03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

била на највисоко ниво доколку можеле да обезбедат

храна за основно преживување.

Ете, во тој и таков „мир“ Господ Иисус Христос

дојде да живее меѓу луѓето. И повторно, не дојде да

донесе мир од војни и страданија, какви што ние со

нашиот овоземен човечки ум ги перцепираме, немањето

мир и несигурноста, туку дојде да ни го даде мирот

Божји. Тој мир Божји, кој секој човек, во кого е словото

Божјо, од неговото раѓање го има во себе, значи тој

мир го запретуваме со нашата падната природа. Токму

подигањето од таа падната природа треба да ни го даде

мирот Божји.

Схоластичко-философскиот пристап за обид да

се создаде „вечен мир“ на земјата е еднаков на побуна

против Бога и Царството Божјо, во кое вечноста и мирот

се во Христа Бога.

Ете, тука е и философскиот пристап кон „вечниот

мир“ на Кант, во кој тој пристапува кон прагматичната

политика на државите и нивното тежнение за создавање

на состојба на „меѓународен мир и безбедност“. Овој мир

е всушност мир во меѓународниот систем, во релациите

помеѓу државите и изменување на прагматичната

политика на државите како меѓународни субјекти,

во однос на ставот дека „војната е продолжување на

државната политика со други средства“ (Клаузевиц).

Всушност, неопходно е да напоменеме дека и во

безбедносната парадигма постојат два аспекта кои

се многу значајни. Прво, дека не постои стопостотна

безбедност, а аналогно на тоа не постои потполн мир

или „вечен мир“. Второ, односите во меѓународната

заедница или во меѓународниот систем се хаотични и не

постои меѓународна безбедност, бидејќи таа е синоним,

а во пракса постои интерес на државите за „национална

безбедност“.

Согласно со овие аспекти на безбедносната

парадигма, воочлива е неможноста од воспоставување

на траен, па дури ниту привремен или краткорочен мир

од аспект на човечката перцепција за мирот. Пред сѐ, од

прагматични причини и од човечка суета, топол или траен

мир за едни претставува немир, односно нарушување

на интересите на други. Поради тоа, човечкиот мир

е секогаш пред предизвик на различна перцепција

на добивка и загуба, а тоа во меѓународните односи е

еднакво на конфликт или во најмала рака оспорување.

Теориските расправи на Галтунг, за позитивниот

и негативниот мир, се однесуваат повторно на односите

во меѓународниот систем и поставуваат релација помеѓу

државите во услови на избегнување отворени воени

судири или односи на соработка и партнерство. Дури и

толкувањето на Галтунг во однос на внатрешниот мир

или неконфликтноста во самите држави, како резултат на

избегнувањето на структурните фактори кои влијаат врз

појавата на депримираност и отфрленост на поединците

и групите или нивна асимилација, не значи дека мирот е

обезбеден и загарантиран.

Во самото општество, врз чувството за

безбедност и мир, во овој случај како синоними на

сигурно живеење и воглавно „привид“, субјективно

чувство, влијае личната и јавната безбедност.

Токму во овој контекст се согледува разликата и

тоа дивергентниот дискурс на поимањето на човечкиот

мир и мирот Божји. Мирот Божји е состојба на нашата

духовна состојба. „Блажени се миротворците, зашто

тие ќе се наречат синови Божји!“ (Матеј 5-9). Ете го

словото Божјо кое зборува за миротворството, но не

за миротворството помеѓу државите и народите, иако

и тоа не е исклучено, туку за миротворците кои не

ги вознемируваат или возмутуваат човечките души.

Поголем немир од вознемирувањето на човечките

души не постои. Нарушувањето на мирот е состојба во

која непријателот на човечкиот род, внесувајќи немир,

создава состојба на возмутеност и попреченост во

нормалната перцепција и расудување кај секој човек. Во

овој контекст се создава состојба за дејствување против

спасението и вечниот живот на секоја личност.

Токму затоа Христос и на апостолите им

вели: „Мирот свој ви го давам“, мирот Божји кој е

предодреден за секој човек, всушност, истото тоа што

во Евангелието по Јован во главата 1 се вели за Словото,

бидејќи Словото-Логосот е во секој човек и мирот Божји

е во секој човек. „Проблемот“ настанува во нашата

перцепција, или поточно искривена перцепција, во која

врзувајќи се за овоземните состојби го перцепираме

мирот човечки како врвен дострел на благосостојба,

а всушност се работи само за надворешна перцепција

на привиден мир. Привиден мир бидејќи целиот свој

живот го поминуваме во немир, во постојано војување

со самите себеси и со нашата околина, поттикнувајќи го

душевниот немир и нарушувајќи го Божјиот мир.

Колку и да живееме успешно, во безопасно

опкружување по нашата физичка или материјална

сигурност, тоа не значи дека сме во мир. Тоа значи дека

нема видливи индикатори или конкретни физички закани

врз нас, но замислете, како што и на почетокот реков,

во времето кога Бог слезе на земјата и се отелотвори

во Христа Спасителот, колку ли луѓето беа изложени

на директни закани по својата безбедност. Сепак, тие

живееја, а подоцна и светите апостоли, маченици и сите

исповедници на Светата Христијанска вера продолжија

да живеат во небезбедно опкружување, а сепак беа

мирни.

38

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!