03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

и повеќе? Зошто не знаеме да сме задоволни од она што го

имаме, и во духовна и во материјална смисла? Партнерот го

озборуваме оти никогаш не е доволно добар за нас, родителите

ни се напорни, соседите биле прегласни, колегите биле

снобови, мајсторите од пред зграда нè нервираат... Очигледно

е дека и покрај целото изобилство ние денес сме претворени

во мрчатори кои го бараат зрнцето лошо во сè околу себе. Од

денеска вртам нов лист! Морам да го убијам перфекционистот

во мене и да научам да бидам благодарна на животот. Најпрвин

престанувам да се жалам дека дома не е доволно чисто според

моите критериуми, дека надвор општеството е лудо, дека

морето било загадено, а планината превисока... Можеби ќе ми

треба време, но ќе се обидам да ги совладам моите очекувања

дека сите околу мене треба да се слика на моите проекции за

тоа што е добро и што е правилно. Решавам да се опуштам и да

се релаксирам!

ПОНЕДЕЛНИК... Денеска тргнуваме на одмор! Спакував три

торби, од кои две беа со работи за „недај боже“. Резервни

чевли, резервни патики, апостолки да не се скинат другите пет

пара... лекови за болести што се добиваат дури на 70 години,

несесери со козметика за три животи... И тамам да излезам со

торбите од дома низ врата, ја перципирам фацата на мојот

партнер („партнер“ е ми се чини најдобра формулација за

сопругот кој и по речиси половина година брак не можам да

се навикнам да го викам никако поинаку освен „дечко ми“, не

оти така ми звучи свежо и кул по седум години врска, туку затоа

што веројатно одбивам да пораснам и да се помирам со клише

варијантата дека и јас се омажив, иако цел живот велев дека

не ми е важен формалниот потпис и дека љубовта е онаа што

го диктира темпото на вечноста, а не документите од Матично.

Но, нејсе, ете, не издржа срце јуначко, падна на романтика и на

потребата за сигурност и заедништво.) Значи, сакав да кажам,

тргнуваме на одмор и треба да сме позитивни и насмеани, а тој

се нервира за тоа што упорно не ми доаѓа памет со пакувањето

и што секој пат носиме повеќе од потребното. Другпат ќе се

објаснував на темата до сто и едно и назад, дека сè што носам

ми е потребно, да не ми се меша во мојот избор, како јас сум

таа што пакува, а тој само треба да излезе со рацете в џеб и

да вози... но денеска НЕ! Пред да почне непотребното трошење

нерви на двајцата, денеска решавам да пробам поинаку. Се

враќам назад, ги отворам куферите и вадам сè што реално

ми е вишок. Се чувствувам полесна, како пердув. Не заради

физичкото олеснување на тежината од моите куфери, туку

заради тоа што покажав дека со леснотија можам да направам

компромис и да се откажам од комфорот што ме прави сигурна.

Тргнуваме насмеани на пат и си правиме шеги на сметка на она

„Кој носи, не проси“. :)

ВТОРНИК... Љубојно нè пречека со сонце и ветер! Идеална

комбинација во лето. Надморската височина нè гали со своите

950 метри, сонцето е блиску, планината се прави важна, езерото

си мекнее, воздухот е чист, сè е зелено и мирно... Само јас сум

немирна. Станувам и наместо да го поздравам утрото со „Шавасан“

(јога-техника – поздрав на сонцето) правам список за тоа

што треба да купиме од храна за ручек. Секогаш сум еден чекор

понапред, наместо во мигот на „ОВДЕ и СЕГА“. Се фаќам себеси

со пенкало в рака среде природа и се свестувам дека ова не

е место за списоци, планирања и обврски. И наместо да го

вклучам лап-топот по стандардната утринска рутина, го ставам

чајот на шпорет и кревам нозе во вис. Лежалката ме дочекува

под гранката на оревот, како љубовница која сака да те прегрне.

СРЕДА... Одиме на плажа! Нашето куче Ада (двегодишна женка,

златна ретриверка) едвај чека да се фрли во вода. Обожава да

плива. Јас најпрвин ја перципирам структурата на луѓето на

плажата и нивните фаци, за да проверам дали се доволно dogfriendly,

за да ја пуштам подоцна слободно да прави што сака.

Уште еднаш се фаќам себеси во преголем обѕир кон другите.

Морам да ја научам тенката граница помеѓу преголемата

внимателност и љубезност и тоа да живееш за другите.

ЧЕТВРТОК... Денеска е ден за планина! Колку си погоре и

поблиску до небото, толку се чувствуваш поголем. Во градот

покрај спомениците и бетонските висококатници се чувствувам

мало и неугледно. Тука се чувствувам важно. :) Се искачувам

полека по планината, со надеж дека кондицијата добро ме

држи и со пркос дека човек секогаш треба да ги поместува

своите граници. Стигнуваме до врвот и чувството е божествено.

Го вадам телефонот да направиме едно „селфи“ и конечно

сфаќам дека не ми треба ни мобилниот, ни компјутерот, ни

музика, ништо... Доволен е џагорот на птиците и нивната песна

со која нè поздравуваа по патот исплетен со дрвја. Којзнае што

ли си зборуваат меѓу себе? :)

ПЕТОК... Ден за ништо! Има некои денови што едноставно се

создадени за „правење ништо“. Одамна сме заборавиле како

изгледа тоа да не правиш ништо цел ден. Лежење, шетање,

книга... Општеството со својата вртоглава брзина и челичен

притисок прави да се чувствуваме некорисни во ваквите денови.

Е, нема! За инает ќе докажам дека знам да бидам сама со себе,

без интернет-приклучоци, без обврски, без социјални мрежи,

без работа. Се задлабочувам во книгата што ја читам, легната

во зелениот рај, на тревата во дворот во Љубојно. Партнерот се

спружил на лежалката спроти мене и почнува да го чеша секое

место по телото. Тоа е тој синдром на отуѓеност со природата.

Мавта со рацете бркајќи комарци, а јас во меѓувреме му викам

да не ги убива бидејќи тој не им го дал животот (мисли дека

тотално сум забегала:)) и најпосле му велам дека инсектите

не се пријателски настроени со него, оти и тој се отуѓил од

природата. – Што е, да не ти недостига Скопје, го провоцирам.

– Не, само не очекував дека ќе треба цел ден да се борам со

комарците. Одам јас малку внатре на компјутер, вели. – Зависник

си од интернет штом не можеш неколку денови да издржиш без

цивилизациските придобивки. Јас сум „понатурале“ од тебе, се

смеам и му намигнувам. Поминува половина час, а тој се враќа,

ме прегрнува и ми вика: Ајде станувај, одиме на плажа, здодевно

е да се лежи на трева цел ден, особено кога жена ти не ти дава

да ја гушкаш, оти сакала да чита книга... Сега тој го возвраќа

ударот. :) На момент ми прави да почувствувам вина дека сум

го запоставила, за веќе во следната секунда да се сетам дека

денеска е ДЕН ЗА НИШТО! Играта меѓу нас продолжува... Кој

кого љубовно ќе надмудри, за никогаш да не ни е здодевно

нели, додека денот си врви полека и мирно и без нашите

љубовни тахикардии. Стигнуваме на плажа. Зајдисонцето е

магично. Езерото е како тепсија што ги вшмукала сите човечки

грижи. Бескраен мир. Хоризонтот се смее со боите на злато.

Го прегрнувам и му велам – Со тебе можам цел живот да го

поминам правејќи НИШТО!

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!