста?

ЃЗ: Тие што не ги скрив од себеси.

АЈ: На политичкиот кантар најмногу тежат лагите за...

ЃЗ: Лагите што ги мислиме вистини, па со сета страст се бориме за

нив. Ѓаоло ни ора, ни копа...

АЈ: Споменик би му/им изградил на...

ЃЗ: Збоктисано ми е од споменици.

АЈ: Најсоголен се чувствувам кога...

ЃЗ: Кога зборувам во сон. Само што досега никој не запишал што

имам кажано.

АЈ: За секое грнче, има капаче. :) Кое е вашето капаче?

ЃЗ: Има едно. И не е од „кока-кола“. :)

АЈ: Омилена филмска реплика ми е...

ЃЗ: „Не ми е добро. Не ти е добро ни тебе. Не им е добро ни на луѓето

надвор. Не ѝ е добро на моќната Турска Империја. Народот бара

правда. Феудална Турција повеќе не била праведна. Кога ќе умреме,

ќе ни се помочаат на моќта“.

АЈ: Август е месец на/за...

ЃЗ: Џиткање главечки во витлите на Дрим. И се пушташ реката да те

носи.

124

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!