03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

СЛУЖБАТА НА

ПРОСКОМИДИЈАТА

Централниот дел на сцената во Проскомидијата е

претставен во главната ниша. Мртвото тело на Христос, како

евхаристичка жртва, е положено на камена плоча. Десната

рака е положена на абдоменот, а на Неговото тело јасно

се согледува раната од копјето со кое бил прободен, кое е

насликано подолу од десната страна. Над Него е насликана

претстава на ѕвезда која носи двојна симболика – ѕвездата

која се појавила пред Неговото раѓање и Крстот на кој ќе

биде распнат. Покрај ѕвездата, насликан е покров, кој на

жртвеникот на протезисот се става над путирот.

Службата ја водат тројца архиереи и еден ѓакон. Над

телото на Христос се претставени св. Петар Александриски

и архиѓакон Стефан, а останатите двајца архиереи, св.

Атанасиј Александриски и еден неидентификуван архиереј,

се претставени во тричетвртински став, свртени кон

претставите во централниот дела на нишата.

Веднаш до главата на Христос е претставен

Александрискиот Патријарх Петар, насликан со

препознатливата митра на главата. Во своите раце тој држи

отворен свиток испишан со зборовите на пророкот Исаија

(53:7) „Јако овча на заколение ведесја“ (Како овца Он беше

одведен на колење) 2 , кои се изговараат во моментот кога

просфората се прободува со копјето од десната страна

на печатот на просфората. Со пророчките зборови од

стихот се покажува Христовата добрина и доброволното

претрпување на страдањата. 3

Архиѓаконот Стефан е насликан во стоечки став

покрај Христовите нозе. Прикажан е со препознатливата

тонзура на главата, облечен во стихар и орар со испишан

текст на него „АГИОС“. Во својата десна рака држи

дарохранилница, а со левата кади со кадилница, што

го означува завршниот дел на чинот во протезисот.

Литургиските правила говорат дека овој чин се изведува

од страна на свештеник и ѓакон, што на соодветен начин е

предадено тука.

Оваа тематска целина е дополнета со св. Атанасиј

2 Целиот стих гласи; „Он беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја

не ја отвораше; како овца Он беше одведен на колење и како што е јагнето пред

стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја“.

3 Л. Мирковиќ, Православна литургика или наука за богослужението во

Православната Источна Црква, Втор посебен дел (Дневни богослуженија, св.

литургии и седмични богослуженија), Охрид, 2001, 99.

Велики, Патријарх на Александрија (328-373), кој е насликан

на северниот дел на протезисот, веднаш до нишата. Во

своите раце држи отворен свиток со почетните зборови на

молитвата на предложените дарови, која се изговара на

крајот на Службата на Проскомидијата: „Боже, Боже наш,

иже небесни хлеб....“. Преку оваа молитва свештеникот

Го моли Господ Бог да го благослови предложението

(приносот) и да го прими во својот Небесен Жртвеник. 4 Со

тоа ликовно се заокружува овој дел од Литургијата.

Употребата на визуелната автентичност при

сликањето на просторот на Проскомидијата упатува на

фактот кој јасно ја артикулира теолошката наобразба и

упатеноста на сликарите во литургиката и укажуваат на една

специфичност, карактеристична само за овој храм: сите

елементи на претставата во Проскомидијата се соединети

од познати делови во византиската уметност, но на начин

кој не е познат ниту во постарите примери ниту пак, ќе биде

повторен во подоцнежните.

Тука многу јасно се открива и друга врска/

димензија, имајќи го пред очи фактот дека Службата на

Проскомидијата се врши пред лицето на насликаната сцена.

Веродостојноста на насликаниот чин, визуелните елементи

кои кореспондираат со литургискиот акт, користените цитати

на свитоците на архиереите кои се составен дел од молитвите

кои ги произнесуваат свештениците, доловуваат моќен

впечаток на она што може да се нарече боговдахновеност

при изведувањето на чинот на преобразба на Литургијата во

слика.

4 Исто, 106.

34

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!