You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Ексцентрични модни

икони

Иако постојат многу жени со префинет вкус и беспрекорен моден израз, модни икони што едуцираат и инспирираат, сепак

некои од нив свесно или несвесно носат со себе и со тежината на своето име и презиме поголема одговорност. Тоа се жените

што ја менуваат модата од темел, уметници во секоја смисла на зборот, естети во секој аспект од животот. Сите нив ги

поврзува љубовта кон модата и нивниот животен стил. Тие не се задржуваат само на задоволување на естетските страсти,

тие својот печат го оставаат многу подлабоко од модните кругови.

Тилда Свинтон – Снежна модна кралица

Оваа актерка, оскаровка со андроген изглед, зад себе има

импозантно модно портфолио. Со својот необичен изглед, дел

е од најразлични модни кампањи и заштитно лице на модни

гиганти како „Шанел“, „Нарс“ и сл. Со впечатливи сини очи,

кратката коса со ледени нијанси и со своето држење и став,

буквално секое модно парче ѝ стои шик и зрачи со елеганција

и достоинство.

„Да бидам искрена, не знам ни дали ја сакам модата. Секогаш

одбирам облека што ми го привлекува вниманието на прв

поглед. Можеби е инстинкт, а можеби само немам нерви“, се

шегува Тилда, која низ декадите прерасна во сестран уметник и

вистинска модна инспирација.

Ана Пјаџи – Модата е забава на која сите се поканети

Ана Пјаџи остави длабока трага во европската мода. Како

уредник и соработник на многу модни магазини, таа го остави

својот артистичен печат во модната индустрија. Најистакната

е нејзината долгогодишна соработка со „Вог“ Италија, за

кој има сработено преку 6.500 страници едиторијали и има

внесено многу маркетинг-трикови и иновации, како двојната

корица, ПР-текстови и сл.

„За мене модата е момент, експресија... Хумор, шеги и игра.

Јас поставувам свои правила, никогаш не станува збор за пари,

секогаш се работи за стил и моќ. Таква сум површна, но мојата

позитивна енергија е заразна“, вели оваа колекционерка, која

има преку 2.500 парчиња облека.

28