ПАТ 41-42
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ОД ДНЕВНИКОТ НА ОТЕЦ

АЛЕКСАНДАР ШМЕМАН

ПОДГОТВИЛ: ЈЕРОМОНАХ АТАНАСИЈ АРСОСКИ

+ ВТОРНИК, 12. ОКТОМВРИ 1976.

Состаноци, разговори, телефонски повици.

Уморен сум од постојано негодување, но еден факт е

навистина така:

невозможно е да се работи во овој непрестан притисок и

непрестајно брзање.

Студен, бистар и светол ден.

Изворот на лажната религија е неспособноста да

се радуваме или, поточно, одбивањето да се радуваме. А

радоста е апсолутна суштина, бидејќи, несомнено, таа е

плод на Божјото присуство. Човек не може да знае дека

Бог постои, а при тоа да не се радува. Стравот Божји и

смирението се здрави само кога се поврзани со таа

радост, и само тогаш се вистински и плодоносни. Надвор

од таа радост тие добиваат демонски карактер и стануваат

најдлабоко изопачување на кое било религиско искуство.

Религија на страв; религија на лажно смирение; религија

на вина. Сите тие се искушенија и замки – мошне силни

не само во светот, туку и во Црквата. „Религиозните“ луѓе

мошне често негуваат некаква сомничавост кон радоста.

Првиот и основен извор на сè се зборовите : „Се

радува мојата душа во Господа...“. Стравот од гревот не

спасува од гревот. Радоста во Господа спасува. Чувството

на вина или морализмот не ослободуваат од светот и од

неговите искушенија. Радоста е темел на слободата, врз кој

сме повикани да застанеме. Каде, како и кога ова станало

извртено и монотоно во Христијанството? Или, поточно,

каде, кога и зошто христијаните станале глуви за радоста?

Како, кога и зошто Црквата, наместо да ги ослободува

луѓето кои страдаат, почнала садистички да ги заплашува?

Луѓето непрестајно доаѓаат и прашуваат за

совет (денес од 07:30 наутро исповедам луѓе, и зборувам,

зборувам, зборувам; четворица луѓе со проблеми, а не

ги бројам оние закажани термини за подоцна). А некоја

слабост и лажен срам ме спречуваат да им кажам: „Немам

никаков совет за вас. Јас имам само слаба, кревка, но за

мене непрекината радост. Го сакате ли тоа?“. Не, не го

сакаат тоа. Тие сакаат да зборуваат за „проблеми“ и да

разговараат за „решенија“. Не, не постои поголема победа

на ѓаволот во светот од оваа „психологизирана“ религија.

Во психологијата има сè и сешто. Едно нешто кое во неа е

незамисливо и невозможно е радоста!

9