03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

на злото, за појавата на Антихристот, за

разрушувањето на овој свет. Неспорно е дека

преовладуваат песимистичките толкувања на

Апокалипсисот. Философијата на Апокалипсисот,

која е философија на историјата, нè води кон

следниот основен проблем. Можеме ли да го

разбираме Апокалипсисот како фатум, како

неизбежност на Божјата пресуда во однос на

човековите судбини, како одрекување на човековата

слобода? Сметам дека таквото фатално разбирање

на Апокалипсисот длабоко му противречи на

христијанството во неговиот вистински облик

- како религија на Богочовештвото. Конечната

судбина на човештвото зависи од Бога и од човекот.

Човековата судбина и човековото творештво

соучествуваат во приготвувањето на крајот,

кон крајот на тварта нè води богочовековиот

процес. Крајот на историјата и светот не само

што се извршува над човекот, туку се извршува

и од човекот. Човекот оди во средба кон Второто

Христово Пришествие и делата кои ги извршува,

актите на неговото слободно творештво го

подготвуваат Божјото Царство. Христос ќе дојде

во сила и слава при човештвото, кое се подготвува

за Неговото пришествие. Дејството на Бога кон

човештвото и светот не треба да го поимаме како

deus ex machinа. Односот кон крајот на светот не

треба просто да биде очекуван од човекот, туку

треба да биде и активност од страна на човекот,

негово творечко дело. Најмалку од сè може да се

оправда човековата пасивност, прекрстување на

рацете, оттргнување од секакво творештво на

основа на тоа дека се ближи катастрофата – крајот

на светот. Тоа е декадентно однесување, предавство

на задачата зададена пред човекот. Секој човек е

осуден на смрт, па во моментите на лошо здравје

и во поодмина возраст, тој можеби нема да ја има

пред себе перспективата на долговечноста. Но, од

личното есхатолошко сознание никако не следи

дека човек треба да се откаже од секаква активност

и од секое дело. Напротив, преку тоа сознание може

дури и да се наголеми творечката активност. Делата

кои се извршувани од човекот, немаат никаква

врска со тие космички и историски времиња, тие се

поврзани со егзистенцијалното време. Подеднакво

се лажни и идејата за нужен прогрес и идејата за

нужен регрес. Не постои ниту закон на прогрес

ниту закон на регрес. Тоа е продукт на лажниот

детерминистички светоглед, пренесување на

натуралистички категории во сферата на духот.

Проблемот на прогресот е проблем на духот, а не

проблем на природниот процес. Прогресот, односно

подобрувањето и издигнувањето е задача која е

поставена пред човековиот дух, а не закономерен

природен и историски процес. Во емпириската

историја подеднакво постојат и прогресивни и

регресивни процеси и нема неопходен закон,

преку кого еден од тие процеси треба да го победи

другиот. Теоријата на прогресот во XIX век, која

е превратена во своеобразна религија, е лажна

теорија и не соодветствува на стварноста. Но,

од тоа воопшто не произлегува правилноста на

реакционерските противници на прогресот.

Есхатолошкиот песимизам често е ползуван за

реакциски и античовечки цели. Во тоа се состои

одречната страна на апокалиптичките настроенија,

нивната декадентност. Затоа е неопходно да се

разобличи двосмисленоста. Нам ни велат дека

христијанската вистина, Божјото Царство на

земјата е неостварливо, дека не е можен никаков

прогрес, дека во светот нараснува единствено

злото, дека слободата раѓа саде зло. И ете, се задава

прашањето: зошто велат дека христијанската

вистина е неостварлива? Дали затоа што со болка

и тага ја осознаваат таа неостварливост, или

затоа што не го сакаат нејзиното остварување

и злорадуваат бидејќи таа не се остварува? Јас

сум убеден дека во основа, зад сите реакциски

настроенија, кои го определуваат есхатолошкиот

песимизам, лежи не-сакањето човекот да се двигне

нанапред и нагоре, во човековиот живот да има

поголема слобода, справедливост, човечност... Кога

55

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!