04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

штите и посебните узанси ги донесува

Стопанската комора. Меѓутоа, досега

такви узанси не се донесени, а порано се

применуваа во градежништвото посебните

узанси за градежништвото (Службен

лист на СФРЈ бр. 18/1977) каде се вели

дека изведените работи се плаќаат врз

основа на привремени ситуации и окон -

чана ситуација.

6. Привремена ситуација се испоставува

врз основа на изведените количества

на договорени работи и договорени цени.

Во Законот за градење (Службен весник

на РМ бр. 59/11) е предвидена обврска

на изведувачот да води градежен дневник

и градежна книга, а формата и содржината

ги пропишува надлежен министер,

член 29.

При вака уредени правни односи во

градежништвото, иако во договорот за

градење договорните страни предвиделе

плаќањето да се врши со времени ситуации,

а извршените работи да произлегуваат

од градежниот дневник и градежна

книга, тоа да е потврдено од ов ластени

лица со потписи, исполнети се условите

на времената ситуација да ѝ се даде статус

на веродостојна исправа во категорија

извод од заверени деловни книги и

да се донесе решение за дозвола за извршување.

Градежниот дневник и градежната

книга и заверената времена ситуација

се категорија на трговски книги.

7. Одлуките за плаќање девиденда

кои ги донесуваат органите на трговските

друштва може да претставуваат

веродостојни исправи во постапка за

донесување решение за дозвола за извршување

под определени услови. Име -

но, согласно одредбите од членовите од

487 до 490 од ЗТД е уредено дека собирот

на содружниците, односно собранието

на акционерите може да донесе одлука

на содружниците и акционерите да им

исплати девиденда ако постои добивка

за распределба. Со одлуката се определува

износот на девидентата и планот за

исплата во определени рокови.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

Ако девидендата не се плати, содружникот,

односно акционерот, може одлуката

да ја употреби како веродостојна

исправа. Одлуката треба да ги содржи

сите елементи кои се бараат за ваква исправа

донесена од овластен орган, кои се

имателите на правата, висината на побарувањето

и времето на втасаноста.

8. Постојат прашања од нотарите дали

полиса за осигурување може да се третира

како веродостојна исправа да се

донесе решение за дозвола за извршување.

Полисата како писмена исправа е

уредена во облигационото право кај договорите

за осигурување на имот, одговорност

и слично, членовите 958, 959 до 1012

од ЗОО. Во полисата мора да бидат наведени

договорните страни, осигурениот

предмет, односно осигуреното лице, тра -

ење на осигурувањето, периодот на покритие,

сумата на осигурување, премијата

или придонесот, датумот на издавање и

потписите на договорните странки.

Плаќањето на премијата и обврс ките

кои произлегуваат од договорот за осигурување

може да создат ситуација ако

осигуреникот не го плати паричниот износ

навреме, полисата да се користи како

веродостојна исправа. Како и сите веродостојни

исправи, нотарот тре ба да ја оцени

и ако таа ги содржи сите битни елементи,

може да ја прифати и да донесе решение

за дозвола на извршување.

Полисата ќе се третира како извод од

деловни книги во осигурителни друштва

со потписи на договорните странки.

9. Во постапка за протестирање на меница

како исправа, поради неплаќање

од корисникот, се поставило прашањето

дали таа е исправно пополнета ако авалистите

се потпишани на задната страна

со изразот „како авалисти за...“.

Во одговор на ова прашање и толкува -

њето, треба да се каже дека авалот претставува

гаранција на трасирана или

сопствена меница за целата менична

сума или за определен дел. Авал може да

даде секое трето лице, други и некој од

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 11

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!