03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

од нас, туку од Него. А што е уште поважно, преку овие стихови се потенцира вечниот живот, чиј квалитет зависи од

нашата состојба што си ја креираме самите. Бог е Оној Кој само го потврдува нашиот избор: дали сме се одлучиле за

живот или за смрт.

Оваа тема, од различни аспекти, ја обработуваат и други бендови. Metallica 7 , преку песната Disposable heroes

(Херои за еднократна употреба), ја нагласува катастрофалната вистина дека војниците не се сметаат за конкретни

и неповторливи личности, туку се третираат како средства за постигнување на цел. Штом едно од тие средства ќе

биде уништено, тогаш на негово место доаѓа друго. За жал, оние кои ги водат војните како да не прават разлика

помеѓу оружјето и личноста која го носи, туку само ги интересира да ги има во доволен број на фронтот. Iron Maiden 8

во албумот A Matter of Life and Death 9 ја обработува проблематиката на војните, допирајќи го и едно од најголемите

лудила и безумија, а тоа е т.н. света војна, односно војна чиј повод и цел се базираат врз религиска припадност. Преку

реторичко прашање се констатира лицемерието како основен показател, но и причина за оваа бесмисла: Дали си човек

на мирот или човек на света војна? Толку многу варијанти има од тебе, така што веќе не знам која е вистинската 10 .

Преку заговарањето на војна во име на религијата, всушност, се врши едно од најголемите злоставувања врз човечката

душа. За да дојде до моментот некој да почне да убива во тоа име, неопходно е претходно да биде уверен во фактот

дека тоа ќе му подари вечен живот во мир и спокој! А доколку не отиде до таму работата, тогаш доволно е дури и

само кога религиската припадност се глорифицира до потребниот степен, на кој човек веќе е подготвен да застане во

оружена „одбрана“ на неговите религиски истомисленици. Во тој контекст, Megadeth 11 констатира и прашува: Брат

ќе убие брат, се пролева крв по земјата. Убивање за религија е нешто што јас не го разбирам. Прашај ги овците за

нивните верувања: дали вие убивате по Божја команда? 12 .

Опасноста од нуклеарна војна е сѐ поинтензивна во текот целата втора половина на 20 век, а ризикот од неа и од

катастрофалните последици што би се произвеле е актуелен и денес. Членовите на бендот Black Sabbath опоменуваат

на оваа опасност и, на крајот, есхатолошки ги резимираат последиците во песната Electric funeral (Електричен погреб):

Блесоци на небото претвараат куќи во кочини, а луѓето ги претвараат во глина... Згради се уриваат, земјината

кора пука, а реките се претвараат во крв. Земјата лежи на смртна постела... Натприродниот Цар ја става

земјата под Свое крило. Небесните златни хорови пеат, а ангелите на пеколот мавтаат со своите крилја. Злите

души паѓаат во пеколот, засекогаш во стапицата на ќелиите кои горат!

Свој придонес во револтот кон војните имаат и други бендови, помеѓу кои се: Deep Purple 13 со песната Child in

time (Поколенија) и Guns N’ Roses 14 со песната Civil war (Граѓанска војна).

БОГОБОРСТВО ИЛИ БОГОБАРАТЕЛСТВО?

Најголемата негативна критика кон метал–бендовите е филувана со обвинението дека тие, речиси, се

предводници на една просатанистичка кампања. И за тоа не се обвинети само оние кои навистина тоа го прават,

туку дури и овие бендови за кои стана збор до сега. За да се отфрли ова обвинение можеби би било доволно и само

она што погоре беше изложено за нивниот став во однос на војните, бидејќи во него веќе се препознава погледот

вперен кон Бога. Меѓутоа, тоа е само еден дел, затоа што кај овие бендови среќаваме богат материјал, исполнет со

барање на Бога, што всушност и ја покажува потрагата по вистинската смисла на нашето постоење. Тие тоа не го прават

секогаш на директен начин, иако има и такви примери. Сепак, треба да сфатиме дека не станува збор за црковни

проповедници, туку за музичари кои се трудат да навлезат во длабочината на човечкото постоење. Проблемот кај

критичарите веројатно настанува кога во песните ќе слушнат за ѓавол, смрт, пекол, уништување, зло итн. Поради тоа

7 Американски хеви метал бенд, формиран во 1981 година.

8 Англиски хеви метал бенд, формиран во 1975 година.

9 „Прашање на живот и смрт“.

10 Извадок од песната For the greater good of God од спомнатиот албум на Iron Maiden.

11 Американски хеви метал бенд, формиран во 1983 година.

12 Извадок од песната „Holy wars“ (Свети војни) на бендот Megadeth.

13 Англиски хард рок бенд, формиран во 1967 година.

14 Американски хард рок бенд, формиран во 1985 година.

16

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!