03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

храм, и (тоа значи) се вратила на паганскиот храм како

на своја религиска потврда. Протестантизмот бил обид

за спасување на верата, за прочистување на верата од

религиозното ограничување. Но, протестантите платиле

висока цена за порекнувањето на есхатологијата и

за заменување на есхатологијата со индивидуално

спасение, односно за суштинското негирање на Црквата.

Најголемиот анахронизам на природно ниво може да се

најде во Католичката Црква. Католицизмот бил возможен

само додека било можно да се негира и да се ограничува

слободата на личноста, која претставува основна

догма на модерното време. Додека се обидуваше да го

промени курсот и да се спои со слободата, Католицизмот

едноставно пропадна и не гледам како ќе биде можно

неговото оживување (освен ако светот не падне во рацете

на фашизмот, кој ќе ја порекнува експлозивната синтеза

на слободата и личноста).

„Луѓето кои искрено нè слушаат, не разбираат

што сакаме од нив“. Во крајна линија „ние“ (мала група) ја

посакуваме Црквата. Но во Христијанството, мошне долго,

немало искуство на Црквата; тоа е заменото со искуство

на храмот и со индивидуалната религија, а внатрешно е

лишено од верата, која е „темел на сè што се надеваме и

потврда на невидливото“ (Евр. 11, 1). На што се надеваме?

И што е тоа невидливо? Нешто божествено во нас, само

по себе, возвишено, нешто што доаѓа по овој живот, што

не е од овој свет, нешто што ни помага да живееме. Но

сето тоа, на крајот на краиштата, е прашање на вкус, на

индивидуален избор и на навика. А за вкусовите не се

дискутира.

Штотуку го прочитав повторно ова што сум го

напишал и сакам попрецизно да ги дефинирам верата,

Црквата и слободата. Се вели: „слобода за секого да има

своја вера...“. Добро, тогаш нека биде така. Религиозната

принуда на нечија совест е навистина најлошото нешто

што може да се случи. Велат: Прифати ја верата на Црквата

(и авторитетот на Црквата, и сл.). Не, тоа не е така, не може

така. Кога велам дека верата ја породува Црквата, јас

говорам за онтологија на верата, бидејќи верата и Црквата

не се две различни реалности, туку една со друга се чувар

и заштитник. Верата значи да се има Царството Небесно

(темелот на сè што се надеваме – и потврда на невидливото

– Царството Божјо). Имањето на тоа е Црквата како Света

Тајна, како единство, како нов живот. Црквата е присуство

на она на што се надеваме и на она што не го гледаме.

Затоа, да се зборува за некаква слобода на вера во

Црквата е бесмислено исто како да се зборува за слобода

во таблицата за множење. Прифаќањето на Царството

Божјо е плод на слободата, исполнување и крунисување

на слободата. Во таа смисла, како непрестајно обновувано

прифаќање, верата е слобода, и Црквата како таква мора

да биде исполнување на верата.

+ ЧЕТВРТОК, 29. АПРИЛ 1977.

Во врска со кризата на факултетот поврзана

со вработување, размислував: зошто луѓето толку често

едноставно го уништуваат својот живот, си штетат на

себе самите, како да се опседнати со некаква амор фати 1 .

Човек би помислил дека ќе ги чува простата себичност

и инстинктот за преживување, но изгледа дека и овој

инстинкт престанува да делува. Јасно се гледа некаков

вид на лудило и на страст за деструкција. Оваа страст е

„јас“, односно гордоста. Гордоста го преобразила ангелот

на светлината во ѓавол, а сега гордоста самата има моќ

да ги уништува луѓето. Затоа сè што е на каков било

начин, дури и во минимална мера, поврзано со гордоста,

поврзано е со ѓаволот и со ѓаволското. Религијата, исто

така, е веќе подготвен терен за делување на ѓаволските

сили. Сè, буквално сè во религијата е неодредено, а таа

неодреденост може да се избистри само со смирение, така

што целиот живот е или мора да биде насочен кон барање

на смирение. Знаци на смирение: радост! Гордоста ја

исклучува радоста. Потоа: едноставност, односно отсуство

на какво било свртување кон себеси. И на крај: доверба,

како главна водителка во животот, која може да се примени

на сè (чистота на срцето, кога човек може да Го види Бога).

Знаци на гордоста се: отсуство на радост, комплицираност

и страв. Сето ова може да се види секој ден, секој час, ако

човекот се набљудува себе и ако размислува за животот

околу себе.

Застрашувачко е да се мисли дека, во некоја

смисла, и Црквата живее со гордост: „права на црквите“,

„права на Екуменскиот трон“, „достоинство на Руската

црква“ итн., а и во морето на ископликуваната „духовност“

без радост и со страв. Тоа е непрестајно самоуништување.

Се обидуваме да ја заштитиме „Вистината“, се бориме со

нешто и за некого, а при тоа не разбираме дека Вистината

пребива и победува само таму каде што е жива: „...

смирени, бидете како робови“, и ќе ја имате радоста која

ослободува, и едноставноста во која смирението е светло

1

Amor fati е латинска поговорка, што во превод значи

„љубов кон судбината“. Во склоп на тоа спаѓа и љубов кон

неуспехот и страдањата, а затоа се употребува и во тој

контекст. (заб. на прев.)

11

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!