03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Во желбата да се биде поинаков, различен и уникатен, многумина го одбираат полесниот пат и

наместо издвојување од толпата, се решаваат да ја следат актуелната тенденција. Плагијаризам

наспрема оригиналност, стереотипизација наспрема отворен ум, тивок глас или молк наместо силен,

бунтовен глас за промена... Но, кога на ваквиот стремеж му пркоси поинакво струење невозможно

е тоа да остане незабележано. Ваквата контрапропаганда е отелотворена во Кристина Горовска,

вокал во групата „Бернајс пропаганда“, која освен по својот музички печат, препознатлива е и по

својот социјален ангажман, феминистичката перспектива и гласните ставови.

Едвард Бернајс, по кого вашиот бенд го носи името, е основач на дисциплината односи со јавност, а

неговото најпознато дело „Пропаганда“ (1928) се занимава со манипулацијата на јавното мислење

како дел од демократијата. До каде сме со ваквата пропаганда по речиси 90 години од нејзиното

втемелување во општеството?

Меѓу првите успешни експерименти на колективна манипулација што Едвард Бернајс ги испроба е

да ги убеди жените кон крајот на дваесеттите години на минатиот век дека тенките цигари „слимс“

се симбол на женственост и слобода. Апсурдот отиде толку далеку што лекарите и научниците се

потпишаа и зад заблудата дека никотинот е здрав. Тоа е совршена илустрација за суштината на

секоја пропаганда: колективно прифатената лага станува вистина. Денес, по речиси еден век од

јавното лансирање на овие лаги, се разбира не веруваме дека слимс-цигарите ќе ги ослободат жените

или дека се здрави, а сепак останавме да го практикуваме стереотипот и сѐ уште од необјасниви

причини веруваме дека тенката форма е иманентно женска. Ако го аплицираме истиот принцип врз

митот за женската убавина, повторно од необјасниви причини, веруваме дека совршената жена е

50 килограми „слимс“ и се поврзува само со козметика, декор и екстериорен дизајн, наместо со, на

пример, мудрост. Пред три години во една песна напишав: Убави се само оние што се слободни...

денес ми се чини поточна дефиницијата: Убави можат да бидат само оние што се добри. Како

да имаме некој вроден дефект да веруваме во митови, што нѐ прави лесна мета за секој облик на

пропаганда што ја искористува амбивалентноста на нашите чувства. Кога сме среќни ни продаваат

парфем за да прославиме, кога сме несреќни ни продаваат политичка кампања за да се спасиме.

Купивме сѐ освен вистината што не звучи секогаш привлечно. Не звучи атрактивно фактот дека сѐ

уште постојат луѓе во оваа земја кои 20 години не биле на одмор. Најголемиот пораз ми се чини не е

кога нѐ лажат – туку кога пропагандата метастазира однатре – кога се лажеме себеси.

Како да имаме некој вроден дефект да веруваме во митови, што нѐ прави

лесна мета за секој облик на пропаганда што ја искористува амбивалентноста

на нашите чувства. Кога сме среќни ни продаваат парфем за да прославиме,

кога сме несреќни ни продаваат политичка кампања за да се спасиме. Купивме

сѐ освен вистината што не звучи секогаш привлечно.

Против ваквата пропаганда се борите од 2007 година. Составот се менуваше, а со него и

музичкиот стил. Веќе не сте оној њу вејв/постпанк диско-бенд, како што и самите се опишувавте

на почетоците на „Бернајс пропаганда“... Во кој дух, во каков ритам продолжувате да ја водите

вашата контрапропаганда?

Музичките жанрови се како сообраќајни знаци и ја олеснуваат комуникацијата, но се проблематични

поради тоа што се еднодимензионални и забораваат дека музиката ја создаваат луѓе, а луѓето се

слоевити, емотивни и повеќедимензионални суштества. Особини што ги прават и непредвидливи.

Не можам да предвидам во кои „реки“ ќе пливаме сонично, но знам дека сѐ уште ни е поважно да

32

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!