МИРЕЛА МАКУРАТ (етнолог) КРСТОВДЕН - ПРАЗНИК НА ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст е еден од дванаeсетте најголеми христијански празници, востановен во 355 г. по изградбата на црквата „Христово Воскресение“ во Ерусалим 1 . Првично празникот посветен на Исусовиот Крст се славел еден ден после Велигден 2 , но набргу подоцна прославата била пренесена на 14 (27) септември. Со празникот се поврзани неколку настани: До IV век Црквата не знаела каде се наоѓа Чесниот 1 Премин, бр. 29-30, 2005, стр. 4. 2 Przybył Elżbieta, Prawosławie, Wydawnictwo Znak, Kraków, 2006, стр. 173. 20
и Животворен Крст Господов, зашто после распетието тој не бил сочуван. Кога Тит го зазел Ерусалим, тлото на градот било изменето и покриено со земја и затоа било многу тешко да се најдат местата кои биле поврзани со земниот живот на Господ Исус Христос. Пронаоѓањето на Крстот ѝ се припишува на царицата Елена, мајката на царот Константин. Историчарот Евсевиј, во своето дело за животот на Константин, зборува за видението кое царот го имал пред битката со Максенциј во 312 година. Благоверниот цар, на пладне, го видел на небото изобразен крстниот знак, кој сјаел со неискажлива светлина и на кој пишувало: „Со ова ќе победиш“ . Идната ноќ, на царот му се појавил Самиот Спасител со истото знамение што царот го видел минатиот ден на небото и му заповедал да направи сличен таков знак, кој спасоносно ќе ја предводи војската и со кој ќе ги победува непријателите (станува збор за Христограмот). Константин ја извојувал победата над Максенциј и со Христограмот победоносно влегол во Рим, кажувајќи му на израдуваниот народ дека тоа е спасоносниот знак, кој е чувар на Римската Империја. Во спомен на чудесниот настан, на победата, и во слава на Христа Вистинскиот Бог, Константин си подигнал статуа на која тој во десната рака го држи крстот. На статуата имало натпис кој велел: „Со овој спасоносен знак, кој е сведоштво за вистинската храброст, го ослободив вашиот град од јаремот на тиранското владеење, а на сенатот и народот римски им го вратив во слобода претходниот украс и сјај“. Тогаш е донесен и Миланскиот едикт (313 год.), со кој на христијанството му се дало потполна слобода. Едно од преданијата зборува за царицата Елена, која тргнала за Ерусалим со намера да го пронајде и да му се поклони на Крстот Христов. На Голгота таа пронашла пагански храм во чиишто темели се наоѓале трите крста: на Спасителот и на двајцата разбојници распнати заедно со Него. Но, таа не знаела кој е Христовиот Крст. Тогаш покрај царицата и крстовите поминувала погребна поворка. Царицата Елена, силно уверена дека мртовецот ќе воскресне доколку се допре до Христовиот Крст, ја застанала поворката и го положила мртовецот на трите крста. По Божја промисла мртовецот воскреснал на третиот Крст. Според друга верзија на преданието се работело за чудотворно исцеление на болна жена 3 . Мноштво народ се насобрал за да се поклони на Крстот Господов, а за да можат сите да го видат, ерусалимскиот архиереј го издигнал на високо место, по што сите пееле: „Господи, помилуј“. Така започнал празникот Воздвижение на Чесниот Крст. Тоа се случило приближно кон крајот на мај 326 година, а во 355 година била осветена црквата на Христово Воскресение и оттогаш Крстовден се слави на 14 (27) септември 4 . И до ден-денес се слави тој празник – на Крстовден свештеникот застанува со крст украсен со цвеќе на сред храм, а верниците му се поклонуваат на крстот и пејат по 40 пати „Господи, помилуј“. Исто, на тој ден се држи пост. Царицата Елена главниот дел од Чесното Дрво го оставила во Ерусалим, во црквата на Воскресението, а еден дел му испратила на својот син, царот Константин, во престолнината на Римското Царство. Во оваа прилика таа му ги испратила и клиновите со кои Господ бил прикован на Крстот. Тогаш царицата заповедала да се изградат цркви на христијанските свети места во Ерусалим, меѓу кои и во Гетсиманија на гробот на Пресвета Богородица. По враќањето на Елена во Византија, нејзиниот син, цар Константин, направил три големи крста, според тоа како му се јавувале во битките и заради кои тој ја примил христијанската вероисповед – првиот во Рим, вториот во Визант и третиот на реката Дунав. На крстовите со златни букви напишал: ИС ХС - НИ КА (Исус Христос победува) 5 . Вториот настан, поради кој се слави празникот Крстовден, се случил за време на владеењето на царот Ираклиј (610 – 6<strong>41</strong>). Во 614 година Персијците го зазеле 3 Smykowska Elżbieta, Zwyczaje i obrzędy prawosławne, Mały słownik, Verbinum, Warszawa, 2008, стр. 65. 4 Премин, бр. 29-30, 2005, стр. 7. 5 Исто. 21
- Page 2 and 3: НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВ
- Page 4 and 5: Годината што измин
- Page 6 and 7: Делото „Огледало“
- Page 8 and 9: ги прифатат и поддр
- Page 10 and 11: на слобода и заедни
- Page 12 and 13: + ЧЕТВРТОК, 23. ДЕКЕМ
- Page 14 and 15: во својата божеств
- Page 16 and 17: во кои живеел свето
- Page 18 and 19: од нас, туку од Него
- Page 20 and 21: остануваш без здив
- Page 24 and 25: Ерусалим и од таму
- Page 26 and 27: Nazarenus Rex Iudaeorum, хеб. Ye
- Page 28 and 29: ЃАКОН КИРЧЕ ТРАЈАН
- Page 30 and 31: простото пренесува
- Page 32 and 33: О. ГОРАН СТОЈЧЕВСКИ
- Page 34 and 35: која ја брка благод
- Page 36 and 37: СЛУЖБАТА НА ПРОСКО
- Page 38 and 39: и Небесната Литург
- Page 40 and 41: била на највисоко н
- Page 42 and 43: ИРИНА НИКОЛОВСКА П
- Page 44 and 45: воспоставување љуб
- Page 46 and 47: Истото се случува и
- Page 48 and 49: СОФИЈА КОЛУМЗИН Па
- Page 50 and 51: свое, не се срди, не
- Page 52 and 53: тело ги таи можност
- Page 54 and 55: Синот, Светиот Дух,
- Page 56 and 57: помеѓу универзално
- Page 58 and 59: ми велат дека попра
- Page 60 and 61: и просветление. Сек
- Page 62 and 63: ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦ
- Page 64 and 65: сам од себе; и сакаш
- Page 66 and 67: што се, заедно со се
- Page 68 and 69: апостол Павле, кој
- Page 70 and 71: Господи, помилуј! Х
- Page 72 and 73:
+ На 7. 12. 2016 година, в
- Page 74 and 75:
+ На 27. 09. 2016 година,