03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

повеќе како алиби на неталентирани поети и текстописци. Во една работа сум сигурна, на светот

не му недостига уште еден плагијаторски бенд кој пее на лош искривоколчен англиски. Од нашето

искуство на свирење речиси низ сите европски земји, знам дека луѓето ги радува автентичност дури

и кога не ја разбираат целосно од „А до Ш“. Музиката не пренесува само зборови, пренесува чувства

што се универзални, без пасош, пол, националност... Ќе те насмеат, расплачат или, во најлош случај,

ќе те остават рамнодушен/на.

Се јавувате како авторка, но и како актерка во словенечката претстава „Škrip Inc.“ на режисерката

Јелена Русјан. Претставата зборува за тоа „како да кажете кои се вашите стравови без да се

плашите дека ќе изгубите што било“. И – откривте ли како се стига до вакво лично ослободување?

Претставата зборува за тоа како живееме опкружени со масовно произведени објекти, но и масовно

произведени луѓе. Секој граѓанин е производ на својата земја која се обидува да го брендира и

да го унифицира со одредена матрица на живеење, од која тешко бегаме. Во таа смисла, Made in

Germany функционира како знак за квалитет, а Мade in China како знак за неквалитет. Што значи

кога етикетата Made in Macedonia ќе ја аплицираш и на луѓе? Какви луѓе произведува оваа земја? Од

многу нивни стравови, успеав да се ослободам.

Музиката не пренесува само зборови, пренесува чувства што се универзални,

без пасош, пол, националност... Ќе те насмеат, расплачат или, во најлош

случај, ќе те остават рамнодушен/на.

Нѐ радува веста за новото студио за потребите на бендот во Старата скопска чаршија. Како го

замислувате просторот, поточно каква ќе биде неговата функционалност и дали ова е просторот

што му недостигаше на бендот за уште попосветено создавање музика, за проби, свирки, дружења

со фановите?...

На покана на Архитектонскиот факултет бев гостинка на предавање, каде што симулиравме

ситуација во која јас глумам дека сум клиент, а студентите треба да изработат архитектонски план

и макета за музичкото студио од моите соништа. Генијална идеја на професорите од тој факултет

со која на студентите, т.е. идните архитекти им даваат шанса не само теоретски да го замислуваат

потенцијалниот муштерија туку и практично имаат можност да комуницираат со него. Еден од

потенцијалните „клиенти“ бев и јас. Студентите брилираа во задачата и изработија петнаесетина

макети за совршен простор за вежбање со идеална акустика, простор за одмор, библиотека,

градина, зеленило, цвеќиња. Рај! Еден убав ден можеби и ќе го изградиме. :)

Почетокот на годината за „Бернајс пропаганда“ значеше и три одлични, распродадени концерти

во МКЦ, голема европска турнеја, па многубројни гостувања низ републиката. По кој пат ги

продолжувате чекорите и идните планови на бендот?

Следната година е важна за нас поради тоа што ќе заокружиме една деценија постоење со издавање

плоча во Бразил и Канада, јубилеен концерт во Скопје, документарец, монографија... И по десет

години, ме радува тоа што доживуваме рестарт пред секој албум, сѐ уште нѐ држи почетничката

страст за создавање нови песни. Луѓе би убиле да го вратат тоа чувство. Прв месец вљубување... :)

Кристина, по професија сте професор по филозофија, но и социјално-ангажирана уметница

и феминистка. Вие сте авторка, музичарка, актерка, пишувавте колумни за дневни весници и

списанија... Добивам впечаток дека гласот кој не се плаши да зборува ќе си го најде својот пат,

својот медиум низ кој ќе ја пренесе пораката. Конечно, која е вашата порака, кој отпечаток сакате

да го оставите со своето создавање и дејствување?

Едноставно е... Никој не ме поседува, затоа не се плашам да зборувам.

37

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!