ПАТ 41-42
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ЃАКОН КИРЧЕ ТРАЈАНОВ

БОГОСЛОВСКАТА ПОЕТИКА

1

НА ЖИТИЕТО

1. ЖИТИЕТО КАКО СПОМЕН ЗА СВЕТИТЕЛИТЕ БОЖЈИ

Потребата да бидат запомнети Божјите дела произлегува од верата во нивното уникално значење за човековата

егзистенција. Бог не го „заборава“ човекот. Во библиската старозаветна традиција помнењето Божјо се поврзува со

вниманието со кое Бог се однесува кон своето создание, со силата на божествената промислителна љубов, преку

која Бог го „држи“ светот во постоење и му дава живот. Затоа, животот може да се нарече „престојување во Божјото

помнење“, а смртта „отпаѓање од Божјиот спомен“. На Божјото помнење човекот одговара со своето помнење на Бога

и Неговите дела. Ако Божјото помнење на човекот е дар на животот, тогаш човековото помнење на Бога е примање на

овој дар, односно учество во божествениот живот и надминување на човековата минливост и несовршеност. 2 Црквата

1 Изнесениве размислувања за житието, иако се однесуваат општо на житијниот жанр, сепак, првенствено се насочени кон класичниот облик на житието од византиската

хагиографија. Во самиот текст не се анализира посебноста на т.н. маченички сведоштва (маченички акти) кои го сочинуваат првиот слој на житијната литература.

2 Александар Шмеман, Евхаристија, Скопје 181-182.

26