03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Изборот е слобода

ГРАД: ГРОНИНГЕН Е ГРАД НА МЛАДОСТА

Гронинген е град во кој не можеш да бидеш стар. Град што бара од сите, без разлика

на возраста, динамичност! Студентски град, во кој кога и да одам се случува нешто

интересно. Град во форма на младо човечко тело, што со себе ја носи како пердув својата

векови стара историја. Град како од бајките, со мали куќички, надвиснати над тесните

канали низ кои често минуваат вчудовидувачки големи бродови со високи јарболи, со

подвижни мостови и мали улички преполни со велосипедисти... Автомобили нема во

центарот на градот, оти сè е направено по мерка на пешакот, велосипедистот и оние што

пловат. Град како создаден за мене.

СЕМЕЈНА АРХИВА: МАЈКА МИ МИ ОСТАВИ УНИКАТНИ КНИГИ

ВО НАСЛЕДСТВО

Мајка ми ми остави книги во наследство. Некои од нив се навистина уникатни и со лични

посвети од разни писатели, некои се смешни и далеку од ова време, некои се историја,

некои – само емоција. Ги чувам како што би ја чувала неа. Чепкам некој пат низ нив, за да

ја пронајдам во некој стих, збор или мирис.

ТЕАТАР: ВЛАСТА ГИ ОБЛЕКУВА И ГИ СОБЛЕКУВА АКТЕРИТЕ

КАКО САКА

Не одам во театар, зашто театарот е киднапиран. Актерите станаа костими на власта за

плата. Власта ги облекува и ги соблекува како сака. Тешко е да ги зачуваш своите жар,

страст, талент и знаење, негибнати и чисти денес. Да, верувам дека постојат многу актери

кои сè уште го можат тоа, но во контекстот на „гардероба“, јас како актер одбивам да висам

на чивилук или да бидам публика. Можам само да ги издвојам претставите на Унковски

(„Солун град на духови“ и „Ајнштајновите соништа“). Тие те враќаат на вистинските

вредности на актерот и актерската игра. А сите што навистина копнеат по исконската

невиност и искреност во театарот, ќе можат сè уште да ја видат и да ja доживеат на

Факултетот за драмски уметности. Испитните претстави на младите актери-студенти, кои

се обично на крајот од годината или на Академската сцена во текот на целата година, се

можеби последните искри на вистината на сцена. Вреди да се погледнат.

ПАТУВАЊЕ: СВЕТОТ Е ГОЛЕМО ОГЛЕДАЛО ВО КОЕ МОРАМЕ ДА

СЕ ВИДИМЕ СЕБЕСИ

Патувањата се најубавата работа што можат да му се случат на човекот. Да знае дека

Македонија не е крајот, почетокот или центарот на светот. Да може да си ја одмери силата

и моќта на перцепција во друг контекст и друга географија. Преку патувањата човек

најмногу учи за себе или како што мојот омилен филозоф Монтењ вели: „Патувањето низ

светот создава исклучителна јаснотија во просудувањата кај луѓето. Светот е едно големо

огледало во кое мораме да се видиме себеси, за да можеме да се знаеме себеси“. Затоа,

секогаш кога можам – патувам.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!