03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЛИЧНОСТА НА ВЕРОУЧИТЕЛОТ

За да може да се соочи со многу обесхрабрувачки

и, под влијание на човечкото „јас“, често уништувачки

искуства во поучување на децата, вероучителот мора

да има вера во себе и во сопствениот повик. Многу

интересно, ваквата верата самата по себе подразбира

длабока смиреност. Само смиреноста му дава на човекот

внатрешна сигурност. Не преценувајте ги сопствените

способности и прифатете го фактот дека не сте гениј.

Разберете дека е природно што нема да ве засакаат сите

деца, дека сите деца нема да бидат заинтересирани за

часовите што сте ги подготвиле онака

како што најдобро знаете. Смирението

ве чува од претераната вознемиреност

поради повремените неуспеси: „Кој

сум јас да бидам успешен? Должен сум

повторно да се трудам и да се обидам“.

Во исполнувањето на одговорностите

на вероучителот како раководител и во

одржувањето на дисциплината на час,

смирението ве штити од вашите акции

(или недостаток на акции), поттикнати

од фрустрирачкото и несигурно „јас“.

Вероучителот мора да биде свесен за

ограниченоста на своите контакти со детето во

училницата. Тој не може да „глуми психијатар“, бидејќи

не e стручен, ниту пак има неопходно знаење за

средината и за условите во кои живее детето. Неговиот

контакт со детето во црковното училиште и поврзаните

активности се само дел од целокупниот детски живот.

Вероучителот мора да се занимава внатре со тој мал

отсечок на детското искуство, користејќи ја најдобро

својата проникливост, за да ја разбере смислата и

причината за детското однесување (срамежливост

или пакосност, незаинтересираност или недостаток

на соработка), настојувајќи да најде најдобар пристап

во својата работа. Но, во сето тоа мора да биде свесен

за ограниченоста на својот домет. Со други зборови,

вероучителот не сме да „глуми Бог.“ Сепак, сите знаеме,

од нашето детство, како некој случаен збор или дејство

на вероучителот, некоја небитна случка, остава впечаток

кој се памети со години.

Вероучителот треба да биде свесен и за

сопствените таленти и за сопствените ограничувања.

Некои вероучители имаат природен дар

за проповед и на тој начин секогаш им

го задржуваат вниманието на своите

ученици; други, наспроти тоа, имаат

особена способност да ги поттикнуваат

децата да реагираат и потајно да ги

набљудуваат. Некои имаат особен

дар јасно да ги објаснат работите,

други имаат дар за уметност и музика.

Вероучителот мора секогаш да има

јасна претстава за своите способности и

да знае како да ги употребува.

Сите ќе се сложиме дека љубовта кон

децата е најважната особина кај вероучителот. Сепак,

важно е што подразбираме под поимот љубов. Љубовта

сигурно не значи чувство дека децата се „слатки“,

ниту пак „обожување на малите ангелчиња“. Исто

така, не значи дека сите деца треба да бидат сакани

подеднакво, бидејќи на човекот може повеќе да му

се допадне едно дете од друго. Повторно морам да се

вратам на дефиницијата за љубовта дадена во Првото

Послание до Коринтјаните: „Љубовта е великодушна,

полна со добрини, љубовта не завидува, љубовта не се

превознесува, не е горделива, не е непристојна, не бара

47

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!