03.08.2017 Views

ПАТ 41-42

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Да живееш според примерот и законот Христов

значи да живееш балансиран живот. Тука важно е да

се наведе дека балансот не претставува некаков вид

компромис меѓу доброто и злото. Тие се спротивни

категории кои не се надополнуваат. Злото нема свое

онтолошко постоење, претставува осуство на Бог, а се

пројавува како агресија врз доброто.

Тоа значи, ниту [I екстрем] личноста да се

„измачува“ со опсесивно избегнување на задоволството

(на пример: забавата, храната, алкохолот, благословените

сексуалните односи се благословени и дадени од Бога)

или пак, да се товари со нездраво, опсесивно чувство

на вина за секое непожелно чувство, мисла или дело во

животот, до степен и за најмала ситница (ова не значи да

се негира постоењето на гревот, колкава и да е неговата

„тежина“, туку да се замени невротично-опсесивниот

страв кон гревот и страстите, со став кој е свесен, совесен

и трезвен), ниту пак, да тоне во ниски страсти (како

еден супститут кој всушност го исполнува копнежот за

Бога, што сите го носиме во нас) што би ја водело кон

личносна, духовна и телесна регресија и страдание [II

екстрем], туку да го цениме и почитуваме сето она што

ни е дадено од Бога (затоа што сѐ што е добро е дадено

од Бога) и да го користиме на начин и до степен што е

полезен и корисен за нас [баланс]. Тука целта повторно

е добросостојбата на човекот во однос на неговото

телесно, психичко и духовно здравје.

Како што не можеме да негираме дека некои

нешта носат задоволство, така не можеме да кажеме

ни дека некои од нив не се штетни (некои и погубни)

за нас. Ова не значи дека и секое задоволство во

животот е штетно и треба да го избегнуваме (некои

луѓе имаат погрешно уверување со кое еднозначно го

поврзуваат задоволството со гревот, така што на некој

начин се плашат од задоволствата и ги избегнуваат).

Поексплицитен пример, пак, за штетноста (каде и треба

да се плашиме за нашето здравје и за целокупната

состојба) е употребата на дрогата. Не може да се негира

дека предизвикува возвишено телесно задоволство, но

дали тоа задоволство води кон развој? Последиците

од користењето, за жал, се сериозно штетни и погубни

за целокупната личност, и не само за личноста која е

зависник, туку и за нејзините најблиски.

Она што го потврдува и науката (поточно

психологијата) , е дека страстите не само што не водат кон

развој, туку и ја заробуваат слободата на човекот. Кога

личноста не го добива она од што е зависна, таа страда.

Нејзината енергија ја одзема страсната желба, која пак,

може да ја насочиме кон нешто корисно и душеполезно

за себе или за ближните. Ретки се оние страсти и

зависности кои се оправдани и значајни за развојот на

личноста. Таква оправдана зависност е зависноста на

малото дете од родителска нега и љубов. Поголемиот

дел од страстите и зависностите (од материјална или

психолошка природа) ја скратуваат независноста и

слободата на личноста.

Тенкиот мраз околу разобличувањето на ова

верување е што ние би можеле да се вплеткаме во

неполезни жолчни дискусии, морални дилеми и

прашања кои се раѓаат од оваа тема доколку суштината

која ја бараме не е, повторно, љубовта. Значајно е да

знаеме дека сè што е потребно е да бидеме отворени

за Христос во срцето, Кој ја гледа во нас намерата. Бог

нè љуби безусловно и ни проштева за сите наши гревови

доколку искрено се покаеме. Бог не е дежурен полицаец

Кој нè наградува и нѐ казнува за секое наше дело.

Ваквата идеја за Бога е сосем погрешна и верата во ваков

Бог е празна. За правилно да ја разбереме љубовта, од

исклучително значење е и да го разбереме и тоа. Ние

сме спасени по Божја милост, а не по „заслуга“ или

поради нашето „трчање по перфекционизам“.

ДЕЛАТА НА ХРИСТИЈАНИТЕ И

ЦРКОВНОСЛУЖИТЕЛИТЕ СЕ КРИТЕРИУМ ЗА ТОА

ШТО ПРЕТСТАВУВА ХРИСТИЈАНСТВОТО И КАКВИ СЕ

НЕГОВИТЕ ВРЕДНОСТИ.

Со оваа предрасуда се прави погрешно

поистоветување на Бога и на Божјите вредности

со личноста и делата на црковнослужителите и на

христијаните. Улогата на службеното свештенство е да

Му служи на Бога и на Божјиот народ, за да го поучи на

патот кон спасението и за сведочење на Божјото Царство

овде на земјата. Тоа ја прави нивната одговорност голема

и значајна за Црквата. Сепак, издигнувањето на личноста

на христијаните и свештенството на ниво на Христос

погрешно нѐ наведува кон култ и еден вид обожување

на нивната личност (што наликува на еден гуруистички

пристап кој е спротивен на православниот пристап, кој

е Христоцентричен, а не човекоцентричен), или пак,

кон разочарување и отфрлање на Христос поради некои

евентуално негативни искуства и примери.

За луѓето, исто така, карактеристична е

склоноста кон предимензионирање на нештата кои се

случуваат, спротивно на општите очекувања. На пример,

во случаите на семејно насилство најчесто жртви се

жените (повеќе од 90 %), и запознавањето со ваквиот

факт нѐ наведува да очекуваме дека само жените се тие

кои се жртви на оваа страшна појава. Така, доколку се

случи мажот да стане жртва од страна на жена, луѓето

се склони да го преувеличуваат ова, да го занемаруваат

фактот на процентуалната застапеност и реткиот пример

да го заменат со генерализација, поради тоа што

информацијата содржи еден квалитет на „атрактивност“.

43

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!