03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Галерија

БЕЛАТА ДАМА ВО СВЕТОТ НА МОДАТА

НИНА РИЧИ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Префинети, романтични, женствени: трите епитети

со кои најчесто се опишуваат креациите на Нина

Ричи. Ја нарекуваат уште и „белата дама“ поради

препознатливиот имиџ: белата виткана коса, бисерните

ѓердани и бледиот тен. Таа е жената која високата мода ја

направи достапна за припадничките на париската буржоазија

во раниот дваесетти век. Нејзиниот демократски пристап

кон модата и фактот дека најверните клиентки се дел од

француската висока средна класа, а не од аристократијата

на светските метрополи се главната причина што, и покрај

нејзиното мајсторство и успехот на брендот, модните

критичари никогаш не ја подредиле во иста линија со

ривалите „Шанел“ и „Ланвин“. Денес, освен преку модните

колекции на дизајнерите кои ја продолжуваат визијата на

Нина Ричи, брендот живее и постојано се обновува преку

познатите линии на парфеми во неодоливи шишенца.

Марија Ниели се раѓа во 1883 година во Торино, а Нина е

прекарот од детството под кој ќе остане запаметена. Таа

е едно од петте деца на италијански чевлар кој одлучува

семејството и бизнисот да ги пресели во Монте Карло кога

Нина сѐ уште е дете. Неговата рана смрт ги принудува Нина

и мајка ѝ да се преселат во Париз. На четиринаесет години

таа наоѓа работа во шивачка работилница, а кратко подоцна

сосема случајно, возејќи се во автобус, го запознава Луиџи

Ричи, син на познат златар од Фиренца. Од почетокот ги

поврзуваат италијанските корени и смислата за естетика,

се раѓа љубов и набрзо стапуваат во брак. Но, како и татко

ѝ, и сопругот умира прерано, оставајќи ѝ ги во наследство

семејното име, Ричи, и нивниот единствен син Роберт, два

клучни елемента во кариерата на Нина Ричи, која тукушто не

почнала. Во 1908 година Нина наоѓа работа во модната куќа

„Рафин“. Иако се работи за една од просечните модни куќи

во Париз од тој период, сепак ќе се покаже како совршено

место, каде што таа ќе го испече својот занает и ќе го

надградува талентот во следните 24 години. Благодарение

на нејзината креативност и умешност во „Рафин“ добива

самостоен оддел со свои работилници, кројачи и клиентела

која ќе се препознае во нејзиниот стил, што претставува

совршена комбинација на грациозност и едноставност.

Еднакво посветена е и на својот син, кој од неа го наследува

неуморниот дух и смислата за претприемништво. По смртта

на сопственикот на „Рафин“, модната куќа се распаѓа.

Нина Ричи има 49 години и е подготвена да се повлече од

светот на модата, но токму Роберт е тој што ќе ја убеди да

се осмели да основа сопствена модна куќа во истиот тој

Париз што ѝ ги отвори вратите кога беше само девојче полно

26

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!